Арсовска на Конгрес на локални и регионални власти на Советот на Европа во Стразбур

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во Конгресот.

Во Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа - Council of Europe во Стразбур, Франција како предлог на претседателството на Европската народна партија EPP European People’s Party минатата година Арсовска едногласно беше избрана за потпретседател.

На пленарниот состанок на политичката група се презентираa извештајот на Претседателството и се дискутираше за решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи, особено за соработка со цел обезбедување грижа кон сите граѓани, инклузивност, одржливост и развој на инфраструктурата.

Одделение за односи со јавност

Град Скопје

Дачиќ: Гласањето за прием на Косово во Советот на Европа најверојатно на 17 мај

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека на 16 и 17 мај е состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа за прием на Косово во таа организација, а дека најверојатно ќе се гласа на 17 мај. 

Шефот на српската дипломатија во гостувањето на ТВ Прва рече дека не е извесно што ќе се случи и дека Србија „ќе се бори“. Исто така, рече дека Франција и Италија изразиле резерви, а Унгарија е против, пренесува Бета.

„Посветивме максимално политичко внимание на тоа прашање“, рече српскиот министер. Тие го притискаат (косовскиот премиер Албин) Курти да го испрати Статутот на ЗСО (Заедница на општини со српско мнозинство) до Уставниот суд на Косово, и додека Французите велат дека е потребен одговор на судот, некои велат дека е доволно само да се испрати барање“, рече Дачиќ.

Тој смета дека Косово е вештачки политички „пропаднат проект“, наведувајќи дека еднострано прогласи независност во 2008 година и дека во 2024 година сè уште не постигнало целосно признавање. Дачиќ оцени дека тоа е „дебакл на западната политика“.

Кејн за рекордот на Левандовски: Можно е да го надминам

Напаѓачот на минхенски Баерн, Хари Кејн, се доближи до рекордот на Роберт Левандовски за најмногу постигнати голови во Бундеслигата во една сезона, откако во саботата беше два пати прецизен во победата од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт.

Кејн дојде до бројката од 42 голови оваа сезона во сите натпреварувања, а ја мина и границата од 400 голови во кариерата.

Англискиот репрезентативец постигна 35 голови на 31 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, шест помалку од рекордот на Левандовски, кој во сезоната 2020/21 во дресот на Баерн постигна 41 гол.

За да го надмине рекордот на Левандовски на Кејн му преостануваат уште три натпревари до крајот на бундеслигашката сезона.

„Можно е, но очигледно е дека морам да продолжам да постигнувам голови. Можеби ќе треба да постигнам неколку голови следната недела. Зависи од последните неколку натпревари“, рече Кејн.

Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен кај Вејце

Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце

Мурал посветен на Бобан Трајковски, еден од загинатите припадници на безбедносните сили во настаните кај Вејце 2001 година денеска беше откриен во Куманово. Трајковски беше еден од осумте припадници на македонските безбедносни сили кои загинаа на денешен ден 2001 година. Организатор на денешниот настан е здружението „Слобода, искреност, лојалност, акција-СИЛА“ и колегите од единицата „Волци“.

-Во 2001 година се случи еден настан во текот на борбените дејства при одбрана на државата каде што загинаа осум припадници на безбедносните сили, четворица од армијата, од специјалната единица „Волци“ меѓу кои и Трајковски Бобан-Другарчики. Тој учествуваше во таа акција и го даде својот живот за нашата Македонија. За жал, 23 години само за овој човек колку што имам информација барем за оваа случка никој нема направено апсолутно ништо. Јас како негов другар, сосед, претпоставен, бидејќи и јас тогаш бев вработен во „Волци“ како старешина, сега пензионер, си зедов за обврска заедно со единицата „Волци“ да направиме свечена манифестација каде што ќе го обележиме настанот, бидејќи 23 години никој ниту на централно, ниту на локално ниво не успеа да направи нешто, изјави Антонио Станковски, од здружението „СИЛА“.

Муралот го изработија уметниците од „Форма“ кои се сограѓани на кумановецот Трајковски. Од здружението се надеваат дека општината ќе именува улица или друг објект во чест на припадникот на безбедносните сили кој го даде животот за државата.

-Ова можеби е само почеток. Немаме ниедна улица, објект, јавен во градот којшто би требало да го носи неговото име, тука треба општината да донесе одредени одлуки, каде што никој нема да се налути, бидејќи го градиме мултиетничкото општество, но постои начин. Овие луѓе биле во легална институција, законски поставувале, го дале животот и мислам дека никој не треба да се навреди ако има какво било обележје во градот, дали име на школо, улица, објект, итн. Немавме никакви проблеми од граѓаните на зградата, бидејќи требаше да имаме нивна согласност. Тие сите и дуќаните и станарите апсолутно не правеа проблем, рекоа цртајте сè што мислите ако ова е во интерес на државата и на ликот на Бобан Трајковски, кажа Станковски.

На настанот присуствуваа членови на семејството, колеги, припадници на безбедносните сили, кумановци. На 28 април 2001 година, во 17:45 часот, се случи масакрот во Вејце, кога осум припадници на специјалната единица Волци и полицајци од посебната единица беа начекани во подмолна заседа и беа убиени. Тој дена беа убиени Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24), Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

притисни ентер