Во тетовско од украдени гулаби заработуваат милиони

Во тетовско оваа година се пријавени над дваесет кражби на гулаби, а вредноста на украдените птици е проценета на околу 1 милион денари - информираат медиумите.

Крадците најмногу се интересираат за гулабите од расите „дунек“ и „масарка“. Врвни примероци од овие раси на пазарот можат да достигнат цена и од над 1.000 евра за примерок. Голем дел, пред се, од висококвалитетни гулаби, завршува во околните земји, неофицијални сознанија има и тетовската полиција, но досега нема случај на откривање на крадците.


ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството се уште ги штити Зоран и Вице Заеви

ВМРО-ДПМНЕ објави факти на денот.

Факти на денот:

  1. Обвинителството и Судот молчат, не го повикуваат Зоран и Вице Заев на распит.
  2. Зоран Заев и Вице Заев молчат за што разговарале со Јанева и Милески.
  3. Безбедноста и животите на полицајците под ризик, Славјанка Петровска директно брифира по медиуми за акција на МВР.
  4. СДСМ и Заев го раскрчмуваат водниот фонд на државата, продажбата на Тиквешко езеро ќе донесе милиони за луѓе блиски на Заев.
  5. Шекеринска платила 150% повисока сума за механизација и проневериле над 250.000 евра.
  6. Македонија на 3-то место во светот по стапката на невработеност на млади од 15 до 24 години, според „ Економист“.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Стево Пендаровски во „Само интервју“

Вечерва гостин во „Само интервју“ беше Стево Пендаровски.

Во вечерашното гостување во Само Интервју, претседателот на државата Стево Пендаровски во однос на предвремените парламентарни избори рече дека Уставот е кристално јасен, кој има 61 пратеник,кој ќе го увери или ќе му даде гаранција во облик на потписи дека има 61 пратеник, тој ќе го добие мандатот.

Во вечерашното гостување во Само Интервју, претседателот на државата Стево Пендаровски истакна дека неговите сознанија 80 проценти од содржината на законот за јавно обвинителство беше направена од странски правни експерти. Неговото јадро е да нема празнина помеѓу СЈО и редовното обвинителство.

Во вечерашното гостување во Само Интервју, претседателот на државата Стево Пендаровски рече дека ако само не сме способни да го „проветриме“ судството. Штом самите не сме способни да ги решиме проблемите, би побарал меѓународна помош во форма на некаков Прибе да го менаџира ветингот.

Истакна дека сите од листата на потенцијални амбасадори што ќе ги завршат правните и политички процедури, ќе одат, ако ги завршат до распуштање на собранието, тоа значи дека никој од 6-те кандидати нема да замине.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само интервју“ овде.

Државјанин на Црна Гора заразен од коронавирус

Државјанин на Црна Гора кој се наоѓа на крузерот „Дајмонд Принцес“ во јапонското пристаниште Јокохама, заразен е од коронавирус, соопштија од Министерството за надвореши работи на Црна Гора.

Од Министерството велат дека се очекува црногорскиот држајванин да биде префрлен од бродот во болница на копно во Јапонија.

Како што се наведува во соопштението, тој во телефонски разговор рекол дека се чувствува добро.

притисни ентер