25 работи забранети во Северна Кореја

Диктаторскиот режим на контроверзниот лидер на Северна Кореја Ким Јонг Ун прилично ги ограничува животите на граѓаните.
Покрај поседувањето на Библијата и верата во Бога во Северна Кореја се забранети уште многу други работи, како на пример Северна Кореја да се нарече Северната Кореја. Ова е листата на 25 работи забранети од режимот на Ким Јонг Ун.

1. Вера во Бог- Пред 4 години 80 Христијани јавно стенкале поради тоа што поседувале Библија.
2.Забрането е да не се гласа. Секако се гласа за единствената опција.
3. Носење тексас – џинс. Поради тоа што тој се поврзува со најголемиот непријател на С. Кореја - САД.
4. Гледање на погрешни тв канали. Доволен е само државниот канал кој емитува пропаганда.
5. Бегање од затвор. Ова секако е забрането на секаде во светот, но ако го сторите во Северна Кореја сте ги осудиле вашите четири следни генерации на казна која ќе им ја одреди државата.
6. Читање на книги.
7. Правење на грешки. Неодамна еден уредник бил погубен поради тоа што направил правописна грешка.
8. Сурфање на интернет. Дозволени се само одредени сајтови.
9. Консумирање алкохол. Дозволен е само во одредени денови.
10 „Чирокана“- постојат 28 одредени стилови на фризура кои се дозволени за носење.
11. Излегувањето од земјата. Доколку некој побегне и биде пронајден, го враќаат во земјата и го погубуваат, можеби и целото семејство на бегалецот.
12. Живот во главниот град. Само на одредени луѓе им е дозволено да живеат во Пјонгјанг, секако тоа се луѓето од власта.
13. Порнографија. Пратење и гледање на вакви содржини значи директна егзекуција.
14. Прашањето кога е роден Ким?
15. Северна Кореја да се нарече Северната Кореја.
16. Фотографирање- важи за туристите. Одредени денови е дозволено да се фотографираат некои места.
17. Возење, генерално во Северна Кореја нема многу автомобили, околу 1 на илјада жители во просек. 
18. Сарказам, а често и хумор.
19. Критика на власта , обезбедува „карта“ за рајот.
20. Потценување на Ким, дозволено е само обожување.
21. Меѓународни повици, кој и да се обидел да стапи во контакт со родините во Јужна Кореја  бил убиен.
22. Да се има свој став и мислење, всушност дозволено е само ако е во склад со ставот на власта.
23. Ајфон, Андроид, ПЦ...
24. Слушање на музика , дозволена е само музиката одбрана од режимот.
25. Симнување на пропагандните постери.

Син на милијардер осуден за монструозно убиство

Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.

Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.

Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “  , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.

Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.

Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.

Современа блогерка живее гола во џунгла

Австралиската блогерка позната под името ,,Банана девојка”реши да избега од цивилизацијата .

Фрили заедно со нејзиниот дечко заминаа во џунгла во Јужна Америка , каде секојдневно објавува постови на Инстаграм во кои нејзините фанови ги учи на здрав живот. Таа вели дека престанала да се шминка и да се депилира и заштедила за шест месеци 4 000 долари.

Таа е позната по советите за веганска исхрана , за состојките за смути , а сега објаснува како е да се биде гола во природа. Таа на своите фанови , кои и замеруваат што е гола на секоја фотографија им одговара дека и натаму ќе се слика гола , зашто не носи гардероба , обувки , не се шминка . ,, Да , гола сум во шума . Сега се чуствувам добро . “ , вели блогерката .

Оваа 37 годишна Австралијка вели дека избергала од животот од девет до 17 часот и дека телото сега и се чуствува ослободено . Се капи во монсубнските дождови и пие вода од извор , вели ,,Банана девојката “, која на социјалните мрежи освен  рецепти за здрава исхрана како досега , споделува и совети за преживување во дивина.

Атрактивна Косовка го запали асфалтот во Њујорк (ФОТО)

Пејачката од Косово , Дуа Липа на улиците на Њујорк се појави во фустан под кој не носеше ништо.

Пејачката Дуа Липа се појави во Њујорк во фустан на точки под кој не носи ништо. Таа стана позната во светските таблоиди по скандалот со дечкото Исак Кареу , кој и покрај фотографиите , тврдеше дека не ја изневерува . Дуа му поверува на збор и продолжи со врската.

За да го прослават смирувањето , во средата двојката беше дел од забавата на списанието W во Њујорк. Но , таму никој не го забвележа пејачот , зашт очите беа вперени во Дуа , која имаше голем изрез на фустанот , под кој не носеше ништо.

Фотографите внимаваа на секое нејзино движење , па далеку помалку забвележани од фусдтанот поминаа жолтата беретка и високите сандали.

притисни ентер