Фото: Група граѓани синоќа го оштетија споменикот на цар Душан

Иако се обидуваа да го урнат, група граѓани синоќа само го оштетија споменикот на цар Душан на Мостот на цивилизациите во Скопје.

Како што објави порталот МКД, главниот уредник на ТВ Алсат-М, Мухамед Зекири, на својот Фејбук профил објави неколку фотографии од вечерашните обиди за уривање на споменикот на мостот пред зградата на Уставниот суд во центарот на Скопје.

Организираната група од околу дваесетина граѓани подолго време се обидувала да го урне споменикот, но успеала со чекани само да го оштети. ТВ Алсат-М пренесе дека меѓу граѓаните имало и претставници на ДУИ.

Во текот на вчерашниот ден на социјалните мрежи извесен Африм Гаши објави отворен повик за протест и уривање на споменикот за денеска во 12 часот. Според последните информации, протестот се одржал пред споменикот и завршил мирно. 
притисни ентер