МНР: Јасна поддршка за новата реформска Влада од Обединетото Кралство и Северна Ирска

Исполнетата дводневна агенда на министерот за надворешни работи Никола Димитров во Лондон резултираше со позитивна порака на поддршка за реформските процеси на Владата, а со потпишување на Заедничката изјава за партнерство и соработка меѓу двете земји Македонија ја потврди својата определба за членство во НАТО и ЕУ, информира МНР.
- Низ многубројните средби на македонската делегација со значајни политички актери на Обединетото Кралство, Македонија доби признание за вистинската насока на земјата, меѓу кои министерот за Европа сер Алан Данкан, членовите на Комитетот за надворешни работи на Горниот дом на Парламентот, како и од лабуристичкиот министер „во сенка“ за одбрана и надворешни работи и комонвелт Фабиан Хамилтон, наведува МНР во соопштението.

Министерот Димитров, исто така, имал средба и со претставниците на дијаспората на Република Македонија во Обединетото Кралство, на свечен прием организиран од Македонската амбасада во Лондон по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија. /МИА

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер