Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли и репресија врз граѓаните - Канал 5

Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли и репресија врз граѓаните

Она што го говоревме неколку години наназад откако СДСМ и Зоран Заев и кланот Заеви се на власт, сега овој период веќе се потврдува, рече на прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски: Вице Заев давал наредби за палење коли и репресија врз граѓаните

Мафија владее со Република Македонија. Вчерашните аудио материјали тоа го потврдуваат. Вчера бевме сведоци и ние и целата јавност како член на подземјето Горан Димовски од Битола викан Тушникот, човек најверојатно со сомнително минато, а не академско, кажува јасно и гласно дека добил зелено светло директно од Вице Заев, брат на Зоран Заев кој беше премиер на државата и претседател во моментов на СДСМ, да запали автомобил на некој кој не е член на СДСМ, само и само да го потисне и да му упати порака со закана и не само него, ами ќе ги потиснел и сите други кои што не биле за СДСМ.

Предлагам да чуеме дел од материјалот кој излезе вчера во медиумите.

Ете почитувани, овој материјал покажува како функционира власта на Заеви, со уценување, рекетирање, но и со сеење на страв на политичките противници кои не мислат како Зоран Заев и СДСМ. Тоа што Заеви комуницираат со подземјето и не е некоја новост, но новост е дека тие директно издавале наредби, според она што можевме да го чуеме.

Дополнително од овој материјал доколку се слушне целиот, дознавме дека кланот Заеви освен што давал зелено светло за палење автомобили, давал и црвен картон, односно блокирал други бизниси кои им биле конкуренција на нивните.

Овој материјал е големо сведоштво за начинот на мафијашко владеење на Зоран Заев, Вице Заев и целата фамилија Заеви.

Ако и ова не е доволен доказ за Вилма Русковска односно Русковска обвинителството да се разбуди конечно, тогаш не знаеме што уште треба јавноста да чуе, за Зоран Заев, Вице Заев и другите членови на оваа политичко мафијашка структура да бидат повикани и нивните активности да бидат истражени од страна на Јавното обвинителство. Но најверојатно Русковска наместо да се бори со криминалот, зафатена е со гледање на рекламите на ВМРО-ДПМНЕ во политичката кампања.

Полека, но сигурно се разјаснува сликата. Бојан Јовановски вели дека сите рекетирани пари од рекетот во Република Македонија завршувале директно кај Зоран и Вице Заеви, контроверзниот про-руски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ слушнавме дека тврди дека очекувал бизнис од Заев и дека платил 300 илјади евра и дал 2.000 метри квадратни земјиште, а сега слушаме дека рекетари добивале зелено светло од Вице Заев за своите криминални дејанија.

Изминативе 3 години се запалени над 50-тина автомобили во државава, да потсетиме дека беше запалена семејната куќа на потпретседателот и носител на ВМРО-ДПМНЕ во моментот во ИЕ 2 Мисајловски, беше фрлена бомба во семејниот дуќан исто така на Мисајловски, беа демолирани автомобили на видни членови на партијата, што веќе е очигледно и јасно кој ги издал сите овие наредби. Дали е тоа Вице Заев, лично и персонално, братот на Зоран Заев? После 15-ти јули институциите ќе го докажат кој е нарачателот.

Ова го нема ниту во мафијашките филмови, а верувајте дека ќе го снема после 15-ти јули во Република Македонија.

Македонија е претворена во нечија лична своина во која се одлучува кој смее бизнис да работи, кој смее да се рекетира, чиј имот треба да биде уништен, запален или демолиран. Затоа Република Македонија на сите листи тоне во криминал, корупција, рекетот цвета, а граѓаните тонат во сериозна сиромаштија.

Граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15-ти јули. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само да нанесуваат порази на граѓаните и на оваа држава. Да ставиме крај на виткањето кичма. Да ставиме крај криминалот и корупцијата. Да ставиме крај на мафијашкото однесување на кланот Заеви. Затоа на 15-ти јули гласаме за ВМРО-ДПМНЕ број 14. И затоа граѓаните ќе одберат обнова, рече Арсовски.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро.

Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата.

Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад.

Операција во Каракас

Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави.

Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер