Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос
1 Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот однос
3Молк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенција
СветИзраел ѝ се закани на ТурцијаИзраел ја обвини Турција за „опасни авантури во Сирија“, додека Анкара повика на прекин на „неодговорните“ израелски напади, два дена откако Израел бомбардираше сириска воздухопловна база за која рече дека требало да биде домаќин на турски трупи.Нападот ги изнесе на виделина тензиите меѓу регионалните сили Турција и Израел околу Сирија, арапска држава која граничи со двете земји и каде влијанието на Анкара како сојузник на претседателот Ахмед ал-Шара предизвика загриженост на Израел откако Шара го собори Башар ал-Асад во 2024 година. Израел тврди дека Дамаск бил блиску до одобрување на распоредување на турски трупи во воздухопловната база Абу ал-Духур и ги игнорирал израелските предупредувања дека таквото распоредување би претставувало закана за безбедноста на Израел. Турција го негираше ова. Израелскиот министер за одбрана се огласи Израелскиот министер за одбрана Израел Кац го предупреди турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот да не ја тестира решителноста на Израел да се брани, обвинувајќи го турскиот лидер дека ја влече својата земја во „опасни авантури“ во Сирија. „Ердоган ја влече Турција во опасни авантури во Сирија. Израел нема да дозволи ниту еден актер да ја загрози неговата безбедност. Подобро би било Ердоган да продолжи да држи празни говори против Израел во турскиот парламент, наместо да ја тестира решителноста на Израел да се брани“, рече Кац. Сириски министер за надворешни работи: Турски воени офицери ја посетија базата Сирискиот министер за надворешни работи Асад ал-Шаибани изјави за Аксиос дека јасно му ставил до знаење на Израел дека нема планови за воспоставување турска воена база во Абу ал-Духур. Тој додаде дека турски воени офицери ја посетиле базата неколку дена пред нападот, но нагласи дека тоа е дел од „тековната воена соработка во областите на обука и размена на експертиза“. Турското Министерство за одбрана соопшти дека немало турска воена делегација во базата пред или за време на нападот и дека Турција ќе продолжи да ги поддржува напорите на Сирија да развие сопствени воени капацитети и инфраструктура. „Клучно е за мирот и стабилноста на Сирија и регионот Израел да ги запре ваквите неодговорни напади и да ги почитува барањата на меѓународното право“, соопшти турското Министерство за одбрана. Изворите за Ројтерс изјавија дека прашањето за распоредување на турски сили во Сирија било дискутирано за време на редок телефонски разговор меѓу Шаибани и шефот на израелската разузнавачка агенција Мосад, Роман Гофман, неколку дена пред нападот. Израел изврши неколку напади врз Сирија по соборувањето на Асад Турција, членка на НАТО која дели 900-километарска граница со Сирија, е клучен играч во 13-годишната граѓанска војна. Таа ги поддржува бунтовниците против Асад и постојано испраќа војници во Сирија за да ги потисне активностите на курдските групи што ги смета за закана за националната безбедност. Загриженоста на Израел за иранското влијание во Сирија под Асад сега е заменета со загриженост за улогата на Турција, откако Асад беше соборен од бунтовниците предводени од Шара, поранешен командант на Ал Каеда, кој оттогаш разви блиски врски со САД. Израел изврши неколку напади и зазеде територија во југозападна Сирија по соборувањето на Асад. Се наведува загриженост за милитантното минато на новите сириски власти, како и потребата да се заштити заедницата Друзи, малцинство кое има и членови во Израел.Тагови: Израел турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години и трансформација на работниот односМинистерот за одбрана Мисајловски и началникот на генералштабот на армијата, Лафчиски попладнево во владата одржаа прес-конференција заедно со претставници на синдикалните здруженија.. Афродита Рамос го следи пресот. Афродита, има ли трајно решеение за статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст? Во видедото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски нема дилема: Усмениот дел од правосудниот испит останува да биде на македонски јазик Македонскиот јазик е официјален во државата и тоа треба да се почитува и за правосудниот испит порача премиерот Христијан Мицкоски, откако студентите Албанци вчера упатија ултиматум целиот испит да се полага на албански. Мицкоски во целост застана зад предлогот што минстерто за правда Шасивари... дециден е дека дека писмениот дел од испитот треба да се полага на јазикот на кој студентите го завршиле високото образование, додека усмениот дел според него треба да се одвива на македонски јазик, како официјален јазик на правосудниот систем во Македонија и согласно препораката на Венецијанската комисија. - Во Македонија високо образование на правните факултети се оформува на три јазици различни од македонскиот, и за нас како Влада логично е писмениот дел да се полага на тој јазик на кој е формирано високото образование додека во усмениот дел каде се симулираат еден граѓански и еден кривичен спор, тоа значи право и кога зборуваме за правото и правосудниот систем имаме принцип на „франка лингва“ односно еден јазик. Во Македонија тој јазик е македонскиот, изјави Мицкоски. Шасивари најави дека за предлогот сега ќе се побара мислење од Венецијанската комсија, па дури потоа ќе биде испратен во Собранието. Но, веќе е извесно дека ДУИ ќе биде и против овој закон.. Тие денеска преку соопштение го обвинија министерот дека со својот пристап кон полагањето на правосудниот испит на албански јазик создава нови проблеми наместо да понуди решение. -ДУИ оценува дека уставните права не можат да зависат од волјата на министерот, од резултатите на средбите или од толкувањата на подзаконските акти. Подзаконските акти треба да служат за спроведување на Уставот и законите, а не за нивно заменување или ограничување на правото што тие го гарантираат. Албанскиот јазик на правосудниот испит не е прашање на компромис, туку прашање на еднаквост и почитување на уставниот поредок, реагираат од партијата на Ахмети. Албанските студенти по средбата со министерот се прогласија за победници, но изразија незадоволство од понуденото според нив делумно решение и порачаа дека се подготвени повторно да излезат на улица доколку не им се исполни нивното барање во целост. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМолк во Софија по најавите на македонското МНР за институционален одговор согласно виенската конвенцијаМолк од бугарското МНР по реакциите од македонското Министерство за надворешни за провокативните и навредливи изјави на бугарскиот амбасадор Желјазко Радуков, но и на тамошниот министер за внатрешни работи Демерџиев за случајот со Ива Михаилова. Изјавата на Радуков дека би бил изнанден ако македонските власти не знаеле за заминувањето на Михаилова од Македонија, од македонското МНР ја оценија и како дирктнно мешање во внатрешните работи на земјава, а тоа јасно му било укажано и на вршителот на должност во бугарската амбасада кој вчера беше повикан на разговор во МНР. Премиерот Мицкоски одби да ги коментира ваквите изјави на Демерџиев и Радуков, иако потенцираше дека имал што да им одговори. Ваквата реторика од бугарската страна, според аналитичарите ќе продолжи па дури и ќе се заоаструва бидејќи официјална Софија го политизира случајот со Михилова. Според Петар Арсовски можно и прогласување на бугарскиот амбасадор за персона нон-грата во земјава согласно Виенската конвенција за дипломатски односи. „Не очекувам деескалација на таа реторика брзо и очекувам дека ќе биде тешко да се оствари нормален разговор по димпломатски канали со Софија во догледно време, односно се додека не спласне овој случај. Во основа на македонското МНР мустојат на располагање повеќе мерки од формална протесна нота до подигање на протесна нота на ниво на МНР со МНР, до посериозни импликации за вршителот на должност, ако се смета дека тој ги пречекорил дипломатските протоколи согласно Виенската конвенција дури и до прогласување за персона нон-грата. Повеќе од тоа не може да се оди бидејќи сепак тоа е реторички, а не дипломатски инцидент“– Петар Арсовски, политички аналитичар. Бугарската министерка за наворешни Петрова Чамова пак не ја спомена реакцијата од Македонското МНР, а во однос на евроинтеграциите на земјава порача дека била потреба поголема политика воља од македонска страна. Инаку бугарскиот министер за внатреши Демерџиев во поткаст за тамошните медиуми посочи дека не планираат ниту да ја бараат, ниту да ја испорчаат Михаилова во замјава, додека бугарскиот амбасадор Радуков изрази сомнежи за тоа како Михаилова успеала да ја напушти Македонија, но порача дека го разбирал нејзиот очај поради ниската доверба во македонските институци. Токму вакава изјава е оценета како мешање во внатрешните работи на земјава од страна на македонското МНР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter