Џоли станува професор: Малку сум нервозна

Актерката Анџелина Џоли стана професор на Лондонската школа за економија.
Таа беше забележана како се упатува кон автомобилот со својот син Медокс во елегантен црн костум во склад со чантата, пишува „Дејли Меил“.

Првото нејзино предавање во Центарот на тема “Жени, мир и безбедност” беше фокусирано на односот кон жените во бегалските кампови и проблемите со кои се соочуваат.

Од септември актерката ќе предава 12-месечен курс за магистри.

„Малку сум нервозна, имам грчеви во стомакот. Се надевам дека ќе излезе добро. Ова е многу важно за мене “, призна Анџелина Џоли пред ” Ивнинг стандард “, пред да застане пред учениците.

Од 2001 година ѕвездата учествува во многу теренски мисии низ светот како амбасадор на добра волја на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Таа посети некои од најпогодените од војни точки на планетата, подари милиони на различни проекти за помош и дури доби лиценца за пилот, за да може да испорачува храна и обезбедување на сиромашните.

Во 2012 година Анџелина Џоли стана и специјален пратеник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.

Нејзината работа ја однесе до земји како Камбоџа, Сиера Леоне, Танзанија, Авганистан, Сирија, Судан, Еквадор, Колумбија, Кенија, Намибија, Етиопија и многу други.

Таму таа работеше со бегалци од воени конфликти, сирачиња од сиромашните земји, за заштита на дивината, образованието на децата и правата на жените во однос на сексуалното насилство во зоните на конфликти.

Славниот актер и рокер доживеа нова трансформација (фото)

Познатиот холивудски актер и музичар, миленик на понежниот пол, Џони Деп, кој во последните години најчесто го гледаме во улогата на капетанот Џек Спероу во филмскиот серијал „Пирати од Карибите“, често во текот на кариерата го менуваше имиџот.

Секогаш обидувајќи се неговиот изглед да биде повпечатлив и автентичен, Деп овојпат се одлучи за нешто подрастична промена.

Eден од поновите проекти на Деп е хард рок бенд, поточно супергрупа, „Hollywood Vampire”, која ја формираше во 2015 година со познатите музичари, пејачот Алис Купер и гитаристот Џо Пери.

На актуелната турнеја на бендот, актерот и гитаристот, тргна со нова фризура.

 

Canada the other night

A post shared by Johnny Depp (@johnnydeppofficial) on

На аукција најстарите вина на светот – цени и до 20.000 евра

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Во Франција на аукција наскоро ќе се најдат три шишиња од жолтото вино „Арбоа“ од 1774 година, кое спаѓа меѓу најстарите вина во светот.

Аукциската куќа „Жира Еншере“, вредноста на вината по шише ја проценува на околу 15.000 до 20.000 евра, пренесува „Ројтерс“.

„Експертите во 1994 година го пробаа ова вино и му дадоа оцена 9.4 од можните десет“, изјави акционерот Филип Етјеван.

Слично шише со вино во 2011 година се продаде за 57.000 евра на аукција.

Јадењето брза храна го зголемува нивото на фталати во телото

Ако сте љубители на хамбургери и пици, имаме лоши вести – тие можат да ви го нарушат здравјето повеќе отколку што очекувате.

Јадењето брза храна ги изложува луѓето на 40% повеќе штетни хемикалии познати како фталати, тврди новото истражување.

Фталатите се користат за омекнување и зголемување на флексибилноста на пластиката.

Забранети се при изработка на играчки, бидејќи се потенцијално токсични. Овие хемикалии можат да го нарушат хормоналниот баланс и се поврзани со клинички состојби како астма и аутизам.

Истражувањето е едно од првите кои го третираат проблемот. Претходните истражувања покажуваа дека хемикалиите можат да навлезат од пластичните пакувања и да ја загадат храната.

Истражувањето анализира примероци од урина на 8877 учесници, консумирале различни видови храна во последните 24 часа. Утврдено е дека храната е со брза храна и имаат 40% повеќе од еден специфичен фталат. Меѓу потрошувачката на брза храна се различни видови леб, колачи, пица, бурита, ориз и нудли.

Сподели

притисни ентер