Артета: Многу суптилни детали одиграа одлучувачка улога во натпреварот со Челзи - Канал 5

Артета: Многу суптилни детали одиграа одлучувачка улога во натпреварот со Челзи

 Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги искажа впечатоците за синоќешниот натпревар со Челзи во реваншот од полуфиналето на Англискиот лига куп.

Артета: Многу суптилни детали одиграа одлучувачка улога во натпреварот со Челзи

„Топчиите“ победија со 1:0 и се пласираа во финалето.

- Беше важна вечер и заврши совршено за нас. Знаевме дека ќе биде многу тежок натпревар. Арсенал се бореше многу добро и разбра што треба да направи. Тоа беше натпревар каде што многу суптилни детали играа одлучувачка улога. Победата на овој турнир ќе ја зголеми самодовербата, енергијата и довербата на сите нивоа. Кога ќе го направите тоа еднаш, полесно е да успеете втор пат. Играчите се уште поубедени дека можеме да одиме до крај, без разлика против кого играме. Тоа е она што тие треба да го покажат секој ден. Сега треба да го повториме тоа во Премиер лигата на следниот натпревар, изјави Артета за „BBC“.

Противникот на Арсенал во финалето ќе биде одреден вечер по натпреварот Њукасл - Манчестер сити. Првиот натпревар заврши со победа на Сити со 2:0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

Мала средба што потсетува зошто ја чуваме Шар Планина, стои во објавата на Фејсбук.

Вработените го НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња (ВИДЕО)

При теренска обиколка, вработените во НП Шар Планина имаа несекојдневна средба со две мали срниња. Тие накратко се стрчале кон нив, веројатно во потрага по својата мајка, а потоа мирно се вратиле во шумата.

Станува збор за многу млади срни, стари најверојатно само неколку недели, што може да се забележи по нивните карактеристични бели дамки. Иако нивното однесување понекогаш може да изгледа збунувачки, младенчињата најчесто не се напуштени. Мајката обично се наоѓа во близина и периодично се враќа да ги дои и заштити.

Срните биле во добра здравствена состојба, без знаци на повреда или дехидрација, па затоа и биле оставени во нивното природно живеалиште за повторно да се сретнат со мајката.

Ова е и важна порака до сите посетители на планината: кога ќе наидете на младенче од диво животно, најголемата помош што можете да му ја дадете е да му обезбедите мир. Не го допирајте, не го преместувајте и не го носете со себе.

Шар Планина е дом на безброј диви приказни, да ѝ дозволиме на природата да го следи својот тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Започнува реконструкција на улица Трифун Бузев

Општина Карпош започнува акција за санирање на дел од улицата Трифун Бузев во населбата Карпош 4.

Општина Карпош: Започнува  реконструкција на улица Трифун Бузев

Станува збор за поставување на нова асфалтна база на коловозот во должина од 112 метри, работа на долниот строј, како и замена на рабниците и бекатон плочките долж пешачката патека. Во таа насока ќе бидат реконструирани и двата паркинга кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот, со поединечна должина од 80 метри.

По тој повод, заменик – градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски беше на увид на градежните работи кои се одвиваат на оваа улица.

Целата оваа реконструкција ќе трае од 30 до 40 работни денови и ги замолувам граѓаните кои живеат на самата улица и во близина на истата да бидат трпеливи. Општината и во иднина ќе инвестира во модернизација и подобрување на инфраструктурната мрежа на целата територија на Карпош - истакна Крстевски.

Изведувач на градежните работи е фирмата „Филип Инженеринг ДООЕЛ“, а целосниот зафат чини 8.441.538 денари. Средствата ги обезбеди Владата на РМ, а во случајов Општина Карпош ја доби оваа финансиска поддршка, откако изработи проект и аплицираше со него на Јавниот повик кој го распиша Министерството за локална самоуправа.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

УХМР: Под влијание на топла воздушна маса до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло

Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 39°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер