Арсенал го победи Манчестер сити на пенали и го освои ФА Суперкупот - Канал 5

Арсенал го победи Манчестер сити на пенали и го освои ФА Суперкупот

Арсенал попладнево го победи Манчестер сити со 1:1 во ФА Суперкупот на пенали со 4:1. Средбата се одржа во Лондон на стадионот „Вембли“.

Арсенал го победи Манчестер сити на пенали и го освои ФА Суперкупот

Резултатот го отвори играчот од средниот ред на „граѓаните“, Кол Палмер, кој погоди во 77. минута по додавањето на Кевин Де Брујне. Во 90+11 минута израмни напаѓачот на „топчиите“, Леандро Тросард, а асистираше Букајо Сака.

Фудбалерите на Арсенал се покажаа попрецизни во пенал рулетот - 4:1.

Арсенал по 17-ти пат во историјата го освои ФА Суперкупот.

„Граѓаните“ минатата сезона ја комплетираа тројната круна, освојувајќи ја Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче

Хаотични сцени се одвивале по реванш-натпреварот од плејофот за Лигата на шампионите меѓу Лион и Фенербахче. 

Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче

Последниот судиски свиреж поттикна жесток судир меѓу играчите, а сега се појавија и нови снимки кои фрлаат дополнително светло врз самиот почеток на тепачката.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот кога ситуацијата со Матео Гендузи прерасна во физичка пресметка.

Според снимката и извештаите на разни медиуми, тренерот на голманите на Лион, Антонио Фереира, истрчал кон играчот на Фенербахче и се обидел да го удри со нога, изведувајќи потег во стилот на карате.

Ова предизвика реакција кај персоналот на Фенербахче, а конфликтот брзо ескалираше во масовна тепачка.

Видеото поттикна бројни реакции на социјалните мрежи, особено затоа што сега појасно може да се види моментот што му претходеше на ескалирањето на ситуацијата.

Сепак, целата приказна имаше свој вовед. За време на натпреварот, Гендузи беше во центарот на вниманието во напнатата атмосфера, првенствено поради неговиот претходен ангажман во Олимпик Марсеј, голем ривал на Лион.

Французинот беше гласно исвиркан од публиката за време на загревањето, на што тој одговори покажувајќи им среден прст на навивачите.

По натпреварот, тој дополнително ги провоцираше домашните играчи со гестикулации и извици „Allez l'OM“ (Напред Олимпик Марсеј). Неговото однесување дополнително ги разбесни домашните играчи и стручниот штаб, а ситуацијата целосно излезе од контрола по последниот судиски свиреж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ММА и МРТ: Да се истражи работата на Euronews и спортските канали Арена во Македонија

Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола. Постои иста најава дека овој принцип ќе се искористи и за Јуроњуз Македонија.

ММА и МРТ: Да се истражи работата на Euronews и спортските канали Арена во Македонија

Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум.

Од ММА и МРТ велат дека имаат материјални докази дека спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум подолг период работат без домашна дозвола, а македонскиот регулатор АВМУ „на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик“.

„Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор РЕМ каналите Арена M1, M2 и M3 премиум не постојат што значи не се домицилни, српски канали. Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик! ММА и МРТ бараат органите на истрагата како и референтните институциите да утврдат дали со ваквото постапување е заобиколена законската обврска за дозвола, дали е причинета штета на буџетот со неплаќање на лиценца и дали постои одговорност кај сопствениците, одговорните лица на ТВ сервисите како и кај службениците на АВМУ. Бараме да се провери и евентуалното неовластено користење на премиум спортски ТВ-права позната како ТВ пиратерија. За жал долгогодишното незаконско реемитување на одредени канали од регионот како што се Хрватска, Албанија, Босна и Србија бараме кончено да влезе во радарот на македонскиот регулатор“, велат од ММА и МРТ.

Оттаму додаваат дека нема да дозволат истиот модел на евентуалното изигрување на законот да биде применет и за најавениот Јуроњуз Македонија, односно АВМУ да го третира како странски сервис на начин сличен на Арена премиум каналите, „како што најавуваат нивните сопственици и структури од Белград“.

„Беззаконието кое денес се толерира како исклучок, утре може да стане правило. ММА и МРТ ќе поднесат соодветни поднесоци до Јавното обвинителство и МВР за да се испита постапувањето и евентуалната одговорност на надлежните лица во АВМУ“, велат од ММА и МРТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер