Армиска вежба „Здружен отпор 13“

Спасуваа денеска граѓани од пожар, воено медицинските тимови на АРМ и на уште шест земји учеснички на вежбата „Здружен отпор 13“.

По десет дневната обука на полигонот во Пепелиште припадниците на македонската како и на армиите на САД, Албанија, БиХ, Црна Гора, Словенија и Косово ја демонстрираа заедничката подготвеност да се справат со природни катастрофи, елементарни непогоди и да пружат хуманитарна помош. Во вежбата беа вклучени и македонските цивилни служби кои интервенираат во вонредни услови.


„Сите учесници покажаа висок степен на координираност на активностите и дејствување за спроведување на сите мерки кои што од нив се очекуваат спрема составот што го имаат во екипите во кои беа ангажирани“, изјави мининстерот за одбрана Талат Џафери.

„И навистина сум импресиониран од нивото на стручност и експертиза што ја покажа АРМ како и партнерите земји во нивната работа и заедничка координација„истакна потполковник Џефри А.Кантор - кодиректор на вежбата„ Здружен отпор 2013“.

Во рамките на воената вежба учествуваше и персоналот со опремата на лесната воена маневарска болница. Неа АРМ ја доби како донација вредна 2,5 милиони евра од Норвешка. Опремена е со скапи медицински апарати кои овозможуваат секаков вид на хирушки интервенции.

„Која е многу значаен дел од воено медицинскиот центар и оваа болница е наменета за хирушки операции и во полски услови поточно при изведување на борбени дејства при мировните операции“, порача Горанчо Котески, началник ГШ на АРМ.

Според генерал мајор Котески Македонија ја поддржа иницијативата за формирање на заеднички воено медицински балкански сили кои заеднички би дејствувале регионот за време на природни катастрофи. Сега АРМ и министерството за одбрана ќе испратат понуда Штабот на овие сили да биде во Македонија.

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Неформална дводневна средба на Советот за општи работи на ЕУ

Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) денеска и утре ќе одржи неформално заседание, на кое централен настан ќе биде одбележување на 20-годишнината од големото проширување на Унијата на 1 мај 2004 година. 

Заседанието ќе започне вечерва со свеченост во Центарот за ликовни уметности „Бозар“ во Брисел со која ќе се одбележи годишнината од приемот на Естонија, Кипар, Малта, Летонија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка во Европската унија.

Работниот дел од неформалното заседание на ГАК ќе продолжи утре во чии рамки министрите или државни секретари на земјите членки на ЕУ задолжени за европски прашања ќе одржат серија работни сесии на кои ќе разговараат за процесот на проширување, вклучувајќи и за искуствата од проширувањето во 2004 година, за потребата од зајакнување на Унијата, како и инструментите на блокот за заштита на владеењето на правото.

Меѓу другото, предвидено е европските министри да одржат размена на мислења со претставници на земјите кандидати и аспиранти за членство на ЕУ за владеењето на правото во рамките на процесот на проширување.

На заседанието ќе стане збор и за важноста за почитување на владеењето на правото во рамки на Унијата, како и за потенцијални подобрувања на постоечките механизми на заштита на овој принцип и нивната ефикасност.

На состанок европските министри ќе разговараат и за иднината на ЕУ, при што се очекува да разменат мислења за потребните чекори и реформи за зајакнување на капацитетот за дејствување на Унијата.

Неформалните заседанија на Советите на ЕУ се средби на ресорните министри на кои не се носат никакви одлуки, туку само се дебатира и се разменуваат мислења за различни теми и прашања по кои треба да се решава на формалните средби или на состаноци на други тела на Унијата. /МИА

притисни ентер