Арсовска: Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај - Канал 5

Арсовска: Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај

Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден, изјави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во интервју за утринската програма Здраво Македонија.

Арсовска: Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај

Мостот „Беласица“ многу скоро ќе биде пуштен во употреба за сообраќај и ќе биде безбеден, изјави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во интервју за утринската програма Здраво Македонија кое целосно ќе се емитува во понеделник на утринската програма. Таа вели дека извештаите од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени не е забележана ниту на еден дел од мостот изложеност на каблите за преднапрегање, туку тие се скриени со заштитниот слој на бетон.

Од ЕСМ за Канал 5 потврдија дека сите процедури се завршени во делот на отстранување на оштетните цевки кои се под изгорениот мост и се видливо оштетени.

Деканот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски вчера посочи дека не сака да тврди оти мостот има сериозни оштетување, туку дека се неопходни детални анализи. Марковски потенцира, потребна е санација на плочата над примарните цевки за парно со торкретирање за да се врати заштитниот слој од бетон кој ја штити ребрастата арматура од корозија

Марковски уште еднаш посочи дека: Среќа е што бетонот тешко ја пренесува топлината. Да бил челичен тој ќе паднел.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Формула 1 со досега невиден резултат- четири возачи во 0,0099 секунди

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката за Големата награда на Холандија во шампионатот на Формула 1. 

Формула 1 со досега невиден резултат- четири возачи во 0,0099 секунди

Расел стигна до пол-позицијата на патеката Зандворт со време од 1:11,567 минути.

Она што ја направи квалификациската сесија особено интересна беше фактот дека четворица возачи беа „оддалечени“ за помалку од стотинка од секундата.

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше втор, 0,041 секунди зад Расел. Возачот на Ферари, Чарлс Леклер, го освои третото место, 0,055 секунди зад победникот во квалификациите. Оскар Пјастре од Мекларен беше четврти во квалификациите, 0,0099 секунди зад Расел.

Кими Антонели (Мерцедес), Макс Верстапен (Ред Бул), Луис Хамилтон (Ферари), Пјер Гасли (Алипина), Габриел Бортолето (Ауди) и Арвид Линдблад (Рејсинг Булс) исто така завршија меѓу првите 10.

Спринт трката за Големата награда на Холандија ќе се одржи во сабота во 12:00 часот, додека главната трка е во недела во 15:00 часот. Антонели е водечки во генералниот пласман со 219 бода, Хамилтон е втор со 169, а Расел е трет со 160 бода. Мерцедес е прв во конкуренцијата на тимови со 379 бода, Ферари е втор со 307, а Мекларен е трет со 220.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку шест цивили загинаа во руски напад со дронови врз трговски центар во Украина (ВИДЕО)

Најмалку шест лица загинаа, а околу 90 се повредени во напад со руски дрон врз трговски центар во централниот украински град Кривји Рог.

Најмалку шест цивили загинаа во руски напад со дронови врз трговски центар во Украина (ВИДЕО)

Локалните власти потврдија дека меѓу ранетите во нападот врз родниот град на претседателот Володимир Зеленски има шест деца, објави Ројтерс.

Регионалниот гувернер Олександр Ханжа објави на апликацијата Телеграм дека 21 лице е во сериозна состојба, вклучувајќи и едно дете. Тој објави фотографија од густ црн чад што се издига од погодената зграда.

Целен напад врз спасувачките екипи

Претседателот Зеленски го опиша нападот како „целосно циничен и мизерен“. Тој рече дека втор руски дрон ја погодил истата локација половина час по првиот напад, со намера да ги таргетира службите за итни случаи што пристигнале на местото на настанот.

„Ваквите напади не се ништо повеќе од терористички акти“, рече Зеленски на Телеграм, повикувајќи ја меѓународната заедница да ја смета Русија за одговорна.

Засилени воздушни напади

Нападот доаѓа во време кога Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, а војната се приближува кон својата петта година. Во четврток, 17 лица беа убиени во руски напад со балистички ракети врз главниот град Киев. Украина, исто така, ги засили своите напади врз Русија, таргетирајќи ги нафтените постројки и логистичката инфраструктура во обид да ја ослабне способноста на Москва да води војна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти.

Принцот Хари го загуби судскито спор против „Деили Меил“- скапо ќе го чини (ВИДЕО)

Принцот Хари и шест други познати личности добија наредба да му платат на издавачот на „Дејли меил“ почетни 9,54 милиони фунти откако го загубија случајот за повреда на приватноста во Високиот суд во Лондон, објави Би-Би-Си.

Седумте тужители, меѓу кои и Елтон Џон и Лиз Харли, имаат рок до 28 август да ја платат сумата, а дополнителни 25 милиони фунти ќе бидат платени подоцна, што е голема победа за издавачот „Асошиејтед њузпејперс лимитед“ (АНЛ).

Групата ја тужеше АНЛ поради обвинувања за незаконско собирање податоци, што издавачот жестоко ги негираше.

Судијата Никлин ги отфрли нивните барања на 7 јули, велејќи дека јавните личности не успеале да ги докажат своите тврдења.

Пресудата доаѓа само неколку дена откако војводата и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, објавија дека планираат да се вратат во Велика Британија, со нивните деца, принцот Арчи (7) и принцезата Лилибет (5), кои треба да започнат училиште во септември.

Седумте тужители на кои им е наредено да ги платат почетните 9,5 милиони фунти се принцот Хари, Елтон Џон, неговиот сопруг Дејвид Фурниш, Сер Сајмон Хјуз, Сејди Фрост, Лиз Харли и бароницата Дорин Лоренс.

Десетици луѓе дадоа докази за време на судењето, вклучувајќи го и принцот Хари и другите тужители. Војводата од Сасекс долета од САД за лично да присуствува на судењето.

Голем број сегашни и поранешни новинари и раководители во ANL, исто така, дадоа докази, негирајќи какво било кривично дело.

Во заедничка изјава по пресудата од минатиот месец, принцот Хари и бароницата Дорин Лоренс рекоа дека дошле на суд „барајќи правда и одговорност“, но не добиле ниту едното ниту другото, рекоа тие.

„Ова е целосно и очигледно прикривање, но за жал не е сосема неочекувано“, рекоа тие.

ANL побара повеќе од 9,9 милиони фунти како привремена исплата, во исчекување на утврдувањето на конечните судски трошоци.

Сепак, адвокатите на тужителите тврдеа дека привремената исплата треба да биде нешто над 7,9 милиони фунти.

Судијата Никлин претходно пресуди дека тужителите мора да ја платат привремената сума до 28 август.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер