Се омажи Николина Пишек

Венчаницата е на американската дизајнерка Моник Лилие. Водителката Николина Пишек ги објави фотографиите од венчавката со Видое Ристовиќ на фејсбук.

Николина и Видое се венчаа на 3 септември во Монте Карло. Нејзината венчаница го носи потписот за американската дизајнерка Моник Лилие. Пишек вели дека на свадбата одлично се забавувала.



- Беше феноменално! Сите ме прашуваат како се чувствувам како чесна и озаконета жена но уште не сум свесна за тоа. Славјето беше прекрасно.Сум слушала од други жени дека на својата свадба не можеш да се забавуваш но јас имав супер провод. Бевме три дена на прекрасно место и имавме среќа да имаме убаво време - изјавила Николина, пренесе 24sata.hr.
притисни ентер