Венчавките на Бред Пит и Џенифер Анистон во исто време?

Гостите ќе бидат на вистински тест - за која славна свадба да се одлучат!

Холивудските ѕвезди ќе се најдат во непријатна ситуација да бидат избришани како пријатели на еден од паровите кои најверојатно ќе прават свадба во исто време!

Ако се решат за Анистон и Тероу, ќе им се налутат Џоли и Пит, и обратно.

Имено, Бред Пит и Анџелина Џоли планираат да се венчаат по Канскиот фестивал, а во тоа време ќе се одржи и венчавката на поранешната сопруга на Бред Пит, Џенифер Анистон со Џастон Тероу.

Се уште нема потврда дали баш свадбите ќе се поклопат во ист ден, но ако тоа се случи, тешко на поканетите!
притисни ентер