Артета: Против Баер го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона - Канал 5

Артета: Против Баер го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона

 Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде свое видување за триумфот од 2:0 над Баер Леверкузен остварен синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Артета: Против Баер го одигравме нашиот најдобар натпревар оваа сезона

- Арсенал се претстави одлично. Добро почнавме, целосно доминиравме и создадовме многу шанси пред голот на Баер. Голманот го држеше Леверкузен во игра долго време во првото полувреме. Игравме одлично и индивидуално и како тим. Ова е нашиот најдобар настап оваа сезона, истакна Артета.

За следниот противник има високо мислење и очекува два тешки натпревара.

- Натпреварите со Спортинг? Ги победивме минатата сезона, но ова ќе биде различно. Го гледав првото полувреме од нивниот натпревар со Бодо. Тие се тим од врвна класа. Нема да биде лесно, изјави Артета на официјалната веб-страница на УЕФА.

Арсенал го елиминира Баер Леверкузен со вкупни 3:1 и се пласира во четвртфиналето каде што ќе се соочи со Спортинг Лисабон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио: „Не сме нападнати“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека нема докази оти неодамнешните технолошки дефекти кај американските авиокомпании, банки и технолошки фирми се поврзани или се резултат на сајбер-напад.

Рубио: „Не сме нападнати“

„Не сме изложени на систематски напад. Овие настани немаат никаква меѓусебна поврзаност“, изјави Рубио, откако зачестените технички проблеми поттикнаа шпекулации за можна координирана акција, пренесува Би-Би-Си.

Прекините во функционирањето ги зафатија услугите на „Мајкрософт“ и „Епл“, банката „Џеј Пи Морган Чејс“ и компанијата „Јунајтед ерлајнс“, а поради технички дефект, сите летови во САД беа запрени во траење од повеќе од четири часа.

Привремено недостапна беше и внатрешната комуникациска мрежа на Агенцијата за национална безбедност на САД.

Американски претставници и експерти за сајбер безбедност изјавија дека нема докази оти инцидентите се поврзани, како и дека проблемите настанале поради технички дефекти и ажурирање на застарени системи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Холивудската ѕвезда, актерката Ен Хатавеј го доби своето трето дете со сопругот, филмскиот продуцент Адам Шулман.

Ен Хатавеј го роди своето трето дете: Беше обвинета дека ја лажира бременоста, сега е видена со бебето во Њујорк

Мегапопуларната актерка е забележана на прошетка во Њујорк, а фотографиите на кои се гледа како носи новороденче во носилка открија дека во нивното семејство пристигнал нов член.

43-годишната актерка беше сама за време на прошетката, со постојана насмевка на лицето додека внимателно се грижеше за бебето. Фотографиите беа објавени од медиумот TMZ.

Ѕвездата од филмовите „Дневниците на принцезата“ и „Клетници“ сè уште нема дадено јавна изјава во врска со раѓањето на нејзиното трето дете, затоа, засега не се познати ниту името, ниту полот на бебето.

Ен и нејзиниот сопруг Адам веќе имаат два сина. Нивниот постар син, Џонатан, има десет години, додека помладиот, Џек, овој месец ќе го прослави својот седми роденден.

Актерката уште во јуни ја сподели веста дека повторно е бремена, објавувајќи фотографија на Инстаграм на која се гледаше нејзиниот труднички стомак.

На фотографијата таа е прикажана во бело здолниште и краток топ, со опис: „x Бебе, јас сум твоја x“.

Два месеца подоцна, Ен гордо го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих, на премиерата на филмот „Крајот на улицата Оук“ (The End of Oak Street).

За таа пригода, таа се одлучи за фармерки со низок струк и лелеава блуза; споделувајќи снимки од подготовките за настанот, таа истовремено одговори на шпекулациите дека ангажирала сурогат-мајка и дека носи вештачки труднички стомак.

„Лажна коса, вистински стомак“, изјави тогаш актерката.

Ен Хатавеј и Адам Шулман стапија во брак во Калифорнија во септември 2012 година. Тие го добија својот прв син, Џонатан, во март 2016 година, додека нивниот втор син, Џек, се роди во ноември 2019 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)

Кинескиот претседател Си Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен, по повод неговото пристигнување на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC).

Си отстапи од протоколот поради Трамп – лично го пречека на аеродромот (ВИДЕО)

Со овој гест, Си отстапи од вообичаената практика.

Откако стана шеф на државата, Си никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродром. Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Си на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг им ја придава на односите со Соединетите Држави.

Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата вообичаено не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен претходно денес, беше пречекан од Цаи Ќи, шефот на кабинетот на Си – што, само по себе, се сметаше за невообичаено високо ниво на почест.

Овој потег уследи по настанот од претходно оваа година, кога Трамп лично го пречека Си при неговото пристигнување во воената база „Џоинт бејс Ендрјус“ во Соединетите Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер