Арсовска: Еколошки зелен совет од експерти за стратешко планирање на Скопје

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска вечерва на средба со жителите на општина Центар вети формирање на еколошки зелен совет кој ќе биде задолжен за стратешкото планирање на Скопје.

– Овој совет е значаен затоа што стратешкото планирање на Скопје мора да го прават експерти од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот и заштитата на животната средина. Генералниот урбанистички план на Град Скопје и придружните стратешки документи мора да бидат достапни за скопјани и тоа е она што мораме да го направиме во следната година. Затоа овој документ мора да биде добро планиран и низ него да се пресликуваат сите оние нешта кои се желбата на скопјани, а не поинаку, истакна Арсовска.

Најави нови еколошки паркинзи во Центар, а, како што рече, посебно внимание ќе посвети на инфраструктурата за пешаци.

– На нашиот Центар му недостасуваат многу нешта, меѓутоа, она кое што не му недостасува е тоа со кое сме соочени во овој момент. Има многу нечистотија во центарот на градот и за жал тој се развива и урбанизира не токму онака како што сите ние посакуваме. Центарот на градот е и едно од главните места каде доаѓаат сите посетители кои што доаѓаат во Македонија и тоа е првата точка каде што доаѓаат да видат што е она убаво што има да се види во градот. Јас верувам дека можеме да покажеме дека нашиот град повторно може да биде убаво место за живеење. Она за кое што знам и верувам дека сите заедно можеме да го направиме е дека во следните четири години на центарот на Скопје, но и на Скопје, ќе му дадеме еден модерен, современ изглед и да го направиме поубаво место за живеење за сите, нагласи Арсовска.

Приоритет на градот, според неа, треба да биде и Луна паркот како место во кое сите скопјани израснале и како место кое им недостига на сегашните деца.

Најави и модернизација на градската библиотека „Браќа Миладиновци", дигитализирање на сите информации за млади на еден клик преку проектот Е-млади, дигитализација на средните училишта и проектот за е – Младински културен центар, одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината.

– Универзалната сала повторно ќе блесне со сиот свој сјај и тоа не со лажни решенија, туку со квалитетни решенија, а ќе испланираме и концертна арена на отворено за повторно во Скопје да ги видиме најголемите ѕвезди од светската музичка сцена, рече Арсовска.

„Ова е сон“- по 22 години го напуштил инженерското место во Мајкрософт за да чува гуски

Фенг Јуан, софтверски инженер кој поминал 22 години работејќи за Мајкрософт пред да стане фармер на гуски, стана вирален на социјалните мрежи.

Додека корисниците на Интернет разговарале за неговото извонредно патување, еден корисник решил да сподели слика со натпис: „Оставете го Мајкрософт по 22 години само за да станете фармер на гуски“. Од објавувањето, објавата предизвика широка дискусија и пофалби за кариерата на Фенг Јуан.

Објавата содржи скриншот од профилот на Линкедин на Хуанг, давајќи им на читателите поглед на неговата долга кариера во Мајкрософт.

Врз основа на информациите за профилот, тој е одговорен за многу проекти низ годините и извршувал клучни функции. Тој бил архитект околу една година и четири месеци, по што станал главен инженер за развој на софтвер, функција на која работел повеќе од 21 година. Покрај тоа, тој придонел за проекти како што се Azure Performance Team Office 365 Foundation Engineering и развој на апликации на Bings.

Пред тоа, Фенг Јуан бил развивач во Hawleet каде поминал околу седум години како виш софтверски инженер. Инаку, овој човек има докторат по компјутерски науки на Универзитетот Нанџинг и диплома по електротехника на Универзитетот во Шангај.

Во коментарите, многумина ја пофалиле неговата подготвеност да се промени, додека други зборувале за можните причини кои го довеле до оваа одлука, а некои го обвиниле за лоша рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот.

- Интересно е што почна да работи кога се родив јас и мислам дека уживаше во корпоративниот живот и учеше животни лекции. Тоа е во ред – се вели во еден од коментарите, цитиран од Маркетреалист.

Еден од коментарите на оваа објава гласел: „тоа е сон“.

Инаку, на профилот на Хуан стои дека живее во Вашингтон.

Ковачевски: Имаме задача да не се откажеме од европскиот сон

„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“.

„Нашата генерација има задача да не се откаже од европскиот сон на земјата и да направи сè за Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот на Коалицијата за европска иднина во Кичево.

Ковачевски истакна дека денеска кога чествуваме 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, важно е да се потсетиме дека низ историјата нашиот народ не се откажувал дури ни пред најтешките предизвици. Порача дека 8 мај е нов историски крстопат, денот кога сите прогресивни и демократски сили во државата треба да одлучат државата одлучно да продолжи на патот кон Европската Унија.

„Само така ќе изградиме подобра и просперитетна држава за идните генерации. Држава со европски животен стандард, европски вредности, европски правила на игра“, рече Ковачевски.

Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел и ќе можеме да се збогуваме од ЕУ, истакна Ковачевски.

„Не смееме да ја повториме грешката од минатото и да дадеме преголема моќ во рацете на десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ. Уште се свежи раните што ѝ ги нанесоа на државата за време на нивното 11-годишно владеење на Македонија. Сетете се на заробените медиуми, замолчените вработени во јавниот сектор, натепаните студенти во библиотеките и плоштадите. Сетете се на милионите потрошени за жални врби, лажен барок, евтин стиропор само за да се богатат поединци од ВМРО - ДПМНЕ“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ пред граѓаните на Кичево најави повисоки плати и пензии, пакети за поддршка на учениците и студентите, одговорна социјална политика и одлучна борба против криминалот и корупцијата,се наведува во партиското сооштение.

Претепан е кандидатот на партијата на Шолц додека лепел плакати- опериран е

Матиас Еке, кандидат на СПД на изборите за Европскиот парламент, беше претепан и тешко повреден.

Тоа е последен во серијата инциденти кои ги подигнаа политичките тензии во Германија пред изборите. Партијата на германскиот канцелар Олаф Шолц со средба во Хамбург минатата недела започна официјална кампања за изборите во ЕУ.

Еке синоќа бил нападнат додека лепел плакати во Дрезден. Од партијата изјавија дека тој е пренесен во болница и дека ќе му биде извршена операција поради повредите. Полицијата соопшти дека 41-годишниот политичар бил нападнат од четворица мажи.

Истите напаѓачи, наводно, нападнале активист на Зелената партија на истата улица само неколку минути претходно. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер, која исто така е социјалдемократ, рече дека доколку се докаже дека нападот врз Еке е политички мотивиран, тоа ќе биде „сериозен напад врз демократијата“.

„Доживуваме нова димензија на антидемократско насилство“, изјави таа. Таа вети „построга акција и дополнителни мерки за заштита на демократските сили“. Власта и опозициските партии велат дека нивните членови и поддржувачи се соочиле со бран физички и вербални напади во последниве месеци и ја повикале полицијата да ја засили заштитата на политичарите и предизборните собири, објавија германските медиуми.

Многу од инцидентите се случија на поранешниот комунистички исток на земјата, каде што се очекува партијата AfD да оствари предност на европските избори и на германските покраински избори наесен. Мејнстрим партиите ја обвинуваат АфД за врски со насилните неонацистички групи и за поттикнување на се посуровата политичка клима.

На истакнатиот лидер на АфД, Бјорне Хоке, во моментов му се суди, обвинет е за употреба на забранета нацистичка парола. Германската разузнавачка служба стави под надзор некои ограноци на партијата. Огранокот на социјалдемократите во провинцијата Саксонија, каде Еке е водечки кандидат за изборите во ЕУ, рече дека нивната кампања ќе продолжи и покрај „фашистичките методи“ на заплашување.

притисни ентер