Пожарот во Кондово ставен под контрола

Пожарот кој вчеравечер го зафати просторот во близина на селото Кондово во Општина Сарај е ставен под контрола.
Куќите во село Кондово се надвор од опасност да бидат зафатени од огнот, информираат од Градот Скопје.

Екипите на Противпожарната бригада на Скопје ќе интервенираат на терен до целосното гаснење на пожарот.

Како што соопштија од Град Скопје, во текот на ноќта на терен биле излезени повеќе од 40 пожарникари и возила од Противпожарната бригада на Скопје, како и голем број  луѓе и механизација од јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Околу селото веднаш е направен заштитен појас за да се спречи ширењето на огнот. /МИА

Прелиминарно распределени автобуски линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници

Министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година со која за меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, една е делумно одобрена, а 13 се одбиени.

 За меѓународен превоз на патници, пак, се одобрени 35 апликации, три се делумно одобрени, а 27 се одбиени.

Ресорното Министерство денеска соопшти дека биле поднесени 91 апликација  за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници.

- Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред, соопшти 

Прелиминарните листи може да се најдат на веб страната на министерството за транспорт и врски на следниот линк: http://mtc.gov.mk/preliminarna-raspredelba-na-avtobuski-linii-za-2018-godina-.

Голем пожар во депонијата „Мегленци“

Голем пожар од вчера гори на депонијата „Мегленци“ во Новаци. Од општина Битола информираат дека пожарот од утрово е ставен под контрола и дека на терен се сите надлежни институции.

„По пријавата на вработените дека во депонијата ‘Мегленци’ има пожар, екипи на ЈП ‘Комуналец’ веднаш реагирале на терен за да се спречи натамошното ширење и да се локализира пожарот. За таа цел веднаш биле известени сите надлежни институции, а биле повикани на помош и екипи од РЕК ‘Битола’ и општина новаци, на чија територија се наоѓа депонијата“, велат од општината.

Поради топлото време, пожарот зафатил големи површини и се проширил во вечерните часови, но тој веќе е ставен под контрола. Случајот е пријавен и во СВР Битола, но засега не се знае кои се причините за опожарувањето на депонијата.

„Жаба“ на Јукиќ најдобар филм, „Златна арена“ и за режија

 На годинашниот 65. Филмски фестивал во Пула, Хрватска, „Жаба“ во режија на Елмир Јукиќ освои „Златна арена“ за најдобар филм и „Златна арена“ за режија.

Филмот  ја доби и главната награда од Федерацијата на филмсклите критичари на Европа и Медитеранот - ФЕДОРА.

Фестивалот на „Жаба“ и го додели и признанието за Најдобра малцинска копродукција.

„Жаба“ зборува за посттрауматските состојби и безнадежноста, за силата потребна за да се надминат пречките кои животот ги поставува и за постигнување среќа во секојдневниот живот со помош на малите нешта.

Сценариото го напишаа Пјер Жалица и Елмир Јукуќ, а базира на истоимената театарска претстава по текст на Дубравко Михановиќ.  Кинематографер на филмот е Дејан Димески, а снимател на звук  е Игор Поповски. Улогите ги толкуваат: Емир Хаџихафизбеговиќ, Александар Сексан, Мирсад Тука, Моамер Касумовиќ.

„Жаба“ е копродукција на Рефреш Продукција од БиХ, Скопје Филм Студио, Пропелер Филм Хрватска и Ливинг Пикчрс Србија. Филмот беше поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, националните фондови на земјите копродуценти и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.

Претставата е регионален хит и во текот на изминатите десетина години е одиграна над 260 пати. 

притисни ентер