МакедонијаВтора работилница за справување со хибридни и сајбер закани Почитувањето на Меѓународното хуманитарно право, справувањето со новите асиметрични закани, областа на кризниот менаџмент, актуелни теми на светско ниво, се темите на кои професори и експерти од земјава и од повеќе земји од регионот, како и од САД, ќе дискутираат на денешната втора обука насловена „Справување со современи безбедносни предизвици преку почитување на Меѓународното хуманитарно право:НАТО операциите предводени да се спротивстават на хибридни и сајбер закани“.Актуелноста на темите, нагласи заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, ја оправдува инклузивноста на Република Македонија да биде присутна кога се дискутира на овие теми, а со тоа да гради капацитети за справување со овие безбедносни предизвици. - Ние по ништо не заостануваме од големите економски помоќни земји, меѓутоа ова се закани кои не можат да бидат предвидени и секогаш како општество треба да градиме институции кои што во секој момент можат да интервенираат во заштита на материјалните добра и човечките ресурси, нагласи Димитриев, додавајќи оти на денешната обука експертите ќе разменат стручни мислења од оваа област. Фактот дека хибридните закани претставуваат нов императив за сите безбедносни институции и тоа што на светската сцена се појавија многу актери кои ја загрозуваат безбедноста, а оние што ја чуваат се се помалку, потенцира професорот Методи Хаџи Јанев, координатор на проектот, ја наметнува потребата од посилен ангажман и интерес за хибридните закани. - Тоа се закани кои ги надминуваат асиметричните закани и доаѓаат не само од недржавни актери, туку и од некои држави што ги мултиплицираат. Македонија, сакајќи да остане на врвот каде што е сега, сака да посвети внимание не само од оперативен и политички аспект, туку и од научен аспект на овие закани, појасни Хаџи Јанев, додавајќи оти работилницата треба да претставува платформа за развивање натамошни идеи и правци на истражвување на Воената академија, во соработка со сродни институции, меѓу кои и Државниот Универзитет во Аризона, би развивала научно-истражувачки проекти. Хибридните закани, појасни тој, им се закануваат на сите држави кои се чувари на светскиот мир, а доаѓаат не само од недржавни актери, групи и поединци, туку и од некои држави кои ги користат овие актери за да остварат одредени свои цели. Според Хаџи Јанев, такви сценарија видовме во Сирија, во Украина, а допрва, констатира, такви сценарија ќе гледаме во светските конфликти. Истакна дека хибридните закани се многу тешки за справување со конвенционалните методи за справување, меѓу другото што меѓународното право не ги дефинира тие сили, затоа што не се претставници на ниту една држава, делуваат глобално и имаат капацитет да ги загрозат државите, па дури и безбедноста во цели региони. - Потребно е да пронајдат соодветни правилни параметри со постоечките капацитети што ги имаме, правилно да бидат распоредени и наменети за да се даде одговор на овие закани, смета Хаџи Јанев. На новинарско прашање дали под овие закани може да се стави и ситуацијата во Македонија во 2001 година или претходно на Косово, Хаџи Јанев смета дека е сосема на друга основа таквиот конфликт. Професорот Кирил Христов од Државниот Универзитет во Аризона појасни дека во Центарот за кризен менаџмент на овој Универзитет, кој е задолжен за меѓународна соработка, како пример е изработен планот за енергетска сигурност на државата Аризона, односно се анализирани ризиците за тоа што ќе се случи за време на напади доколку имаат влијание врз енергетските системи и ресурси. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСаудиска Арабија бара помош од Сирија во справување со Хутите (ВИДЕО)Сирија размислува да му обезбеди воена помош на својот клучен сојузник Саудиска Арабија, бидејќи војната против Хутите, поддржани од Иран, во Јемен ескалира.Сирија размислува да му обезбеди воена помош на својот клучен сојузник Саудиска Арабија, бидејќи војната против Хутите, поддржани од Иран, во Јемен ескалира, изјавија за Ројтерс американски функционер и сириски воен функционер запознаен со ситуацијата. Опциите што се разгледуваат вклучуваат одбранбена помош за заштита на Саудиска Арабија од напади, но и испраќање сириски сили во офанзивна улога за да им помогнат на саудиските сојузници во Јемен во борбата против Хутите, велат изворите. Американскиот функционер рече дека Саудиска Арабија побарала од Сирија да ги испрати своите сили да се борат против Хутите. 🚨🇸🇾🇾🇪 Syria may send up to 20,000 troops, including Islamist foreign fighters, to battle the Houthis in Yemen Turkish and Pakistani forces are heading to Saudi Arabia, and now 10,000 to 20,000 Syrian soldiers could land in Yemen itself... Three US officials say MBS pushed Ahmed al-Sharaa on it in Riyadh this week, and one says Sharaa is highly likely to say yes. One unit under consideration, the 84th Division, includes THOUSANDS of Islamist foreign fighters who helped topple Assad, and they'd be fighting the Zaydi Shiite Houthis. Washington doesn't oppose the plan, and CENTCOM has reportedly already been consulted on how to deploy them. Source: Axios / Writer: Daniel — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 7, 2026 Кога беше прашан за ова прашање, сириски дипломат рече дека Сирија цврсто стои зад Саудиска Арабија во услови на напади на Хутите, но дека главен приоритет на владата е обновата на земјата по 14 години граѓанска војна. „Доколку Саудиска Арабија побара каква било воена соработка или размена на експертиза, тоа ќе се направи исклучиво преку официјални канали и во рамките на билатералните договори што ги регулираат односите меѓу нашите две братски земји“, рече дипломатот во соопштението. Саудиската влада и министерот за информации на Јемен не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар. Саудиска Арабија во последните денови побара помош од разни страни, од САД и Европа до земјите од Блискиот Исток, како за одбранбени, така и за офанзивни операции во обновената војна против Хутите, по неколкунеделните напади со беспилотни летала и ракети на саудиска територија. Копнените операции во моментов ги водат разни единици на јеменската влада, поддржани од саудиската воздухопловна сила. Тие остварија ограничени територијални придобивки од почетокот на кампањата во понеделник. Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара беше во Ријад во вторник, каде што се сретна со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман. На состанокот, исто така, се разговараше за можноста Сирија да ѝ обезбеди воена помош на Саудиска Арабија, рече американскиот функционер. Снимките објавени од сириската државна телевизија покажаа како Шара е придружуван до авионот од саудискиот министер за одбрана Халид бин Салман, брат на престолонаследникот кој беше задолжен за војната во Јемен. Испраќањето на сириските сили би можело дополнително да ги затегне односите со соседите Сириските борци од опозициските групи кои се бореа против поранешниот лидер Башар ал-Асад за време на граѓанската војна беа регрутирани како платеници во други конфликти во последните години, особено во либиската граѓанска војна и војната меѓу Русија и Украина. Но, за Дамаск, испраќањето војници во Јемен би значело сериозни ризици. Милициите што ја сочинуваа вооружената опозиција сега се дел од новата сириска држава, која усвои политика на избегнување директно вклучување во конфликти, вклучително и војната со Иран, со цел да се фокусира на обновата на земјата по долгата граѓанска војна. Сирија сè уште се обидува да изгради обединета армија од различните милиции на поранешната бунтовничка коалиција што го собори Асад. Меѓу нив беа групи со тврдокорни сунитско-исламистички идеолошки ставови, како и странски борци. Во исто време, владата се обидува да ги ограничи тензиите со малцинствата, вклучително и Алавитите, гранка на шиитскиот ислам на која ѝ припаѓаше Асад. Судирот на сириската армија со Хутите, кои исто така припаѓаат на гранка на шиитскиот ислам, би можел да добие опасна религиозна димензија, што сириското раководство и неговите западни партнери сакаат да ја избегнат, рече американскиот функционер. Затоа Дамаск претходно го отфрли барањето на САД да помогне во борбата против Хезболах во Либан. Приклучувањето кон борбата против Хутите, кои се поддржани од Иран, може да се смета и за непријателски потег кон Иран, како и кон неговите сојузници, Хезболах во Либан и проиранските милиции во Ирак. Поранешните сириски бунтовници кои сега се на власт со години се во конфликт со многу од нив. Syrian President Ahmed al-Sharaa is in Riyadh for talks with MBS. https://t.co/LWZajNI04M — Open Source Intel (@Osint613) October 6, 2026 Шаара сака да покаже поддршка за Саудиска Арабија Во исто време, Шаара сака да покаже поддршка за Саудиска Арабија и Мохамед бин Салман, кој одигра значајна улога во помагањето на поранешниот џихадист да добие меѓународен легитимитет. Ријад, меѓу другото, посредуваше во средбата меѓу Шаара и американскиот претседател Доналд Трамп во мај 2025 година. Саудиска Арабија, исто така, обезбеди финансиска помош за Сирија, а евентуалното покажување поддршка за Ријад би можело да доведе до зголемување на таа помош, рече американскиот функционер. „Нова Сирија која би испратила мал број од своите безбедносни сили за да ги заштити најсветите места во исламскиот свет, со техничка поддршка за неутрализирање на дојдовните беспилотни летала, би имала огромно и позитивно симболично значење“, рече Х. А. Хелиер, виш соработник во британскиот Кралски институт за обединети служби (RUSI). „Но, сè што е надвор од тоа, особено испраќањето сириски трупи на терен, би било сосема друго прашање. Мислам дека Дамаск би го избегнал тоа, со оглед на приоритетите на кои мора да се фокусира во самата Сирија“, заклучи тој.Тагови: Саудиска Арабија Хутите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаФилмска измама: Украл милиони и купил 90 најскапи лимузини- сега сѐ изгуби Американскиот бизнисмен Клејтон Лојд Исли е осуден на повеќе од 13 години затвор за користење туѓи пари за да изгради колекција од 90 од најскапите автомобили во светот. Дрскиот измамник поминал години ограбувајќи клиенти и користејќи ги украдените пари за да купи возила за кои повеќето луѓе можат само да сонуваат. Сега американската влада ја заплени целата колекција и наскоро ќе заврши на јавна аукција. Неговите тајни гаражи во Тексас криеле Ламборџини Авентадор, две Ферари 488, прескап Масерати МЦ20 и бројни американски класици. Парите од продажбата на овие неверојатни лимузини ќе бидат искористени за обештетување на жртвите од грабежот. Министерството за правда на САД сè уште не го објави точниот датум на аукцијата или вкупната вредност на запленетиот имот. Измислил лажна воена програма Исли ја водел Clayton Texas Legacy Insurance Group, осигурителна компанија преку која земал огромни суми пари од клиентите. Наплаќал од луѓе за полиси за животно и автомобилско осигурување што никогаш не ги отворил. Наместо тоа, ги чувал сите пари што ги добивал за себе и ги користел за да ја шири измамата. За дополнително да се збогати, тој создаде измамничка програма за Министерството за одбрана на САД. Тој им ветуваше на лековерните инвеститори големи профити наводно финансирајќи приватни воени изведувачи. Само преку оваа шема, тој украде повеќе од два милиони долари за краток временски период. Најлошиот дел од неговата кражба беше бруталната кражба на идентитет. Измамникот користеше лични информации на други луѓе за тајно да отвора кредитни картички на имиња на други луѓе. Тој ги користеше тие картички за да плати лични трошоци и да купи луксузни возила низ цела Америка. Потоа ги префрли валканите пари на компанија што ја контролираше и ги претстави како легитимен деловен приход. Судија во Тексас го осуди на 160 месеци затвор за финансиска измама и тешка кражба на идентитет. Тој се изјасни за виновен претходно ова лето и се согласи да ги предаде сите автомобили што ги стекнал преку криминал на државата.Тагови: измама лимузини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРубио: Војната во Украина е во опасна позиција Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека војната на Русија во Украина е во опасен ќорсокак .Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека војната на Русија во Украина е во опасен ќорсокак и дека САД ќе продолжат да работат кон постигнување договор за прекин на конфликтот. „Би сакале да видиме договорено решение за оваа војна кое е трајно, одржливо и праведно. На тоа остануваме посветени“, изјави Рубио за новинарите за време на посетата на Португалија. Во последните недели, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги оживее преговорите за прекин на четиригодишниот конфликт, најкрвавиот во Европа од Втората светска војна. Украинските преговарачи треба да ги посетат САД на разговори во петок и сабота. Меѓусебните напади со беспилотни летала од страна на Русија и Украина постепено се проширија во економијата оваа година, погодувајќи цели кои се движат од енергетски постројки и рафинерии до пристаништа и бродови што превезуваат нафта и жито, магацини за е-трговија и, неодамна, центри за податоци. Рубио предупреди дека ескалацијата може да предизвика поширок конфликт. „Оваа ескалација би можела да заврши како кампања на саботажа во соседните земји од НАТО“, рече Рубио, додавајќи дека други работи „би можеле брзо да ја претворат војната меѓу двете земји во многу поширок и многу поопасен регионален конфликт“. „Оваа војна мора да заврши со договорено решение. Колку побрзо, толку подобро. Соединетите Американски Држави се подготвени да го олеснат тоа. Се обидовме. Ќе продолжиме да се обидуваме. Но, исто така, нема да инвестираме во бесмислени процеси ако не можеме да постигнеме напредок“, додаде Рубио.Тагови: Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40