КултураСо балот под маски почна Струмичкиот карневалДени Делев и Верица Милушева се принцот и принцезата, кои вечер ќе ја предводат триилјадната интернационална поворка под маски на традиционалниот Струмички карневал.Со синоќешниот маскембал во хотелот Сириус официјално почна годинашниот Струмички карневал 2013. Учесниците на маскембалот, како што јавува МИА, за принц и принцеза на карневалот ги избраа Дени Делев и Верица Милушева кои заедно со кралот, актерот Ване Крстев, ќе ја предводат интернационалната карневалска поворка. Според Александар Цицимов, претседател на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал 2013, годинава во карневалската поворка ќе има над 2.500 домашни и околу 650 учесници. - Свое присуство на карневалот најавија 26 екипи од соседните земји, а за првпат на карневалот ќе настапи и група од збратимениот град Гроједски од Полска. Традиционално почетокот на карневалот ќе го означиме со величествен огномет, а карнеласката поворка ќе се движи по традиционалната маршрута и ќе можат да ја видат сите кои вечерва ќе бидат дел од големата веселба под маски која ќе трае до раните утрински часови, рече Цицимов. Градоначалникот на Струмица Зоран Заев, кој беше маскиран како „оган“, а неговата сопруга Зорица во „мраз“, вели дека Струмица е подготвена и со широко отворено срце ќе укаже добредојде на сите љубители на карневалот. - Се надевам дека снегот кој падна ќе биде повод за уште поголемо дружење и веселба. Знам дека сите хотелски капацитети во струмица се исполнети и гостите барат сместување во соседните градови. И годинава очекуваме голема посетеност не само од домашни, туку и гости од соседна Грција и Бугарија, истакна Заев. Животот во Струмица вечерва ќе бие во ритамот на музиката, а маската е влезница за уживање во струмичките локали, како и на централната забава во подземното паркиралиште на плоштадот „Гоце Делчев“. Струмичкиот карневал е вековна традиција во градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери - празник на армасаните. Карневалските празнувања почнаа уште во четвртокот со Концертот под маски на Музичкото училиште „Боро Џони“, а присутните ја проследија ретроспективната изложба од фотографии на Сречко Гунчев, како и изложбата на 50 најуспешни фотографии од 12 аматерири и професионални фото-репортери од земјата и странство. Ристо Филчев член на Здружението Евро-Визија информира дека годинава добитници на наградите се Маја Златевска и Огнен Теофиловски. Во рамките на седумдневните карневалски празнувања утре точно напладне на плоштадот „Гоце Делчев“ ќе продефилираат најмалите карневалчиња, кои преку шаренилото од бои и маски ќе ја изразат својата детска фантазија. На Чист понеделник традиционално струмичките занаетчии, со песна ќе го варат белиот посен грав зачинет со разни мирудии, а за сите гости општината подготвува заеднички ручек на струмичкото корзо. По 14-ти пат годинава во Домот на културата „Антон Панов“ ќе им бидат доделени наградите на најуспешните карикатури и афоризми на тема „Еротика“ во Струмичкиот карневал, а посетителите ќе ги слушнат и видат најдобрите афоризми и карикатури. На предпоследниот карневалски ден во вторник, кој традиционално беше ден на големиот карневал по втор пат годинава по струмичкото корзо ќе продефилираат наградените маски од Интернационалната карневалска вечер, а наградите на најуспешните ќе им бидат дадени во Домот на културата. Наградниот фонд годинава изнесува 5.380 евра за осум категории. Традиционално вечерта маскирани лица заедно со армасникот одат во домот на армасаната девојка, која треба да открие кое е нејзиното момче. Во рамките на карневалските празнувања ќе биде промовирана книгата „Семантика на карневалот, детронизација на секојдневието“ од мр.Катерина Милушева. Во среда на празникот Тримери по традиција струмичките свекрви со најблиските роднини со синии и подароци одат во домот на армасаната девојка, каде со посни јадења и песни со еротска содржина ја воведуваат момата во брачниот живот. Токму овој древен обред е главна тема на новата книга со наслов „Празнување на Покладни пости (Прочка) во Струмица и струмичко“ ,од мр. Наташа Василевска-Трајковска, по чија што промоција, ансамбалот „Распеани струмичани“ во Домот на културата ќе настапи со Тримерски обичаи. Како што пишува етнологот Илија Сувариев, Струмичкиот карневал е најстара и најафтентична манифестација од ваков тип во Македонија и пошироко. Првите пишани извори се патеписите на Елија Челебија, кој уште во 1.670 година запишал дека, една ноќ бил во градот расположен во полите на еден барир, видел луѓе маскирани кои низ смеа и песна претрчувале од куќа во куќа, што, според толкувањата, укажува на градот Струмица и каневалот. - Струмичкиот карневал секогаш се одржува во првата недела по Велигденските пости датумот се менува во зависност од тоа кога се паѓа Велигден, но секош е на Тримерските пости, кои ги практикувале армасаните, верените девојки, но и моми и нивни другарки. Тримерските пости започнувале со Прочка, а армасаната девојка или момата, не смеела три дена ниту да јаде ниту да пие. Прекршувањето на постот, бил најголем грев. Секоја армасана или мома, која тримерувала се на Тримери одела во црква и се причестувала со причест или ајазмо. Како награда за одржаниот пост, свекрвата, заедно со роднините, на Тримери напладне го посетувале домот на армасанта каде носат синии подароци. На Тримери се служи посна трпеза од специјални посни јадења, сарма, бел посен грав, варена пченка со ореви, а за слатко се служело зерде-посен сутлијаш, бела алва, ошав од сливи и суво грозје, се пиело исклучиво боза, која во ѓумови ја носела свекрвата. Ова е исклучиво женски обред, каде се пеат песни со еротска содржина, со што армасаната се воведува во обврските од брачниот живот, вели Сувариев. Според хроничарите, први обиди за организирана форма на струмичкиот карневал се случиле на почетокот на седумдесетите години од минатиот век, но тоа траело само неколку години. Од 1991 година започнува враќањето на сјајот на струмичкиот карневал, кој од 1994 година е при-мен во Меѓународната асоцијација на карневалските градови – ФЕЕЦ, додека во 1998 година Струмица е домаќин на 18. Интернационален конгрес на карневалските градови. Во Ѕвездениот град деновиве се живее во ритмот на карневалските случувања. За љубовта на струмичани кон оваа манифестација зборува податокот дека одредени карневалски групи постојат повеќе од десет години. Голем е бројот на поединци чиј што пагански маски останаа во витрините да сведочат за човековата креативност и имагинација. Карневалнисте маски од Струмичкиот карневал во кои пред се доминира еротиката продолжуваат со својот живот и често пати се посебни актракции на карневалите во соседните држави и подалеку. Струмичкиот карневал како манифестација со својата афтентичност во 2009 и 2012 година стана носител на признанието „Супер бренд“ на Македонија, а големиот број гости и учесници од земјата и странство само ја потврдуваат вредноста на оваа манифестација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 9. ноември 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат. Кариера Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго. Здравје и совет Обидете се да бидете полежерни. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти. Кариера Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди. Здравје и совет Разделете ја реалноста од фантазијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Кариера Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане. Кариера Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени. Здравје и совет Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба. Кариера Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство. Здравје и совет Бидете трпеливи во љубовта. Овен 21.3-20.4. Љубов Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Кариера Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право. Здравје и совет Искреноста е доблест. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Кариера Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Здравје и совет Бидете искрени кон себеси и кон другите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа. Кариера Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате. Кариера Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм. Здравје и совет Не сте на трка . Опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Кариера Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Здравје и совет Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна. Кариера Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа. Здравје и совет Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате. Кариера На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина. Здравје и совет Ја одржувате добрата форма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир ГајдовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„На кавга со Иван“ - Слаѓана ТасеваВечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана ТасеваКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook