Албанскиот парламент ја изгласа спогодбата за изградба на гасоводот ТАР

Албанскиот парламент едногласно ја одобри спогодбата за изградба на трансјадранскиот гасовод ТАР, по кој ќе се пренесува синото гориво до Италија и западна Европа преку Грција, Албанија и Јадранско море.

За поддршка на спогодбата гласаа 120 од вкупно 140 пратеници во парламентот. Документот беше потпишан во февруари меѓу владата на Албанија, Грција и Италија.

Гасоводот ТАР е стратегиска шанса за Албанија и треба да продолжиме да го поддржуваме овој проект, смета владата.

Како резултат на овој проект се очекува во Албанија да бидат инвестирани околу две милијарди долари и да се создадат многу работни места, пишуваат уште весниците.

Проектот ТАР предвидува да се транспортира синото гориво од Азербејџан кон западна Европа. Изградбата на гасоводот ќе стартува во јуни.

Албанската влада разработува, исто така, и план за проширување на гасоводниот систем во земјата до 2018 година.

извор: МИА

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

„Гответе со Дракче“ - Оброк со варени јајца

Во четврток (25.04.2024) во емисијата гостин ни беше Благоја Грујовски.

Состојки за денешниот рецепт:

4 јајца

1 лажица јаболков оцет

1 лажица крупна сол

100 гр. рендан пармезан

1 коцка путер

малку бибер

неколку парчиња двопек

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

притисни ентер