Боки 13-ка промотор на Next Time: Новиот спот на оваа група не е спот туку ремек дело! - Канал 5

Боки 13-ка промотор на Next Time: Новиот спот на оваа група не е спот туку ремек дело!

Некст Тајм не се веќе деца. Така се вика нивниот последен носач на звук, а синоќа го промовираа видео спотот „Ја излези Ѓурѓо“. Мартин и Стефан во спотот ја прикажаа Македонија со целата своја убавина, а нивен промотор е Боки.

Боки 13-ка промотор на Next Time: Новиот спот на оваа група не е спот туку ремек дело!
- Мартин и Стефан на промоцијата покажаа сериозен пристап кон музиката и го остварија сонот на секој изведувач. Јас како извршен продуцент можам да кажам дека спотот за „ Ја излези Ѓурѓо“ не е спот туку е ремек дело. Дечките од Некст Tајм со новиот материјал ги чека голема балканска промоција - вели Боки 13.

Разговорот со него погледнете го во видеото, а под него е и спотот на Некст Тајм за кој зборува Боки.

YouTube video


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ се забавува во Лондон- пред Вимблдон отиде на концерт на Бед Бани (ВИДЕО)

На само два дена пред почетокот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ реши малку да заборави на тенисот и да се опушти со музика.

Ѓоковиќ се забавува во Лондон- пред Вимблдон отиде на концерт на Бед Бани (ВИДЕО)

Српскиот тенисер се појави на првиот лондонски концерт на Бед Бани, и се фотографираше со популарниот пејач.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави фотографија на која позира со музичката ѕвезда од Порторико. Според странските медиуми, Ѓоковиќ во текот на вечерта не само што се фотографирал, туку и танцувал во латино ритам и убаво се забавувал во пресрет на еден од најважните турнири во сезоната.

Бројни ѕвезди на концертот

Првата вечер од турнејата на Бед Бани во Лондон привлече голем број други познати гости. Меѓу публиката беа Адел, Џо Џонас и други ѕвезди кои не сакаа да пропуштат еден од најочекуваните музички настани во Лондон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси.

Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик и историја.

Тој го премолчи и овој дипломатски скандал Бугарија, со кој беше направен дипломатски преседан каде беа објавени документи со безбедносни информации поврзани со претседателот на Владата.

Филипче беше дел од структурата на СДС која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата, и потпишуваше бланко листови наместо да ги брани македонските позиции.

Македонскиот народ го памети тоа и неговиот суд го изрече на изборите. Свесен дека во Македонија повеќе нема политичка иднина, Филипче ја пресмета ситуацијата и ја сврте политичката калкулација кон Софија очекувајќи дека добрите односи со бугарските власти ќе му донесат поддршка која не може да ја најде кај сопствениот народ.

Граѓаните очекуваат дека секој што претендира да ја води државата мора да ги брани и државните интереси, а нема да дадат поддршка на Венко Филипче, кој уште веднаш би го продал идентитетот и би ја редефинирал македонската историја, кој ги брани бугарските позиции и работи за туѓи агенди, се за да дојде на власт, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

Единаесетгодишно момче е извлечено живо од урнатините на Карабаледа, во северна Венецуела, три дена откако смртоносни земјотреси го погодија регионот, објави привремената претседателка на земјата, Делси Родригез.

Единаесетгодишно момче е извлечено од урнатините во Венецуела, три дена по земјотресите (ВИДЕО)

„Пред неколку минути, 11-годишно момче беше спасено во Карабаледа. Во овој момент, секој живот е извор на надеж за Венецуела“, напиша Родригез на X, прикачувајќи видео од спасувањето на детето кон својата порака.

Во петокот вечерта, новороденче старо 18 дена и неговата мајка беа спасени од урнатините. „Најчесто сега ископуваме безживотни тела, но, фала му на Бога, понекогаш сè уште наоѓаме преживеани“, изјави за АФП спасител во градот Плаја Гранде.

Според најновите бројки од властите, најмалку 1.430 луѓе загинаа во два последователни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени што го погодија северниот дел од земјата во среда, а повеќе од 50.000 сè уште се водат како исчезнати. Земјотресот погоди седум милиони луѓе, според податоците на ОН.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер