Мркоњиќ: Време е Милошевиќ да добие улица

На седумгодишнината од смртта во затворот во Шевенинген, Слободан Милошевиќ треба да добие барем име на улица, смета српскиот министер за сообраќај и потпретседател на Социјалистичката партија , Милутин Мркоњиќ.

Тој  во  Пожаревац , каде што е погребан поранешниот српски претседател , изјави дека кон Милошевиќ чувствува длабока почит и оти го доживува како историска личност. 
 
Смртта го пресели во историјата, а како годините минуваат сликата за него ќе биде се побистра. Се надевам дека еден ден ќе прошетам низ Белград по улица што ќе го носи неговото име.
 
Ваквата изјава на српскиот министер за сообраќај предизвика големо внимание во сите медиуми во регионот.
 
притисни ентер