Арсовски: Постојат индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи

Постојат сериозни индиции и сомнежи дека СДСМ подготвува масовен поткуп на гласачи за претстојниот референдум, само за некој глас повеќе за поддршка на капитулантскиот договор на Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Она што Заев го најави од Крива Паланка постојат индиции дека засилено го прават неговите локални пајташи на терен насекаде.

Барањето на Заев да се исплаќаат пари за откажување од сопствениот идентитет освен во приватните компании, постојат сомнежи дека ќе се практикува и во државни институции. Кружат информации дека раководители ќе делат награди и бонуси само за граѓаните да се откажат од името.

Целата операција чини поприлично и затоа гледаме секој ден нови задолжувања. Денес Министерството за финансии ќе објави проспекти за ново задолжување од над 30 милиони евра. Ова е само едно во низата милионски задолжувања на оваа власт во период од само неколку месеци.

И додека милиони се земаат со високи камати никој не знае каде и на што се трошат парите со кои што не задолжува СДСМ.

Дека парите се трошат сомнително и завршуваат во нечии џебови говори и фактот што капиталните инвестиции се на историски најниско ниво до сега. Нивото на реализација е најниско за изминативе 20 години, имено од почетокот на годината заклучно со месец август реализацијата на капитални инвестиции е само 23.3%. Ова е недозволиво и доказ само за едно, дека оваа власт не работи ништо и нема план за ништо и парите завршуваат во некои сомнителни дупки. Парите не се трошат за она за што се предвидени.

Дополнително најавата за ребаланс на Буџетот, фрла сомнеж дека власта ќе крати од капитални инвестиции и ќе префрла пари во сектори кои се помалку значајни.

Целиот економски крах кој ни се случува е уште еден обид за притисок врз граѓаните да се чувствуваат безпомошни за да мора да гласаат за себе укинување со надеж дека барем за некои си 30 години Република Македонија ќе влезе во ЕУ. Ако е тоа стратегија тогаш е многу погрешна. Граѓаните треба да знаат дека решението на проблемот е во заминување на корумпираната и неспособна влада на Заев, а не во себеукинувањето.

Прашање, новинар: Како ја коментирате изјавата на Николоски дека очекуваат се поголем број на граѓани, односно најавуваат дека ќе останат дома за референдумот и дека партијата го очекува тоа? Дали е тоа директен повик за бојкот?

Одговор:Се работи за класичен спин на одредени медиуми. Се работи за погрешна интерпретација. Како што знаете ВМРО-ДПМНЕ го објави својот став кој што помина низ сите партиски структури, Извршниот и Централниот Комитет, а тоа е граѓаните да одлучат секој поединечно како ќе постапат на 30-ти септември на денот на гласањето бидејќи се работи за наднационално прашање и треба самите да одлучат. ВМРО-ДПМНЕ верува во честа, достоинството и разумот на граѓаните и веруваме дека она кое што ќе одлучат како да постапат ќе биде правилно.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер