Есма со нова изјава: „Пред да се раздени“ ќе ја запали Европа!

Наспроти изјавата за Нова Македонија во која вели дека е разочарана што Империја е заменета со нова песна, во официјалното соопштение испратено денеска, Есма вели дека „Пред да се раздени“ ќе ја запали Европа!

На неколку часа пред официјалната промоција на евровизиската песна „Пред да се раздени„ во официјалното соопштение од Пи Ар менаџерите стои дека Есма и Влатко се задоволни од песната и убедени во висок пласман.

„Верувам во „Пред да се раздени“. Во песната максимално доаѓаат до израз моите и вокалните способности на Есма и сигурен сум дека одлично ќе ја претставиме Македонија во Шведска. Во наредниот период ќе бидеме сконцентрирани на осмислување на сценскиот настап и на нашата изведба таму“,изјавува Лозано.

„Како докажан профсионалец, и познвач на правилата на ЕБУ, целосно се согласувам со одлуката на МРТ за промена на песната, што го гледам како нејзино право, кое и е овозможено со закон. Беше почитувана желбата на граѓаните на Македонија и по нивна сугестија се прифати нова песна. И мене лично многу ми значи мислењето на мојот народ, затоа што овој ист народ е заслужен што јас сум денес големо име. Песната е спој на модерното и традиционалното, по мое мислење, нешто што ќе ја запали Европа. Очекувам добар пласман и голем успех за Македонија“, вели Есма.

„Направен е спој што до максимум ги извлекува вокалните можности на Есма и Лозано. Оваа песна е модерна со примеси на ромска музика по која Есма е насекаде во светот препознатлива како уметник. На овој начин се спојуваат два различни стилови во еден производ достоен за наше претставување на Евросонг. Името на Есма, нејзиниот квалитет во изведувањето на ромската музика познат во светски рамки, со одличниот вокал на извонредниот Лозаноски ќе биде одличен начин за наше претставување во Малме„, истакна Љупчо Мирковски, шеф на делегацијата за Малме од МТВ.

Овогодишниот музички натпревар за Евровизија ќе се случува во третиот град по големина во Шведска, Малме. Евровизискиот избор ќе се одржи на 14, 16 и 18 мај во мултифункционалната Арена Малме која има капацитет за 15 000 гледачи концерти и 13 000 за спортски натпревари. На 58 по ред издание на Еврвизија, музичките сили и гласовните способности ќе ги измерат 39 земји од Европа. Нашите претставници, Влатко Лозановски и Есма Реџепова ќе настапат на втората полуфинална вечер.

Македонската верзија на песната која го носи насловот „Пред да се раздени“, гледачите ќе имаат можност да ја слушнат денеска, 15.03.2013, во Дневникот, во 19:30 часот.

За прв пат во историјата на Македонската радио телевизија се направи целосна промена на евровизиската песна, а сето тоа се должи на острите критики кои ги упати македонската јавност. Од националниот сервис тврдат дека изборот за песна треба првенствено и единстено да и припадне на широката јавност и поради тоа се одлучиле на таков драстичен чекор, комплетно променета и целосно нова песна - стои во соопштението..

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер