55 загинати од „Ирма“

Како последица од ураганот „Ирма“ досега на Флорида загинаа 12 лица, со што билансот на жртви се искачи на 55.

Портпаролот на гувернерот на Флорида, Мекинли Луис, наведе дека шест лица загинале во сообраќајни несреќи, четворица при подготовките за невремето, едно лице загинало од струен удар, додека друго од срцев удар.

Во Јужна Каролина загинаа четири лица, а во Џорџија две.

Според официјалните податоци, на карипските острови загинаа 37 лица.

Бабовски: До крај на јули може да се аплицира за добивање субвенции за земјоделството по Програма 2020 година

Почна аплицирањето за добивање субвенции за земјоделството, а крајниот рок за доставување на барањата е до 31- ви јули 2020 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски појаснува дека во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади.

– Исто така до крај на месецот барање за добивање на финансиска поддршка може да достават и сите кои се занимаваат со сточарско производство, односно, одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи а може да се аплицира и за финансиска поддршка за заклани животни во кланица, потенцира Бабовски.

Барањата за добивање на финансиска поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите со регистрирање во системот на веб страна на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk. Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при создавање на електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство.

Директорот Бабовски, апелира при барање на помош од страна на вработените во Подрачните единици, барателите да користат заштитни маски и средства за дизинфекција, се со цел превенција и заштита од вирусот „COVID 19". Апликантите, подвлекува Бабовски, пред да ги потпишат поднесените барања, да направат проверка, дали сите мерки и култури им се впишани. Доколку апликантите увидат дека направиле пропуст или пак внеле погрешни податоци или увидат потреба од измена заради не соодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да ги изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето."

Според него, како и досега, пари за субвенции за земјоделетвото има. На сите кои ги исполнуваат условите за користење на оваа поддршка, а согласно календарот за исплати во еден ден и без селекција им се исплаќаат парите.

– Така ќе продолжиме и во иднина. Агенцијата, заедно со МЗШВ и Владата, како и досега и во иднина ќе продолжи да креира мерки со кои директно ќе влијаеме во развој и модернизирање на домашниот агро сектор а со тоа и на намалување на производните трошоци и зголемување на домашно произведени земјоделски производи, директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Јован Митрески од Струга: Инвестициите во младите, се инвестиции во нашата иднина

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Ко-носителот на листа во изборната единица пет - Јован Митрески оствари средба со младите во Струга и притоа ги презентираше мерките за поддршка на млади кои владата предводена од СДСМ ги презема во изминатиот период за поддршка и стимул на младинското вработување, младинскиот додаток и разввојот на претприемаштвото.

Младите се движечка сила во ова општество. Јас јасно ги разбирам нивните проблеми и предизвици во сите области. До сега направивме напори да ги направиме младите приоритет во ова општество

Од сега треба секој од Вас да го даде својот влог и младите да бидат тие кои ќе ги креираат политиките и на национално и на локално ниво.

Младите се приоритет на оваа влади и ќе останат да бидат.

Секој од Вас е важен во развојот на нашата земја затоа се гради држава во која младите ќе остануваат, ќе придонесуваат и ќе напредуваат.

На младите им се даде приоритет, место да се изразат, можност да бидат дел од креирањето политики и ова не застанува тука, рече Митрески.

Колев: Ги повикувам Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. 

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) ги повикува кандидатите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да го следат примерот на нашите кандидати и доброволно да се откажат од износот над 14.500 денари од пратеничките плати и сите останати финансиски поволности што ќе им следуваат на избраните функционери во Собранието во следните 4 години. Македонија се наоѓа пред огромна финансиска бездна како последица на разурнувачките ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата на КОВИД 19, но и поради погрешните политики за државно менаџирање токму од овие големи партии во изминатите 30 години.

„Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. Нашиот впечаток е дека токму т.н. “големи” партии, чии дејци остварија најмногу корист од уживањето во власта, треба и да бидат први што ќе ни се приклучат. Во овие партии има кандидати кои имаат успешни бизниси кои може да им обезбедат егзистенција во следните 4 години, и тоа се лица кои нема да зависат од пратеничката плата. Очекував и дека со личен пример веднаш по мене ќе се појават и Заев, Мицковски и Ахмети за да покажат дека растат како политичари, независно од тоа дали ќе се откажат од пратеничка или премиерска плата. Но, за жал, по мојата прес конференција следи молк“, изјави претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев.

ГДУ смета дека за Македонија следат години во кои избраните функционери треба да демонстрираат штедливост и домаќинско однесување.

„Ако граѓаните ни ги плаќаат трошоците за изборните кампањи, не гледам причина зошто и ние да не им возвратиме. На Македонија и се потребни нов тип на политичари, индивидуалци кои се подготвени преку Собранието да помогнат македонската економија навистина да заздравее, а македонскиот Буџет да се врати во некоја понормална кондиција со цел да се намалат и кредитните позајмувања во следните години. Затоа сметаме дека секој оној кандидат што ќе се откаже од можностите за лично богатење преку Собранието заслужува да биде пратеник“, вели Колев.

ГДУ сака да потенцира дека иако парите што би ги заштедиле пратениците се само капка во морето, финансиските параметри покажуваат дека потребно е штедење на секое ниво. Македонија секоја година добива нов и повисок мегаломанскиот Буџет, а само за пример, од почетокот на пандемијата, и јавниот долг на Македонија го зголемија за 1,2 милијарди евра. Од нив ќе вратат стари долгови од 700 милиони евра, но, на крајот сепак ќе завршиме со јавен долг повисок за најмалку половина милијарда евра.

притисни ентер