Арсовски: Заев се обидува со неправна гимнастика политички да влијае врз правото во државава

Зоран Заев се обидува со неправна гимнастика политички да влијае врз правото во државава, рече на прес конференција портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ, Димче Арсовски.

На дело се случува рушење на правната држава и правниот систем, со цел Зоран Заев да создаде нова Катица на местото на Катица Јанева и на тој начин да продолжи политичкиот прогон, монтираните случаи против политичките неистомисленици, рекетирањето и Луј Витон правосудството.

Но филмот „Како Зоки замислува правда", не може да се случи. Тоа не го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа го говорат и правните експерти и познавачи на проблематиката.

Брзоплети и експериментални решенија по нарачка на Заев наместо право и правна држава може да донесат само нов хаос и правен пазар.

Имено, надлежноста на СЈО беше дефинирана со специјален закон и предметите кои тоа ги водеше, а кои произлегоа од нелегално прислушкуваните материјали. СЈО согласно овој закон беше ЕДИНСТВЕНО надлежно за овие предмети и имаше јасно дефинирани ингеренции, рокови и одредби и истите може да се менуваат само со нов закон донесен исто во Собранието со согласност на политичките субјекти како и пред 4 години.

Второ не постои одредба во законот со која може предметите да се пренесуваат туку така на Јавното обвинителство, уште помалку кога носителот на претходните надлежности, Специјалната обвинителка Катица Јанева е во притвор и со сомнителни пола куцани, пола рачно пишувани писма, без печат и непотврден потпис им ги предава на некоја друга важна институција од ваков ранг. Вака ни бавча за садење не се пренесува во надлежност, а не пак обвинителски акти. Дотолку повеќе што со ова се крши членот 60 од законот за Јавното обвинителство каде е предвидено – јавниот обвинител се оддалечува од вршењето на функцијата за време додека се наоѓа во притвор, тој може да биде оддалечен од вршењето на функцијата за време додека трае истрагата за кривично дело или кога е поведена дисциплинска постапка за негово разрешување, одлука за оддалечување на јавниот обвинител од функцијата во случаите од ставовите (1) и (2) на овој член донесува јавниот обвинител на Република Македонија.

Правна држава подразбира почитување на Законите и Уставот. Прекршувањето на овој член од страна на Јовески може да биде санкционирано со член 353 ставoви 1, 2 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Не може правните вратоломии на Заев, без ново законско решение, да создаде нова продолжена маша за политички уцени од една страна, но и амнестија на криминалите на оваа власт што во моментов ги прави од друга страна.

Законите важат за сите, вклучително и за Заев, и за Катица Јанева, Јовески, Рускоска, Кики, Фрики, Шеки, Баки и сите останати ликови кои директно или индиректно се вмешани со чинење или нечинење во мега скандалот рекетарски октопод.

Јавноста виде и слушна каков криминал е правен, со амин и поддршка на власта и не може таквиот криминал да се амнестира, или забошотува, туку мора целото клопче да се одмота до крај, до главата на октоподот кој се наоѓа во власта на Зоран Заев и СДСМ.

Обидите да се создаваат решенија по мерак на Заев со кои Луј Витон правосудството ќе гони и ќе амнестира надвор од законот е атак директно врз правдата во Република Македонија.

Правдата ќе победи и тоа ќе биде конечниот крај на оваа криминогена власт предводена од Зоран Заев, рече Арсовски.

Стапката на невработеност во Германија изнесува 5,9 отсто

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Сезонски прилагодената стапка на невработеност во Германија во април изнесуваше 5,9 отсто, што е исто како и во претходните четири месеци, а бројот на невработени се зголеми месечно за 13.000 на 2,732 милиони, соопшти денеска германската Сојузна агенција за труд.

Невработеноста во Германија сè уште е на највисоко ниво од мај 2021 година.

Највисока невработеност традиционално е забележана во германските сојузни покраини Бремен и Берлин, а најниска во Баварија и Баден-Виртемберг.

За априлската статистика, Агенцијата користела податоци кои биле достапни до 15-ти во месецот, пренесува порталот Wirschaftsvohe.

„На пазарот на трудот сè уште му недостига силна поддршка на економијата, така што пролетното закрепнување останува слабо“, изјави членот на управниот одбор на Агенцијата, Даниел Терзенбах.

Побарувачката за работници исто така благо опаѓа, но и натаму е на многу високо ниво.

Агенцијата за труд во април регистрирала 701.000 слободни работни места во Германија, што е за 72.000 помалку од пред една година.

Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина

Ново бебе алпака може да се погледне во скопската Зоолошка градина, информираат денеска оттаму, преку социјалната мрежа „Фејсбук“.

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина, која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Во Зоолошката градина во Скопје, овој месец се роди и двогрба камила од фамилијата Бактријан.

Мицкоски: Дел од економските проекти во Платформа 1198 се предлози од бизнис заедницата

Дел од економските проекти во Платформа 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се предлози од бизнис заедницата, ќе ја направиме Македонија просперитетна држава за сите.

Денеска со Стопанската комора Северо - Западна Македонија имавме навистина еден квалитетен состанок.

Состанок на кој што можевме да разговараме за економската програма која што е составен дел на Платформата 1198. Дел од проектите и предлозите кои што ги имаше Стопанската комора се содржани во самата програма Платформа 1198 бидејќи како што кажа претседателот на Комората, ова не е прва состанок, имавме неколку состаноци претходно, и тимови од ВМРО-ДПМНЕ има состаноци со претставници на Комората.

Мислам дека сето она кое што е реално, кое што можеме да го оствариме ние го опфативме во самата предизборна програма и цениме дека тоа во најголема мера ќе биде одговор на реалните потреби на бизнис заедницата.

Секако секој совет од реалниот сектор, секој совет кој што доаѓа од бизнис заедницата кој што се темели на реални искуства за нас е добре дојден. Човек учи додека е жив, не смееме да бидеме луѓе кои што нема да прифаќаат совети и ќе престанат да учат.

Јас сум барем човек кој што сака континуирано да разговара и низ еден дијалог сите заеднички да дојдеме до она што е за нас заедничка цел, а тоа е да имаме држава просперитетна, држава која што вистински ќе биде европска по сите параметри. Држава која што граѓаните ќе остануваат, а не да се селат. И Македонија која што ќе биде држава за сите, подеднакво буквално за сите. И држава во која што ќе можеме сите да бидеме среќни.

Благодарност до Комората, благодарност до претседателот кој што навистина секогаш кога сме имале состанок, состанокот бил во еден конструктивен амбиент, пријателски, амбиент во кој што можеме да извлечеме максимум, а потоа и сето тоа да го примениме.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕЦентар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер