3Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
ФудбалАрсенал на чекор од рекордот во Премиер лигатаАрсенал синоќа го совлада Вулверхемптон на гостински терен во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата - 2:0. Лондонци не примија ниту еден гол на шестиот натпревар на гостински терен во првенството и се наоѓаат пред изедначување рекорд стар 15 години. Претходно таков резултат покажаа само Челзи во декември 2008 година и Манчестер јунајтед во февруари 2009 година. Тогаш екипите одиграа седум натпревари на гости со „чиста мрежа“, што е рекорд во Премиер лигата. Следно гостување на „Топчиите“ во Англиското фудбалско првенство е на 28 април против Тотенхем. Арсенал со 74 бодови го престигна Манчестер сити (73) и изби на првото место во Премиер лигата, но „Граѓаните“ имаат натпревар помалку. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАвион Ф-16 се урна во поле во ТурцијаТурски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана. Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага. Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи. Тагови: авион турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот. Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители. Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот Фото: ВИТагови: затемнување на Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКараванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во ВелесПо Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.Таму е Сања Трајковска Ставров. Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook