Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
2Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денари
МакедонијаСаздов: Зачувување на културата на македонските иселеници и нови инвестицииПавле Саздов, досегашен пратеник и носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ во американската изборна единица, во интервју за МИА, вели дека е задоволен од стореното во досегашниот, тригодишен мандат, пред се од зголемениот број издадени македонски пасоши, отворени училишта на македонски јазик во Северна Америка и од привлечените американски и канадски инвестиции во Македонија.- Дефинитивно сум задоволен од постигнатиот резултат. Работевме доста на управните постапки кои се важни за граѓаните, на замена на старите пасоши со нови, издавање на државјанства, го зголемивме бројот на училишта во кои се изучува македонскиот јазик за нашите најмлади и потпишавме многу договори и со САД и со Канада во областа на образованието, транспортот, медицината, договори кои и понатаму ја продлабочуваат соработката меѓу Македонија со САД и Канада во многу области. Општо земено, ги поддржувам сите наши македонски организации за сите нивни потреби. Достапен сум за сите иселеници 24/7. Има многу институции кои се одговорни за различна област, и изборот на пратеник од оваа единица дефинитивно помогна што поголем број наши иселеници да се информираат за многу работи кои Македонија ги нуди, вели Саздов. Додава дека на неговите средби со македонските државјани во САД и Канада, најмногу прашања добива за зачувувањето на македонскиот јазик во иселеништво, за програмите за зачувување на македонската култура и национален идентитет, за спорот за името, и за можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија. - Гледаме дека голем број американски компании се решија да инвестираат во Република Македонија. Воедно многу наши иселеници се решија дел од својот капитал да го вложат во Македонија. И понатаму ќе работиме на привлекување на странски инвестиции, за отворање што е можно повеќе работни места во Македонија. Знаеме за Џонсон контролс, кој изгради и втора фабрика во Штип, тука е Амфенол, Кемет електроникс, потоа имаме и наши иселеници од Њу Џерси кои инвестираат во хотелската индустрија, а голем број мали и средни претпријатија во битолската индустриска зона Жабени се изградени од иселеници од битолскиот крај. Од канадски инвестиции имаме една посериозна инвестиција во информатичките услуги, како и фирма која се занимава со геолошки истражувања на повеќе локации и веруваме тие секако ќе се претворат во концесии за минерални суровини. Работиме со многу други компании во Канада и во САД, да ги искористат поволните услови во Македонија, со цел да ја намалиме нашата стапка на невработеност, за која мора да признаеме дека со напорите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е намалена за цели 10 проценти, вели Саздов. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека е задоволен што бројот на македонски граѓани кои се пријавија за гласање во 8 изборна единица, двојно се зголеми во споредба со изборите во 2011 година, на 2.000 лица, и покрај тоа што на овие избори не важат старите патни исправи. - Идејата нашите иселеници да учествуваат во изборите е вкоренета во ВМРО-ДПМНЕ од самите почетоци на партијата. Малкумина се сеќаваат дека и на референдумот за осамостојување на Македонија учествуваа иселениците, кои гласаа во црквите. За жал, таа пракса не продолжи во следните години, кога немаше политичка волја во Република Македонија за гласање на дијаспората. Меѓутоа, таа определба беше вкоренета во ВМРО-ДПМНЕ и ние правиме се што можеме да го вратиме тоа право на нашите граѓани да бираат и да бидат избрани, кое е уставно загарантирано. Имаме малку конзулати, има многу повеќе места каде што живеат Македонци, а имаме само 4 конзулати и 2 амбасади во Северна Америка. Во иднина, мораме да мислиме за пристапноста на гласачките места и за олеснување на самата постапка за пријавување на гласачите, вели Саздов. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општинаПо последните случаи со насилство во Гостивар и свадбените веселби со истрели од огнено оружје, Либерално-демократската партија (ЛДП), предлага отворање на Семејни центри во секоја општина. Во видео објава на социјалните мрежи, претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова и членот на Извршниот одбор на партијата, Бобан Јанкоски, повикуваат на брза акција за намалување на случаите со врсничко насилство. „ЛДП предлага формирање на Семејни центри во секоја општина. Во нив ќе има социолози, психолози, социјални работници и семејни терапевти, кои ќе работат со децата, но и со родителите. Истите ќе бидат надлежни да даваат совети, да ги ислушаат проблемите, но и да нудат едукација. Подобро е да спречиме отколку постојано да ‘лечиме’ нешто што некогаш не се ни лекува. Превенцијата не е трошок, превенцијата е инвестиција во иднината на Македонија“, вели Зајкова во видео изјавата. Јанкоски во видеото посочува дека премалку вложуваме во превенција, а премногу чекаме проблемот да стане сериозен. „Секој ден гледаме видеа од врсничко насилство. Овие деца не се родени насилници, тие се производ на систем кој бавно реагира, на општество кое занемарува семејство, воспитување и ментално здравје“, вели во видеото членот на ИО на ЛДП, Јанкоски. Тагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаФинансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување: Го оштетиле Буџетот за над 7 милиони денариПрвопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари.Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против едно физичко лице, управител и сопственик на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ од член 279 и “Фалсификување или уништување на деловни книги” од член 280 од Кривичниот законик на Република Македонија. Првопријавениот М. Д. во својство на сопственик и управител на правното лице, во 2021 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, преку фиктивно книжење извршил присвојување на наплатените парични средства од продажба на нафта и нафтени деривати во износ од 7.040.484,00 денари при што не пресметал и не платил данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198,00 денари. Дополнително, првопријавениот М.Д. преку фиктивно книжење извршил намалување на залихата евидентирана на конто 6630 во вредност од 7.040.484,00 денари, а воедно извршено е намалување на приходите на конто 7411 во износ од 3.222.664,00 денари, намалување на обврската за ДДВ евидентирана на конто 2301 во износ од 580.003,00 денари и зголемување на набавната вредност на продадената стока на конто 701000 во вредност од 3.425.798 денари, при што не пресметал и не платил данок на додадена вредност вкупна вредност од 1.653.677,00 денари, данок на личен доход во вкупна вредност од 782.198 денари и данок на добивка во вкупна вредност од 664.846,00 денари. Исто така, првопријавениот М.Д. во 2024 година, свесно и со умисла евидентираната залиха на конто 6630 – „Стоки во продавница со стапка од 18% во износ од 12.630.670,00 денари ја присвоил за себе и не ја евидентирал во сметководствената евиденција на второпријавениот правен субјект како кусок, при што не пресметал и не уплатил данок на додадена вредност во износ од 1.925.177,00 денари и данок на личен доход во износ од 1.403.267,00 денари. Со наведените дејствијаСо наведените дејствија првопријавениот М.Д и второпријавеното правно лице го оштетиле Буџетот на Република Македонија во вкупен износ од 7.211.359,00 денари. Управа за финансиска полицијаТагови: финансиска полиција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
МакедонијаСДСМ: Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот преминДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии, македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини.Колони од повеќе километри. Чекање од 4, 6, понекогаш и 10 часа. Луѓе што сакаат само да стигнат до море. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ. Половина од Владата и голем дел од функционерите на ВМРО имаат бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски документи. Тие и нивните најблиски минуваат преку посебен - ЕУ премин. Тие си обезбедија Европа за себе. За граѓаните на Македонија не им е гајле. Единствената нивна грижа е што во буџетот сѐ помалку има пари за нови криминални тендери. Тоа е најголемата грижа на „тендер-патриотите“. Додека народот стои во колона, тие летаат. Додека децата седат во прегреани автомобили, тие уживаат во привилегиите што си ги обезбедија преку бугарските пасоши. Ова е нивна политика - изолација за народот, Европа за себе. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСе уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09