Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
МакедонијаАрсовски: Владата на СДСМ ја продава АД Славија за 218.535 евра, која вреди над 20 милиони евраВладата на СДСМ и криминалниот картел од Струмица кој што е на чело со премиерот во заминување Зоран Заев се подготвува да ја продаде АД Славија, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната, влеи Арсовски.Почитувани, Се подготвува еден од најбруталните, најбесрамните и најбескурпулозните грабежи на државен имот, односно на Република Македонија по принципот на старата школа на СДСМ како од 90тите години кога беа приватизирани над 600тини фирми во Република Македонија кои што беа имот на државата. Обезвредни државен имоти најпрво беа симнати буквално на 0 за потоа да може да дојде некој за багател да ги купи и да заработи милиони евра на грб на државата. Почитувани, Владата на СДСМ и криминалниот картел од Струмица кој што е на чело со премиерот во заминување Зоран Заев се подготвува да ја продаде АД Славија, односно да ја купи некој со нивни амин за багателна цена, далеку од онаа вредносната АД Славија која што има вредност со целиот свој имот, со сите свои објекти од над 20 милиони евра целата фирма, власта на СДСМ, власта на премиерот во заминување Зоран Заев сака да го продаде целиот тимот, целото земјиште, сите објекти на АД Славија и целата фирма АД Славија за 218.535 евра, односно 4285 акции по цена замислете од 51 евро по акција и тоа на само 2 дена пред новата година. Ова е лудило кое што го достигна врвот менаџиран од Зоран Заев и власта. Ајде сега да ја разгледаме целата постапка. Најпрвин, никаде, ама баш никаде Влада на Република Македонија нема направено нова проценка, согласно законските обврски од Бирото за судски вештачења, која што би ја нарачало нормално владата за да се утврди колку чини имотот, објектите и целата фирма АД Славија. За да се продаде државна фирма или АД треба да се направи проценка на имот, па потоа да се одреди цена колку би била една акција. Ниту директорот на АД Славија, ниту Владата, ниту Агенцијата за одземен имот не им текнало да направат проценка на имот. Зошто? Затоа што тие се соучесници и така им е наредено од мафијата на власт, за да може да ја купи власта АД Славија, односно блиски луѓе до власта бизнисмени за 218.535 евра. Замислете имот, фирма, објекти кои чинат 20 милиони евра некој близок до Заеви да го купи само за 218 илјади евра. Ако се прави проценка со актуелна фактичка состојба, АД Славија ќе се увиди дека вреди повеќе од 20 милиони евра и кога ќе се одбие долгот којшто го има најверојатно според информациите од 4-5 милиони евра, сепак фирмата ќе вреди 15 милиони евра и тогаш една акција не би била 51 евро, туку би била неколку илјади евра. Замислете, само управната зграда ако ја погледнете, а сите ја знаат управната зграда до Универзитетот ФОН, ќе сфатите дека чини десетина милиони евра, само таа, а не пак целата фирма со сите свои пропратни објекти и имоти да чини 218 илјади евра. Еве уште еднаш огласот од Агенцијата за одземен имот, којшто го распишува за продажба на АД Славија по акција од 51 евро. Ова е брутален грабеж, ова е грабеж на граѓаните и ова е грабеж на државата. Власта во заминување сака за без пари да присвои имот од државата. Јавно го прашуваме и директорот на АД Славија, којшто според ова коешто го гледаме е соучесник, но и Владата на Република Македонија, дали и по чија насока од криминалниот картел, оваа продажба е подготвувана за да ја купи близок човек до Заеви? Кој треба да ја купи оваа фирма за 218 илјади евра? Вклучително, јавно повикуваме, дека оваа продажба не смее да се случи со вакво обезвреднување на имотот и мора веднаш да прекине. Срамота е што закажуваат продажба на државен имот за стотици пати пониска цена, само затоа што така им текнало и тоа на два дена пред Нова година. Не смее имотот на граѓаните да биде продаден за 100 пати помала сума на пари. Следниве денови ќе следуваат детали за целата оваа криминална постапка, ја поседуваме целата документација и соодветно ќе постапуваме до институциите и органите. Нека бидат свесни дека не може да ја раскичмуваат повторно Република Македонија како во 90-тите години кога над 200 илјади луѓе останаа без работа и кога над 600 фирми беа затворени, односно приграбени од СДСМ. Сега повторно со истите шеми. Затоа повикуваме и до медиумите и до институциите бурно да го следат процесот и она што е најважно да се сочува државниот имот за да не се продаде за ваква безвредна цена има и закони и прописи во оваа држава кои мора да се почитуваат. Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!По повод 22 Ноември - Денот на албанската азбука, упатувам искрени честитки до сите припадници на албанската заедница, напиша на својот профил на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. Јазикот, писмото и културното наследство се темелни вредности на секој народ и важен дел од неговиот идентитет. Нивното почитување не нè разделува, туку нè зближува и нè прави побогати како општество. Нашата заедничка одговорност е да градиме држава во која различностите ќе бидат вредност, еднаквоста принцип, а меѓусебната почит темел на заедништвото. Да градиме општество во кое единството нема да ги негира, туку ќе ги почитува различностите. Општество во кое секој граѓанин ќе се чувствува еднакво почитуван, прифатен и вреднуван. Честит 22 Ноември - Денот на албанската азбука!- стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСо сезонска ски-карта може да скијате во четири земји, важи за три дена уживање на снеготСе приближува скијачката сезона, а новиот договор овозможува користење на ски-билети во неколку ски-центри во регионот. Уживајте во скијањето на Јахорина, Копаоник и на други дестинации.Вистинската зима сè уште не пристигнала, а љубителите на скијањето веќе се подготвуваат за својот омилен дел од годината и за активностите на снегот. Покрај опремата и изборот на ски-центри, скијачите водат сметка и за ски-билетите, чии цени се разликуваат од едно до друго скијалиште. Затоа, претставници на ски-центри од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Словенија одлучија да им овозможат полесно уживање во зимските чари. Имено, на Јахорина беше потпишан договор за регионална соработка, наречен „SKI REGION“, кој предвидува заемно признавање на сезонските ски-билети и можност за нивно користење во траење од три дена во партнерските ски-центри. Договорот е потпишан со цел поврзување на регионалните ски-центри, подобрување на туристичката понуда и заедничка промоција на зимскиот туризам. Генералниот директор на Олимпискиот центар „Јахорина“, Игор Жиљак, изјави дека сопствениците на сезонски ски-билети за Јахорина ќе можат да скијаат три дена на Бјелашница, како и по три дена во партнерските ски-центри во Словенија, Србија и Црна Гора. „Сите ски-центри во регионот се согласија нашите сезонски билети да важат во центрите со кои имаме потпишано договор, за три дена скијање. Се надевам дека на овој начин на туристите ќе им овозможиме подобро скијање и поубава атмосфера“, рече Жиљак. Тој изрази очекување дека договорот ќе придонесе за промоција на зимскиот туризам и за зголемување на интересот за регионалните ски-дестинации, вклучувајќи ги Јахорина, Бјелашница и Копаоник, пренесува сараевскиот портал „Кликс“ (Klix). Почетокот на зимската скијачка сезона се разликува од планина до планина, а на Копаоник е планиран за 3 декември, кога ќе се одржи настанот „Ski Opening“. Првиот ден, скијањето ќе биде бесплатно. Се разбира, почетокот може да се промени во зависност од условите на теренот.Тагови: снег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе запали фабрика во Индонезија, најмалку седум загинатиБројот на загинати во пожар во фабрика за слатки на островот Јава во Индонезија се зголеми на најмалку седум лица, додека бројот на исчезнати се зголеми на околу 50, соопшти денеска индонезиската полиција.Пожарот избувнал синоќа, а пожарникарите продолжија да ги гаснат преостанатите жаришта повеќе од 24 часа по неговото избувнување, пренесува Ројтерс. Според надлежните, поради силината на пожарот, визуелна идентификација на жртвите не е можна, поради што се земаат ДНК-примероци од членовите на семејствата, како и лични предмети на исчезнатите работници. #BREAKING: 3 dead, over 30 missing after candy factory fire in Serang, Indonesia. https://t.co/sCMHPWPYH2 — Insider (World News) (@InsiderWN) November 22, 2026 Полицискиот службеник задолжен за идентификација на жртвите од несреќата, Вахју Хидајати, изјави дека процесот на идентификација би можел да трае две до три недели. Сопственикот на фабриката на прес-конференцијата изјави дека во фабриката имало околу 300 луѓе за време на смената кога синоќа избувна пожарот. Надлежните соопштија дека истрагата за причините за пожарот е во тек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33