Чак Бери, човекот кој го проби дивиот дух на рок музиката во `50-тите, почина на 90 години

Чак Бери почина вчера во својот дом. Се смета за еден од првите создавачи на рок музиката, чии стандарди извршиле директно влијание на Битлси и Ролинг Стоунс...
- Додека не може да се каже дека постои индивидуа која го измислила рок - ен- ролот, Чак Бери е најблизу до тоа - тој е поединец кој ги поврза сите есенцијални делови на овој вид музика во една целина - стои во најавата за Чак Бери во Rock and Roll Hall of Fame од 1986 година.

Тој ја пишуваше, ја свиреше и пееше својата музика.Неговите песни и стандардите за изведување на музиката на сцена извршија директно влијание на Битлси, Ролинг Стоунс, подоцна на Брус Спрингстин и Боб Сегер.

Тој е толку важен и природен дел од американската рок традиција што неговата песна “Johnny B. Goode” беше на дискот кој во 1997 беше пратен во Вселената со Војаџер 1..




- Ако треба на рок -ен -ролот да му дадете друго име, може да го наречете Чак Бери - гласи многу пати цитираната изјава на Џон Ленон.

Чак Бери е во редот на славните имиња како Елвис Присли, Бади Холи, Џејмс Браун, Џери Ли Луис, Литл Ричард, Реј Чарлс... Од оние што преживеаја до новот милениум, тој  веше единствениот  што одржуваше концерти на 80 години по целиот свет!

- Во раниот рок - ен - рол имаше многу изведувачи со по еден хит, но Чак Бери имаше толку многу хитови што стана еден од најпознатите. Кога во 1964 година Битлси и Ролинг Стоунси почнаа да ги свират песните на Чак Бери, неговата музика стана традиција - изјави рок историчарот Албин Зак.

И покрај огромната харизма, Чак Бери не го доживеа во тоа време комерцијалниот успех на Елвис Присли во Холивуд и Лас Вегас, а фактор кој во ова играл голема улога била расата.

Чак Бери беше крал на рок - ен - ролот. Во 1984 доби Греми награда за животно дело. Во 2002 за „Л.А.Тајмс“ изјави:

-  Песните на Елвис секогаш ќе живеат, и се надевам дека и моите ќе живеат кога ќе ме нема. Но не можете да споредувате, бидејќи него го нема, а јас сум тука!





Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

Редок вирус за неколку дена однел пет животи – нема лек

Симптомите се слични како кај грип , но за вирусот Нипах нема лек.

Во последните 20 години од овој вирус починале над 300 лица, од кои само петмина во последните две недели. Уште кај девет лица во индиската држава Керала е откриена болеста и тие се во критична состојба. Три члена на едно семејство почионале од последици на енцефалит и миокардит , односно воспаление на мозочната и срцевата обвивка во текот на изминатите неколку дена. Неколку роднини што биле со нив во контакт се хоспитализирани ,а двајца од нив вчера починале.

Вирусот е зооноза , односно се пренесува на луѓе од животни , најчето од лилјаци, се наведува во предупредувањето од Светската здравствена организација.

Симптомите се слични како кај грип , но за Нипах нема лек . Забележано е и дека се пренесува од човек на човек , а се јавува во земјите од Југоисточна Азија.

Распнале ученици на крст зошто задоцниле на училиште

Ученици биле распнувани на крст и камшикувани поради тоа што задоцниле на час.

Три лица се уапсени во Нигерија зашто ги распнувале и камшикувала учениците во приватно училиште. Меѓу уапсените е и директорот на училиштето , каде ова била редовна дисциплинска мерка, а полицијата го опишала како варварски чин.

Кога дошла полицијата , покрај патот во близина на училиштето затекнале момче и девојче врзани со јаже на крст . Тој го замолил сопственикот на училиштето да ги одврзе , тој заедно со наставниците го нападнале и претепале.

Полицаецот избегал , земал оружје и лисици од автомобилот , но тоагаш видел дека наставниците го камшикуваат човекот што пријавил што се случува и бил дојден заедно со полицаецот. Тој повикал засилување по што тројцата биле уапсени во затворот во местото Огун на 137 километри од главниот град Лагос. 

притисни ентер