Со балот под маски почна Струмичкиот карневал

Дени Делев и Верица Милушева се принцот и принцезата, кои вечер ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал.

Со синоќешниот маскембал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Учесниците на маскембалот, како што јавува МИА, за принц и принцеза на карневалот ги избраа Дени Делев и Верица Милушева кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка.

Според Александар Цицимов, претседател на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал 2013, годинава во карневалската поворка ќе има над 2.500 домашни и околу 650 учесници.

- Свое присуство на карневалот најавија 26 екипи од соседните земји, а за првпат на карневалот ќе настапи и група од збратимениот град Гроједски од Полска. Традиционално почетокот на карневалот ќе го означиме со величествен огномет, а карнеласката поворка ќе се движи по традиционалната маршрута и ќе можат да ја видат сите кои вечерва ќе бидат дел од големата веселба под маски која ќе трае до раните утрински часови, рече Цицимов.

Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој беше маскиран како „оган“, а неговата сопруга Зорица во „мраз“, вели дека Струмица е подготвена и со широко отворено срце ќе укаже добредојде на сите љубители на карневалот.

- Се надевам дека снегот кој падна ќе биде повод за уште поголемо дружење и веселба. Знам дека сите хотелски капацитети во струмица се исполнети и гостите барат сместување во соседните градови. И годинава очекуваме голема посетеност не само од домашни, туку и гости од соседна Грција и Бугарија, истакна Заев.

Животот во Струмица вечерва ќе бие во ритамот на музиката, а маската е влезница за уживање во струмичките локали, како и на централната забава во подземното паркиралиште на плоштадот „Гоце Делчев“.

Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери - празник на армасаните.

Карневалските празнувања почнаа уште во четвртокот со Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а присутните ја проследија ретроспективната изложба од фотографии на Сречко Гунчев, како и изложбата на 50 најуспешни фотографии од 12 аматерири и професионални фото-репортери од земјата и странство.

Ристо Филчев член на Здружението Евро-Визија информира дека годинава добитници на наградите се Маја Златевска и Огнен Теофиловски.
Во рамките на седумдневните карневалски празнувања утре точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе продефилираат најмалите карневалчиња, кои преку шаренилото од бои и маски ќе ја изразат својата детска фантазија.

На Чист понеделник традиционално струмичките занаетчии, со песна ќе го варат белиот посен грав зачинет со разни мирудии, а за сите гости општината подготвува заеднички ручек на струмичкото корзо. По 14-ти пат годинава во Домот на културата „Антон Панов“ ќе им бидат доделени наградите на најуспешните карикатури и афоризми на тема „Еротика“ во Струмичкиот карневал, а посетителите ќе ги слушнат и видат најдобрите афоризми и карикатури.
На предпоследниот карневалски ден во вторник, кој традиционално беше ден на големиот карневал по втор пат годинава по струмичкото корзо ќе продефилираат наградените маски од Интернационалната карневалска вечер, а наградите на најуспешните ќе им бидат дадени во Домот на културата. Наградниот фонд годинава изнесува 5.380 евра за осум категории. Традиционално вечерта маскирани лица заедно со армасникот одат во домот на армасаната девојка, која треба да открие кое е нејзиното момче. Во рамките на карневалските празнувања ќе биде промовирана книгата „Семантика на карневалот, детронизација на секојдневието“ од мр.Катерина Милушева.

Во среда на празникот Тримери по традиција струмичките свекрви со најблиските роднини со синии и подароци одат во домот на армасаната девојка, каде со посни јадења и песни со еротска содржина ја воведуваат момата во брачниот живот. Токму овој древен обред е главна тема на новата книга со наслов „Празнување на Покладни пости (Прочка) во Струмица и струмичко“ ,од мр. Наташа Василевска-Трајковска, по чија што промоција, ансамбалот „Распеани струмичани“ во Домот на културата ќе настапи со Тримерски обичаи.

Како што пишува етнологот Илија Сувариев, Струмичкиот карневал е најстара и најафтентична манифестација од ваков тип во Македонија и пошироко. Првите пишани извори се патеписите на Елија Челебија, кој уште во 1.670 година запишал дека, една ноќ бил во градот расположен во полите на еден барир, видел луѓе маскирани кои низ смеа и песна претрчувале од куќа во куќа, што, според толкувањата, укажува на градот Струмица и каневалот.

- Струмичкиот карневал секогаш се одржува во првата недела по Велигденските пости датумот се менува во зависност од тоа кога се паѓа Велигден, но секош е на Тримерските пости, кои ги практикувале армасаните, верените девојки, но и моми и нивни другарки. Тримерските пости започнувале со Прочка, а армасаната девојка или момата, не смеела три дена ниту да јаде ниту да пие. Прекршувањето на постот, бил најголем грев. Секоја армасана или мома, која тримерувала се на Тримери одела во црква и се причестувала со причест или ајазмо. Како награда за одржаниот пост, свекрвата, заедно со роднините, на Тримери напладне го посетувале домот на армасанта каде носат синии подароци. На Тримери се служи посна трпеза од специјални посни јадења, сарма, бел посен грав, варена пченка со ореви, а за слатко се служело зерде-посен сутлијаш, бела алва, ошав од сливи и суво грозје, се пиело исклучиво боза, која во ѓумови ја носела свекрвата. Ова е исклучиво женски обред, каде се пеат песни со еротска содржина, со што армасаната се воведува во обврските од брачниот живот, вели Сувариев.

Според хроничарите, први обиди за организирана форма на струмичкиот карневал се случиле на почетокот на седумдесетите години од минатиот век, но тоа траело само неколку години. Од 1991 година започнува враќањето на сјајот на струмичкиот карневал, кој од 1994 година е при-мен во Меѓународната асоцијација на карневалските градови – ФЕЕЦ, додека во 1998 година Струмица е домаќин на 18. Интернационален конгрес на карневалските градови.

Во Ѕвездениот град деновиве се живее во ритмот на карневалските случувања. За љубовта на струмичани кон оваа манифестација зборува податокот дека одредени карневалски групи постојат повеќе од десет години. Голем е бројот на поединци чиј што пагански маски останаа во витрините да сведочат за човековата креативност и имагинација. Карневалнисте маски од Струмичкиот карневал во кои пред се доминира еротиката продолжуваат со својот живот и често пати се посебни актракции на карневалите во соседните држави и подалеку.

Струмичкиот карневал како манифестација со својата афтентичност во 2009 и 2012 година стана носител на признанието „Супер бренд“ на Македонија, а големиот број гости и учесници од земјата и странство само ја потврдуваат вредноста на оваа манифестација.

Почина Афроамериканец во Охајо, откако полицаец му клечи врз вратот: Не можам да дишам (ВИДЕО)

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз вратот.

Полицијата во американската сојузна држава Охајо објави видео од Афроамериканец кој починал во локалната болница откако постојано им велел на полицајците „не можам да дишам“ додека го држеле на подот од бар, притискајќи го со коленото врз неговото грлото и му ставија лисици, потсетување на случајот со убиството на Џорџ Флојд во 2020 година.

Видеото, снимено со камера на телото на полицаецот, е објавено вчера од полициската управа на Кантон, на кое се гледа како полицајците приведуваат маж, 53-годишниот Френк Тајсон, под сомнение дека го напуштил местото на несреќата на 18 април.

Полициското одделение не било веднаш достапно да го коментира видеото, кое беше објавено на интернет од неколку локални медиуми, ниту да ги потврди деталите за инцидентот.

Видеото трае 36 минути и започнува со тоа што полицаец наидува на автомобил кој удрил во бандера, по што случаен минувач му кажува на полицаецот дека возачот побегнал во блиската кафеана.

Полицајците на видеото потоа влегуваат во барот, каде што го наоѓаат Тајсон како стои во барот. Дошло до расправија кога се обиделе да го грабнат за раце, а тој постојано викал „Се обидуваат да ме убијат“ и „Повикајте го шерифот“.

Полицајците го туркаат Тајсон на земја и му ставаат лисици. Еден од нив му го става коленото на грбот, во близина на вратот и го држи таму околу 30 секунди.

На видеото се слуша како Тајсон повторува „Не можам да дишам, не можам, тргни се од вратот“, додека полицаецот извикува „Смири се“ и „Добро си“ пред да стане.

На видеото потоа се гледа како Тајсон лежи неподвижен на подот околу шест минути, со лицето надолу, додека полицајците разговараат со газдите на барот.

Полицајците потоа го проверуваат Тајсон, кој не реагира. Се слуша како велат „Дали дише?“ и "Дали има пулс?"

Осум минути откако му ги ставиле лисиците, ги вадат и почнуваат со CPR. Болничарите потоа пристигнуваат и го носат Тајсон од барот на носилки до амбулантно возило, како што се гледа на видеото.

Тајсон починал во локалната болница, според телевизијата WKYC, филијалата на NBC во Кливленд. Ројтерс не можеле веднаш да го потврди извештајот. Официјалната причина за смртта се уште не е утврдена.

Инцидентот потсетува на случајот со друг Афроамериканец, Џорџ Флојд, и неговата смртоносна средба со полицијата во Минеаполис пред четири години. Видеото од убиството на Флојд, снимено на мобилен телефон, стана вирално на Интернет и доведе до серија протести против полициската бруталност и расизмот низ целата земја. На тоа видео, Дерек Шовин, бел полицаец, може да се види како клечи на вратот на Флојд повеќе од девет минути додека Флојд, моли за живот повторувајќи „Не можам да дишам“ пред да замолчи.

Трчал на Лондонскиот маратон и по пат испил 25 чаши вино- има 4 милиони прегледи (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кој еден од натпреварувачите е снимен како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј е трговец со вино и сега е вирална сензација откако објави видео што е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати на TikTok, на кое се гледа како пие чаша вино на секои два километри што ќе ги истрча. За да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние што може да се купат на бензинските пумпи до врвните вина. Гилби ја заврши трката за четири часа и 41 минута, вклучително со застанувањата.

@tomgilbeywine AND WE’VE ONLY DONE A VIDEO … 26.2 miles 25 wines tasted blind 7 fully correct, 4 wrong & 14 mostly right Over £10k raised for @sobell.house Donation link still open in Bio …. BIG FAT THANK YOU ❤️ #londonmarathon #marathon #blindtasting #tomgilbey ♬ original sound - Tom Gilbey

„Бев целосно исцрпен, целосно сварен, но тоа беше одличен ден“, изјавил тој. Инаку, тој се одлучил на овој подвиг за да собере пари за својата хуманитарна институција Собел Хаус во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога таа умирала, а тој успеал да собере 14.000 евра.

Се преврте автомобил, во кој што се возел контроверзен израелски министер(Вознемирувачко видео)

Контроверзниот и екстремно десничарски израелски министер за безбедност Итамар Бен-Гвир е пренесен во болница со полесни повреди по сообраќајна несреќа, соопшти полицијата.

На социјалните мрежи беа објавени снимки на кои се гледа дека автомобилот во кој патувал Бен-Гвир се превртел.

Полицијата соопшти дека ги истражува околностите на несреќата и дека повредени се и ќерката на министерот, телохранителот и возачот. Неговиот кабинет соопшти дека министерот бил во „добра состојба“ по несреќата.

Израелските медиуми објавија снимка од превртување на црн автомобил на патот, цитирајќи сведок дека автомобилот поминал на црвено светло.

На едно видео се гледа како автомобилот на министерот, откако помина на црвено светло, удира во автомобил што доаѓа од другата насока.

Бен-Гвир бил во градот Рамле во близина на Тел Авив, каде го посетил местото на кое се случил напад со нож. Шефот на полицијата на округот Ави Битон изјави дека 21-годишен маж, за кого се вели дека бил психички нестабилен, избодел 19-годишна жена.

притисни ентер