Арнаутовиќ: Пред 13 год. повеќе бев навивач отколку играч на Интер, но сега сакам да му помогна - Канал 5

Арнаутовиќ: Пред 13 год. повеќе бев навивач отколку играч на Интер, но сега сакам да му помогна

Пред 13 години повеќе бев навивач отколку играч на Интер, но сега сакам да му помогнам на клубот.

Арнаутовиќ: Пред 13 год. повеќе бев навивач отколку играч на Интер, но сега сакам да му помогна

Австрискиот напаѓач Марко Арнаутовиќ го коментираше неговото враќање во Интер. Фудбалерот ќе игра за миланскиот клуб како позајмен од Болоња.

- Јас сум многу среќен. За мене е голема чест што повторно ќе играм за Интер. Започнав тука пред 13 години и повеќе бев навивач отколку играч, но сега сум тука да му помогнам на тимот да освои нешто, изјави Арнаутовиќ, за „Football Italia“.

Фудбалерот одговори и на прашањето што му се променило во животот откако последен пат играше за Интер.

- Многу. Пред 13 години не се концентрирав баш на фудбалот, но сега е сосема поинаку. Имам семејство, и се е сосема мирно. И јас пораснав во Италија како личност. Се надевам дека се ќе биде добро. Физички, јас сум силен и дојдов тука да постигнувам голови, додаде напаѓачот.

Арнаутовиќ во сезоната 2009/10 одигра три натпревари за Интер. Таа година тимот освои тројната круна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Розов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациенти

Во рамки на Розовиот октомври здружението „Хема-Онко“ утрово организираше симболичен појадок за хоспитализираните пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Розов октомври - симболичен појадок за хоспитализираните пациенти

Според нивната статистика во текот на минатата година биле регистрирани околу 1.000 новодијагностицирани пациенти само со рак на дојка, додека на онкологија во моментов се лекуваат околу 7.000 пациенти на активен третман..

Од здружението изразија задоволство што што годинава функционира и тумор-бордот, односно тим кој одлучува за најсоодветното лекување за секоја пациентка поединечно, но, порачаа дека проблемите со кои се соочуваат пациентите со канцер на дојка се комплексни и дека се потребни системски решенија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието

200 наставници успешно завршија деветмесечна обука за правилна и етичка употреба на вештачката интелигенција во образованието.

Уште 200 наставници завршија обука за правилна и етичка употреба на ВИ во образованието

Тие се првата генерација наставници кои ќе бидат амбасадори на вештачката интелигенција во училиштата, со задача стекнатото знаење да им го пренесат на своите колеги, но и да ги насочуваат учениците како правилно, одговорно и безбедно да ја користат новата технологија.

За значењето на ваквите обуки во време кога вештачката интелигенција сè повеќе станува дел од секојдневието, говореше и министерката за образование Весна Јаневска, која посочи дека е важно наставниците да бидат подготвени за новите технолошки предизвици.

„Во ова време на брз технолошки развој апсолутно е неопходно, децата веќе користат вештачка интелигенција кадешто се кријат многу опасности, правилното користење на вештачката интелигенција во училиштето е столб на правилно користење на модерната технологија“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Во Македонија досега се обучени над 1.000 наставници за примена на вештачката интелигенција во образованието. Јаневска посочи дека ваквите обуки ќе продолжат, со цел што поголем број наставници да стекнат знаења и вештини за користење на новата технологија во наставата.

„Со оглед дека училиштето е тоа кое треба да ги научи како корисно да ја користат АИ, да проверат факти, да се заштитат, да ја користат во правец на аналитичко размислување , да не споделуваат лични информации тукмо затоа и овие наши напори во соодветно време да ја спроведеме обуката на наставниците за тие да можат да го направат тоа што треба“-– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Со ваквите обуки се отвора патот кон посовремено образование, во кое вештачката интелигенција ќе биде алатка за учење и развивање на знаењата, а не замена за самостојното размислување, посочи министерката Јаневска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

ОЈО: Немало неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

По спроведена предистражна постапка во однос на наводите од поднесената кривична пријава со сомненија за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на Македонија и неовластено прибирање податоци, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Резолуција со која оцени дека нема основ за натамошно јавнообвинителско постапување.

Во текот на постапката, со наредба од Основниот кривичен суд беше обезбедена компјутерска опрема врз која се извршени информатичко-форензички анализи. Беа анализирани и податоци од мобилни уреди и беа прибрани и известувања од лица запознаени со настанот.

Според извештаите на Секторот за компјутерски криминал при МВР, не се утврдени дигитални траги или други форензички показатели за неовластено навлегување во компјутерскиот систем, ниту се пронајдени докази за снимање и прибирање класифицирани податоци.

При анализите се констатирани одредени безбедносни и административни слабости во конфигурацијата на системот, кои можеле да претставуваат потенцијален безбедносен ризик, но не биле утврдени дигитални докази за извршување на пријавените кривични дела.

По оценка на сите прибрани докази, надлежниот јавен обвинител утврди дека не се исполнети законските обележја на кривичните дела „Оддавање државна тајна“ од член 317 и „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ од член 251 од Кривичниот законик, ниту пак на друго кривично дело кое се гони по службена должност, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер