Арсовска: Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз - Канал 5

Арсовска: Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз

Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. 

Арсовска: Со 250 нови еко автобуси до подобар градски превоз

„Во 30 минутното возење низ Скопје можевме да приметиме дека непријатно е возењето посебно кога станува збор за дупките по улиците и неизбалансираните шахти, поради кои се оштетуваат возилата, што ќе биде како проблем решено во првите 82 дена од мојот мандат. Непоходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој значи дополнителни инфраструктурни проекти и со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение за само дел од Скопје, бидејќи решенијата мора да се однесуваат на сите делови на Скопје“ изјави независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, по возењето во градски автобус низ улиците на Скопје.

Со одржувањето на ваквата необична прес конференција, од уште понеобично место, Арсовска посочи дека на скопјани им е доста од половични решенија и се обврза на итно решавање на нивните проблеми.

„Ако бил толку добар БРТ проектот зошто се покажа дека сега треба да се интервенира на мостот Обединети нации, зошто дополнително да се сече зеленилото на Партизанска, зошто да се имплементира решение што не е за цело Скопје“ – истакна Арсовска.

Проектот за еко автобуси, според Арсовска ќе реши многу проблеми, а во исто време ќе направи ред на возење каде интервалот на доаѓање на автобуси ќе се скуси за да биде превозот побрз и почест.

„Тоа ќе значи помала гужва во автобусите. Во исто време ќе се воведат и почести ноќни линии за викендите. За овие решенија не требаат месеци, а да не зборуваме години, како што е менување на возен ред, ама кај нас и за едноставните нешта се чека со години“ – додаде таа.

Арсовска за крај ги повика и граѓаните да дадат свое мислење за овој проект, затоа што тие се главните сведоци на лошо менаџирање на ЈСП поради непродуктивни трошоци, не постоење систем за брз и ефикасен превоз кој само во првата половина од 2021 година има загуба од 139 милиони денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката.

Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството.

За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители.

Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат.

Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби.

Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување.

Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува.

Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“.

Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна

соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл.

Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август.

Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам.

Фото: Јана Хунтрова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро

Поранешниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху е избран за македонски амбасадор во Атина. 

Македонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро

Според неофицијалните информации тој е меѓу неколкутемина идни амбасадори за кои Владата неодамна дала зелено светло. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. На позицијата беше само десетина дена пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска. Освен кусото искуство во јавното претпријатие, тој како магистер по економија, има и долгогодишно работно искуство во управување со многубројни меѓународни проекти. Покрај Пасху, како што објави „Слободен печат“, „амин“ од Владата добиле и Татјана Лопарски, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција за амбасадорка во Будимпешта и адвокатот Јасмин Калач за амбасадор во Сараево, кој во моментов е бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами во предметот „Пулс“ за трагедијата во Кочани.

Другите двајца кандидати што неофицијално поминале на истата владина седница се Дритон Кучи за амбасадор во Осло и Елма Алторок за амбасадорка во Каиро. Одбрана на тезите во Собранието чекаат уште четворица амбасадори кои претходно биле избрани. Во Бугарија ќе замине Крум Ефремов, дипломат од кариера, кој беше амбасадор во Украина, а Габриел Атанасов од МНР, ќе биде амбасадор во Романија. Мухарем Јусуфи, на амбасадорското место во Стокхолм, додека во Приштина ќе не претставува Катерина Тодороска.

Во моментов, според информациите, без амбасадор или генерален конзул се 24 дипломатско-конзуларни претставништва, а за 11 од нив се веќе избрани амбасадори. До крајот на месецов се очекува да заминат уште неколкумина. Илина Мангова во Лондон, Линда Салиеска Иљазовска во Хаг и Стојанче Китаноски во Канбера, Австралија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер