Белгија денеска добива нов крал

Белгија добива нов крал - Алберт втори абдицира и му го предава тронот на својот син Филип.

79 годишниот Алберт ќе се откаже од своите права на церемонијален владетел на кралството а 53 годишниот Филип ќе положи заклетва во парламентот.

Потоа кралот Филип и кралицата Матилда ќе ги поздрават граѓаните од балконот на палатата. Ќе следува огномет и прослава.

Кралот Алберт објави дека ќе се повлече пред само три недели, поради здравствени причини, поради што немало време да се организира голен меѓународен настан. Затоа не се очекува присуство на други кралски претставници на крунисувањето на Филип. Поставувањето на новиот крал се совпаѓа со националниот празник за земјата, Денот на независноста. Ќе има и воена парада.

За разлика од неговите 5 претходници Алберт се обидуваше да ја избегне политиката колку што може повеќе, а се очекува така да се постави и Филип - јавува агенцијата АП.

притисни ентер