Кампањата „Јас внимавам“ фокусирана на „брзината пропишана на сообраќајните знаци на патот“

Под мотото „Возам според брзината пропишана на сообраќајните знаци на патот“ кампањата на компанијата ОКТА за безбедност во сообраќајот „Јас внимавам“ ќе ги продолжи своите активности и овој месец за поголема безбедност во сообраќајот.
Кампањата во септември поддршка доби од актерот Сашко Коцев, кој во наредниот период ќе ги промовира нејзините активности и со тоа ќе влијае врз поголема безбедност во сообраќајот.

Според податоците од МВР, во 2016 година се случиле 820 незгоди со потешки последици заради возење со брзина поголема од дозволената и неприлагодена на условите на патот. За апелирање и зголемување на свесноста за почитување на ова правило беа спроведени редовни контроли на возилата на автопатот во правец од Скопје кон Тетово, со што совесните возачи кои беа сопирани по случаен избор и каде што беше констатирано возење со соодветна брзина, беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА.


Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер