Шеснаесет години Охридски рамковен договор

Денеска се одбележуваат 16 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, со кој се стави крај на воениот конфликт во Македонија во 2001 година и се постави рамка за меѓуетнички соживот.
Преговорите, почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Потписници на договорот, во својство на гаранти, беа и специјалните претставници на ЕУ и САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју, кои учествуваа во преговорите. Покрај потписниците во разговорите учествуваа и Хавиер Солана, тогашен висок претставник на ЕУ за безбедносна и надворешна политика и Питер Фејт, претставник на САД, како и повеќе правни експерти, меѓу кои професорите Владо Поповски и Љубомир Фрчковски.

По повод 16-годишнината од потпишувањето на договорот, под покровителство на заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем Хазби Лика и претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери вечер во Скопје ќе се одржи свеченост. /МИА

Индонезија: Силувана малолетничка осудена е на затвор поради абортус

Индонезијка, девојче од 15 години кое ја силувал нејзиниот брат осудена е на шест месеци затвор поради абортус.

Заменикот на шефот на полицијата во местото Батангари во провинцијата Џамби изјави дека девојчето и нејзиниот брат се осудени во четвртокот.

Братот, момче на возраст од 18 години, осуден е на две години затвор поради сексуален престап со малолетник.

Обвинителите барале година дена затвор за девојчето и седум години за нејзиниот брат.

На судот е речено дека девојчето е силувано осум пати од септември.

Во мај локалните жители го пронашле фетусот во близина на плантажата за палма.

Нејзината мајка е обвинета за помагање во абортусот.

Украдени пари од црква во тетовско Радиовце

Непознат сторител ноќеска украл 2.000 денари од црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце. 

Како што информираат од МВР, во полиција денеска било пријавено дека непознатиот сторител откако скршил прозорец влегол внатре и од шкаф наменет за чување на дарови од верниците одзел 2.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. /МИА

На „Богородица“ се чека 10-тина минути за влез и излез од државава

На граничниот премин Богородица во моментов нема поголема гужва за влез и излез од земјава и сите процедури се завршуваат за 10-тина минути.

Како што информираат од Дежурната служба на граничниот премин Богородица, поголема гужва имало во утринските часови, заклучно со 10:30 часот, кога се чекало по триесетина минути.

Тоа, како што велат, е вообичаено за периодот на летните одмори. /МИА

притисни ентер