Србинки ќе го чуваат Депеш Мод

За Дејв Гахан е планирана посебна просторија, пред која тој барал исклучиво жени во обезбедувањето, додека Мартин Гор и Енди Флечер ќе делат една просторија.

За концертот во Белград на 19-ти мај ќе бидат поставени 11 простории за бендот и менаџментот на турнејата. Членовите на бендот од аеродромот до халата на концертот ќе пристигнат со три луксузни комбиња со затемнети стакла, а нагласено е дека мора внимателно да се вози, зошто ниту еден од членовите не е љубител на брзо возење.

Депеш Мод во пресрет на концертот во Белград, освен типичните каприци на секој голем бенд имаат уште едно барање - обезбедување составено само од жени.

Во бекстејџот се планирани два шатора од 150 метри квадратни каде што ќе биде сместена кујната и личните готвачи.

За визуелните ефекти на турнејата бил задолжен познатиот фотограф и режисер Антон Корбињ.
притисни ентер