ФудбалАрсенал прв тим со постигнати седум голови на гости во плејофот од ЛШ Арсенал синоќа го совлада ПСВ Ајндховен со 7:1 на гостински терен во првиот натпревар од осминафиналето на фудбалската Лига на шампиони.„Топчиите“ станаа првиот тим во историјата на турнирот кој постигнал седум гола на гостински натпревар во плејоф фазата. Реваншот ќе се одигра на 12 март на стадионот „Емирати“ во Лондон. Резултати на другите синоќешни средби од плејофот во елитното фудбалско натпреварување: Клуб Бриж – Астон вила 1:3 Борусија Дортмунд – Лил 1:1 Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 2:1.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
СветСилен земјотрес го погоди Перу, најмалку 5 загинатиСилен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна во саботата по локално време, при што загинаале најмалку пет лица, а неколку други беа повредени, јавува германската агенција ДПА. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека магнитудата на земјотресот изнесувала 5,1 според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) наведе дека таа изнесувала 5,5. Земјотресот урна десетици куќи, а потреси се почувствуваа и во Лима. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 Juli 2026 pukul 21:24:39 waktu setempat (19 Juli 2026 pukul 09:24:39 WIB). Episentrum gempa berada sekitar 14 km barat laut Huancayo dengan kedalaman 22 km. Hingga saat ini, sedikitnya 5 orang dilaporkan meninggal… pic.twitter.com/2pHTFa8uk2 — Info Gempa Dunia (@infogempadunia) July 19, 2026 Според IGP, земјотресот се случил во 21:24 часот по локално време, на длабочина од 24 километри, јужно од градот Чупака во истоимената провинција. Според извештаите, земјотресот предизвикал уривање на неколку куќи и на 500 години стариот историски крст на Лорд Каникруз, а голем број локални жители побарале помош од надлежните служби, пренесува порталот Peru21.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветУште една страшна ноќ на Блискиот Исток: Америка го бомбардираше Иран, брзо следуваше одговорСАД извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, а Техеран тврди дека возвратил со напади со беспилотни летала врз американски бази во Кувајт.Соединетите Американски Држави, по наредба на претседателот Доналд Трамп, извршија напади врз Иран осма ноќ по ред, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). Како дел од тие напади, САД конкретно ја таргетираа иранската Револуционерна гарда, за која се верува дека во петокот извршила напад врз воена база во Јордан, при што загинаа најмалку двајца американски војници, соопшти Пентагон, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News). Уште еден припадник на американските сили се води како исчезнат по иранскиот напад, додека неколку американски војници се ранети. САД исто така погодија ирански воени објекти за крајбрежен надзор и противвоздушна одбрана, поморски објекти, како и складишта за ракети и беспилотни летала, со цел да се ослабат воените капацитети на Иран, соопшти Централната команда (CENTCOM), потврдувајќи дека нападите завршиле околу 23:30 часот по локално време. Newly released footage of US forces conducting airstrikes on Iran overnight, seen hitting construction equipment and a coastal radar site. pic.twitter.com/n9F3LeESjc — OSINTtechnical (@Osinttechnical) July 19, 2026 Потоа следувал и одговор од Иран. Иран тврди дека извршил напади со беспилотни летала врз две американски бази во Кувајт. Иранската армија соопшти дека извела напад од големи размери со беспилотни летала врз два американски воени објекти во Кувајт, пренесува Ал Џезира. Во соопштението пренесено од државниот радиодифузер IRIB, армијата наведе дека нејзините „разорни беспилотни летала го погодиле складиштето за муниција во кампот Ал Адири“, како и радарите на системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ и радарите за противвоздушна одбрана во воздухопловната база „Али Ал Салем“.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски најави намалување на акцизи а цените на горивата повторно растатХристијан Мицкоски вчера најави намалување на акцизите поради растот на цената на нафтата. Веќе денеска се очекува ново поскапување на горивата.Ова е уште еден доказ за реактивната и неуспешна економска политика на ВМРО-ОКГ. Мицкоски и неговата влада постојано доцнат со мерките. Кога цените веќе скокнаа до плафон, тогаш излегуваат со најави за намалување на акцизи. Но, и тоа доаѓа предоцна. Само кај Мицкоски секоја мерка наместо да ги намали цените, ги зголемува или нема никаков ефект. Наместо да ги прифати предлозите на СДСМ за навремени и системски мерки за заштита на граѓаните од поскапувањата, ВМРО-ОКГ одбиваше да реагира - било намерно, било од незнаење и неспособност. Резултатот е ист: цените на горивата, храната и основните производи постојано растат, а граѓаните плаќаат највисока цена. Ова е систематска политика на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО која доведе до економски колапс. Наместо превентивни мерки и заштита на стандардот на граѓаните, добиваме доцни реакции и празни најави кои не ја решаваат кризата. Граѓаните живеат во страв по секоја мерка на Мицкоски. Можат само да очекуваат нови поскапувања од ден на ден, додека ВМРО-ОКГ продолжува со истата политика на доцнење и неуспех. Скопје, 19.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09