Арсовски: Бараме оставка од Димова веднаш

Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата. 

Бараме оставка од Димова веднаш, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со денешната прес конференција на Лидија Димова единствено позбунет од јавноста е самата Лидија Димова. Изгледаше збунето како да крие нешто.

Наместо објаснувања и одговори, Лидија Димова ја искористи прес-конференцијата за да напаѓа адвокати, новинари и политички неистомисленици.

Нормално, кога не сака вината да ја виде во себе и во своето работење ги напаѓа сите други.

Ја уверувам Лидија Димова дека воопшто не сме разочарани што нема да даде оставка, што е и очекувано за нас како политичка партија, нормално е за толкави огромни сомнежи за проневера на пари да знаел и Заев кој патем ја штити Лидија Димова и го штити нејзиното директорско место.

Во врска со грантовите на ВЕЗ Трејд правен субјект која се води како фризерница, Лидија Димова должи објаснување кои биле квалификациите на правниот субјект ВЕЗ трејд, патем фризерница е правниот субјект во 2018 за таа да добие грант во две комплетно различни области? Преку фризерница да се обучуваат луѓе за медиумска писменост е неверојатно.

Во апликацијата клучно прашање е прашањето за професионална биографија на фирмата за кое нема одговор. Каква врска има фризерница со младинска работа и медиумска писменост?

Во тој случај ако тоа е можно фризерница да добие грантови за медиумска писменост, зошто на пример постои Националната агенција како институција, за да ги доделува грантовите, зошто на пример истите грантовите не ги доделува некој правен субјекткој што не е за таа намена туку е ресторан?

Дали квалификација за добивање на грантот се можеби кафанските седенки на Димова со сопственикот на ВЕЗ Трејд? Димова не одговори ни дали во исто време сопственикот на фризерницата ВЕЗ Трејд е и стручен соработник за хонорар и грантист на национална агенција? На пример која е дефиницијата за надворешен соработник според Лидија Димова?

Не слушнавме ни одговор за документите и дописите на соработници на проекти дека активностите се сомнителни и има наводи за криминал.

Практично, во самиот момент кога имало такви дописи, кога имало такви наводи требало веднаш да биде известено ЈО, во спротивно Лидија Димова доколку

не го известила самата таа е соучесник и прикривале било какво сторено кривично или било какво дело кое што е против законско.

Димова не одговори ни на нашите наводи од пред неколку месеци за возилата набавени во износ од 100,000 евра кои не се употребуваат за потребите на Агенцијата, туку за лични потреби. Вработени во НА известуваа дека дел од овие возила се сериозно оштетени, затоа што се несоодветно користени во ноќните часови.

На денешната прес-конференција немаше ниту одговори за кеш пари во износ од над 20.000 ЕВРА кои недостасуваат во благајната на НА. Постои изјава дека парите биле користени со знаење на Лидија Димова, а за нивно подигање бил користен нејзиниот факсимил.

Она што застрашува е молкот на државните институции – Министерството за образование и наука, Финансиската полиција, МВР и Обвинителството кое што по обичај спие и не ги истражува сите сомнителни случаеви каде што Зоран Заев ги штити инволвираните.

Исто така, на делување ги повикуваме Мисијата на ЕУ во Скопје и останатите амбасади на европските држави, сериозно да се заинтересираат за се извинувам однапред што ќе го кажам овој жаргонски збор но, „магарешкото" работење на политичари од страна на СДСМ и власта кои трошат европски пари.

А, Лидија Димова дали ќе си даде оставка или не, тоа не е прашање кое што треба да биде поставено како дилема, туку треба уште веднаш да си оди и да си даде оставка, не смее ниту една минута повеќе да биде директор на таа позиција а за тоа директно е одговорен и Зоран Заев кој треба да ја разреши затоа што таа институција не и оставена на Лидија Димова во наследство од мајка и и татко и, туку институција создадена и изградена од парите на граѓаните и даночните обврзници на Република македонија. Затоа оставка треба да си даде веднаш, а не да отвора дилеми дали ќе си даде или нема да си даде оставка, бидејќи секој еден ден поминат во таа институција е простор да прикриват документи и да крие докази кои што може да бидат неопходни понатаму во било каква постапка која што ќе биде отворена.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, прес-конференција на Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

притисни ентер