Петровски на распит во Основното јавно обвинителство

Директорот на Архивот на Република Македонија Филип Петровски дененска беше на распит во Основното јавното обвинителство.
Петровски се товари дека предизвикал општа опасност и загрозување на националните и верски права преку објава на социјалната мрежа Твитер.

Распитот е по барање на Хелсиншкиот комитет, а пријавата е поднесена од МВР во времето кога со него раководеше Оливер Спасовски од СДСМ. Според Петровски, ова е обид да се влее страв кај политичките неисотмисленици.


Поголема група мигранти фатени во близина на Костурино

Дваесет и пет мигранти од Пакистан изутрината биле фатени во близина на струмичкото село Костурино откако во половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека непознати лица ги товарат во две патнички возила.

Дваесет и пет мигранти од Пакистан изутрината биле фатени во близина на струмичкото село Костурино откако во половина час по полноќ во полицијата било пријавено дека непознати лица ги товарат во две патнички возила.

Како што информира МВР, полициски службеници излегле на местото и го пронашле возилото „Форд Галакси“ со англиска национална ознака, кое било празно и без клучеви. Во непосредна близина на возилото биле откриени мигрантите.

Веднаш потоа, во близина на местото, полициските службеници го стопирале и второто возило („БМВ“ со радовишки регистарски ознаки), кое, исто така, било пријавено. Возилото го управувал А.А. (32), а сопатник бил Ш.Е. (25), двајцата од радовишкото село Калаузлија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /МИА

Сопружници физички нападнати од нивен роднина

Скопјанецот Н.Ј. (38) и неговата сопруга Т.Ј. (33) синоќа биле физички нападнати од нивниот роднина Д.А. (31).

МВР информира дека случајот половина час по полноќ во полиција го пријавил Н.Ј., кој рекол дека од 14 часот со неговата бремена сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А. 

Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /МИА

Повеќе од 42 илјади Косовци се откажале од своето државјанство во последните девет години

Од 2009  до почетокот на 2018 година, над 42 илјади граѓани на Косово се откажале од државјанството, додека само во првите четири месеци од оваа година истото го сторилe 1 648 Косовци.

Загрижувачки е бројот на младите, на возраст од 18 до 34 години, кои се откажуваат од косовското државјанство, пишува денешен „Зери“.

Заменик- министерот за внатрешни работи Изми Зека вели за весникот дека на почетокот на годинава е видно зголемен бројот на оние што се откажале од државјанството, споредено со минатата година.

– Главната причина за откажување од косовското државјанство е добивањето државјанство во некои од земјите на Европската унија, кои не дозволуваат двојно државјанство за оние кои не се државјани на ЕУ, вели Зека.

притисни ентер