ВМРО-ДПМНЕ: Фирмата на Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот со гас

Фирмата на партискиот пријател на Заев и претседател на комисијата за енергетика на СДСМ, Митко Андреевски не ги исполнува условите за добивање на тендерот за снабдување со гас - како што се минимум 40.000.000. денари остварен приход во последните три години, да располага со влекач и транспортна приколка за транспортирање на мат модулите, изјавија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската архипеископија

Во катедралната црква света софија во Охрид ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 1.000 годишнината од Охридската архиепископија.

Освен црковниот, најавено е присуство и на државно-политичкиот врв.

Меј за референдумот: Импресивна демонстрација на демократија

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска.

Британската премиерка Тереза Меј го поздрави резултатот од референдумот во Ирска со кој се отвора патот за легализирање на абортусот, нарекувајќи го “импресивна демонстрација на демократија која покажала јасен и недвосмислен резултат“.

Меј им ја честита на граѓаните на Ирска успешната кампања “да“, пренесе „АП“.

Откако референдумот во Ирска изгласа за правото на абортус, целото внимание е насочено кон парламентот на таа земја, кој би требало сега да ги донесе новите закони за абортус.

Официјалните резултати од регерендумот кој е одржан во петокот покажаа дека 66 отсто од граѓаните на Ирска гласале за укинување на осмиот амандман на уставот на Ирска, која забранува абортус, наспрема 34 отсто од оние кои гласаа за зачувување на тој амандман.

Ирскиот премиер Лео Варадкар, после објавување на официјалните резултати порача дека денот кога референдумот се одржал претставува историски ден за неговата земја и голем чин на демократија и истакна дека неговата влада забрзано ќе работи на донесувањето на новите закони со кои абортус ќе биде легализиран во првите 12 недели од бременоста.

Повеќе од 64 отсто од граѓаните со право на глас излегле на овој референдум, што е еден од рекордите во таа земја.

притисни ентер