Протест пред седиштето на НСА во Франкфурт

Германската полиција соопштила денеска дека неколку стотици луѓе протестирале пред зградата во близината на Франкфурт за која се претпоставува дека е седиште на американската Национална безбедносна агенција НСА.

Демонстрантите со лажни фото апарати ја „сликале“ зградата, нарекувајќи го тоа „обид за шпионирање“ на добро обезбедениот воен комплекс во кој наводно се наоѓа седиштето на НСА, која спроведува тајни програми за електронско надгледување ширум светот.

Еден од демонстрантите носел шлем на кој пишувало „демократијата ве набљудува“. Портпаролката на германската полиција Андреа Леб изјавила дека на протестот учествувале околу 450 луѓе.


притисни ентер