Прва регионална Зимска школа за безбедност

Факултетот за безбедност-Скопје и Центарот за истражување и креирање политики во наредните четири дена во Скопје и Крушево организираат Регионална зимска школа - прва во Република Македонија од областа на безбедноста.
Покрај професори и студенти од Македонија, на Школата ќе има учесници и од државните универзитети од Хрватска и Србија, а нејзиното организирање е со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“.

Школата ќе почне денеска од 14.30 часот со официјален прием на учесниците на Зимската школа за безбедност 2017 во Министерството за надворешни работи од страна на министерот Никола Попоски.

Теми на Школата ќе бидат идните безбедносни предизвици, дипломатијата и добрососедските односи, верскиот радикализам, како и мигрантите и бегалската криза, со оглед на тоа што до крајот на 2016 година речиси еден милион луѓе пропатуваа по должината на Западен Балкан од Грција до Централна Европа како резултат на најголемите миграциски текови во овој век.

Како што наведува Факултетот за безбедност-Скопје кризата со мигрантите открила недостаток на координација и комуникација меѓу соседните земји, бавни понекогаш и неефикасни политики, како и одговор од страна на Европската унија.
- Ова доведе до потреба од Зимската школа за безбедност преку која ќе се подобри соработката, чекор до консултации меѓу земјите по должината на трасата и изградба на прагматична политика и оперативни мерки во Европа и Западен Балкан како понатаму да се справи со бегалците и мигрантската криза, информира Факултетот.

Се очекува Зимската школа за безбедност да понуди предлози за размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот опфатени со миграциската криза: Македонија, Србија, Хрватска, Грција и Бугарија.

Воедно ќе се испитаат тесните грла за соработка, координација и спроведување на безбедносна политика и стратешките насоки за миграцијата, како и безбедносната политика на Европската унија и политиката за мигранти.

- Зимската школа за безбедност и идната Летна школа за безбедност имаат образовни цели, со јасно дефинирани образовни резултати за студентите. Во исто време ќе бидат организирани работилници и панел дискусии со кои ќе се овозможи идентификација на проблемите во соработката, координација и спроведување на националната политика за миграција и безбедност, како и миграционата политика и безбедност на Европската унија, посочува организаторот на Школата. 

Сопружници физички нападнати од нивен роднина

Скопјанецот Н.Ј. (38) и неговата сопруга Т.Ј. (33) синоќа биле физички нападнати од нивниот роднина Д.А. (31).

МВР информира дека случајот половина час по полноќ во полиција го пријавил Н.Ј., кој рекол дека од 14 часот со неговата бремена сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А. 

Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга. Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. /МИА

Повеќе од 42 илјади Косовци се откажале од своето државјанство во последните девет години

Од 2009  до почетокот на 2018 година, над 42 илјади граѓани на Косово се откажале од државјанството, додека само во првите четири месеци од оваа година истото го сторилe 1 648 Косовци.

Загрижувачки е бројот на младите, на возраст од 18 до 34 години, кои се откажуваат од косовското државјанство, пишува денешен „Зери“.

Заменик- министерот за внатрешни работи Изми Зека вели за весникот дека на почетокот на годинава е видно зголемен бројот на оние што се откажале од државјанството, споредено со минатата година.

– Главната причина за откажување од косовското државјанство е добивањето државјанство во некои од земјите на Европската унија, кои не дозволуваат двојно државјанство за оние кои не се државјани на ЕУ, вели Зека.

„Девојката со жиците“ на „Подвижен музички театар“-Битола вечер премиерно на Драма фестивал во Љубљана

Во словенечкиот главен град Љубљана, вечер во рамки на 5. меѓународен Драма фестивал, премиерно ќе биде изведена драмската опера „Девојката со жиците“, на „Подвижен музички театар“ –Битола (Moving Music Theatre-Bitola).

Станува збор за копродукциски проект на Словенечкиот националниот театар, СНГ-Љубљана и „Подвижен музички театар“, ММТ-Битола, во режија на битолчанецот Марјан Неќак, кој во проектот соработува со текстописецот Ана Бунтеска, Дарја Доминуш-преведувач и драматург, Наташа Филиповиќ костимограф, како и со фотографот Петер Ухар.

- Се работи за драмска опера за една виолинистка, која патува со воз низ Европа трагајќи по подобро утре. Метафоричниот и драматичен музички резултат лесно се движи низ повеќе жанрови од рок, поп, електронска музика со длабоки чувства на циркуски звук до опера како кулминирачка точка на емоции и интерпретации на двајца соло изведувачи. Во драмската опера, чија подготовка ја помогна „Еуростандард“-Скопје, ќе настапат Барбара Церар и Урош Фурст, а кореограф е Жиган Крајчар, изјави за МИА, режисерот и композитор Марјан Неќак.

Драма операта „Девојката со жиците“ на „Подвижен театар“-Битола ќе биде изведена и во наредните два дена во Љубљана. /МИА

притисни ентер