Напад во Ерусалим: Три лица ранети, напаѓачите ликвидирани (видео)

Тројца напаѓачи отвориле оган во близина на Ридот на храмовите во Ерусалим, ранувајќи тројца Израелци, од кои двајца се во критична состојба.
Обезбедувачите на локалитетот ги убиле напаѓачите, соопшти полицијата.

Како што соопшти Маген Дејвид Адом од израелската итна помош, двајца Израелци се борат за живот.

Израелската полиција соопшти дека поради нападот, муслиманската молитва која се одржува во петок нема да биде одржана во џамијата „Ал Акса“.

НФФ бара откупната цена на пченицата да биде 12 денари

 Националната федерација на фармери (НФФ) бара минималната откупна цена на пченицата да биде 12 денари по килограм.

И договорите во кои ќе биде пишана и цената и рокот на плаќање да се склучат пред жетвата, согласно Законот за земјоделство и рурален развој, како и државата да спроведе интервентен откуп на пченицата на 1 јули кога започнува жетвата.

Како што посочуваат од НФФ, нивната анализа покажала дека производната цена на пченицата за 2018 година изнесува околу 12 денари по килограм, а врз неа големо влијание имало поскапувањето на нафтата што, како што велат, повлече поскапување на сите репроматеријали.

- Во моментов земјоделците укажуваат дека квалитетот на пченицата е добар, а пролетните дождови позитивно влијаат врз родот и квлитетот. Од друга страна, загрижува информацијата дадена од млинарите дека нема да спроведат откуп на пченица доколку не се врати стариот Правилник за маркици за увозно брашно. Според земјоделците, ова е можна манипулација за повторно да се откупи пченицата по пониска цена од седум до 10 денари по килограм, како во минатите години, иако производната цена расте и се движи од девет до 12 денари по килограм, велат од НФФ.

Нагласуваат дека интервентниот откуп на пченица од домашно производство е законска одредба за пченицата која е стратешки производ во државата.

- Според Законот за земјоделство и рурален развој минималната количина која може да биде понудена од еден откупувач е 10.000 килограми, а максималната 50.000 килограми пченица, велат од НФФ.

Потсетуваат дека лани Владата на Србија донесе одлука на 27 јуни да започне интервентен откуп на пченица за државни стоковни резеврви со одредена цена и со рок на плаќање за 15 дена и инсистираат ваква пракса да се спроведе и во Македонија.

Според информациите на НФФ од терен, површините со пченица се намалуваат, бидејќи трошоците за производство се зголемуваат, а откупните цени се намалуваат. Годинава се очекува родот на пченица да биде над 200.000 тони.

Националната федерација на фармери преку допис од пред еден месец побара од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да ја свика Потсекторската група за жито и на заедничка маса да се разговара за откупот на пченицата. 

Манчевски: Со дигитализација транспарентност и отчетност кон граѓаните

 Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на завршниот настан по повод 25 години од формирањето на Фондацијата Отворено општество во Македонија.

 Порачал дека дигитализацијата овозможува транспарентност  и  отчетност кон граѓаните за што во иднина најавува новини во отворање на податоците од институциите.

- Транспарентноста е инструмент во рацете на граѓаните кој им овозможува да ја оценат релевантноста на процесите и одлуките донесени од институциите, навел Манчевски на денешната јавна дискусија  на тема „Транспарентни и отчетни институции-императив за одговорна власт“.

Како што истакнал, дигитализацијата и новите технологии овозможуваат брза и редовна комуникација, полесно од кога било, секојдневна консултација со граѓаните и граѓанскиот сектор.

Министерот се осврнал на дел од мерките кои Владата ги презеде во контекст на зголемување на отчетноста и транспарентноста и потенцираше дека за наредниот период се работи на отворање на податоците кои произлегуваат од работата на институциите од јавниот сектор, соопшти Кабинетот на министерот.

Се подготвува стратегија и акциски план за отворени податоци, се работи на пуштање во употреба на нов портал за отворени податоци во август годинава, на измени за Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, информирал Манчевски и најавил дека и во иднина ќе се продолжи со пракса на отвореност, транспарентност, отчетност, и водење инклузивни процеси со партнерството со граѓанските организации, бизнисите и академската заедница.

9 години затвор за Ѓоко Поповски за случајот „Триста“,судот го прифати барањето на СЈО за притвор

Судот одлучи.  9 години затвор за  поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

Тој е осуден  по обвинение на СЈО за набавката на 300 возила за потребите на МВР. 

Игор Стефановски е пред судот.

Дополнително на државата Поповски треба да и врати  450 000 евра. 

Дали ваквата пресуда беше очекувана?

Поранешниот помошник министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски денеска во Кривичниот суд е осуден на девет години затвор поради злоупотреба на службена положба во предметот на СЈО „Триста“, во кој беше обвинет за  јавната набавка на 300 возила за потребите на МВР.

Претседателката на судечкиот совет Добрила Кацарска при изрекување на пресудата кажа дека предлогот на Комисијата за јавни набавки бил спротивен на Законот за јавни набавки, па од тие причини Поповски не смеел да го прифати предлогот. Според неа, во овој случај, не бил запазен критериумот „најповолна понуда“ за јавна набавка на 300 возила за потребите на МВР. Со ова, рече Кацарска, на МВР му била нанесена штета од поголеми размери.

Во видеото погледнете го целиот извештај.

притисни ентер