Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството
1Муцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општеството
Шоу бизАријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“Нејзината тежина веќе подолго време ја загрижува јавноста, но сега ситуацијата кулминираше.Аријана Гранде се откажа од планираното деби на Вест Енд и одлучи да се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата. Одлуката ја донела поради сè поголемите контроверзии околу нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, објави Page Six. „Аријана ќе се повлече од јавниот живот по завршувањето на турнејата Eternal Sunshine. Таа со нетрпение очекува турнејата да ја заврши здрава, среќна и во голем стил, а потоа да си земе заслужена пауза од постојаните критики и преиспитувања“, изјавил нејзиниот претставник. Можеби ќе ве интересира: Што се случува со Аријана Гранде? Тој додал дека турнејата била прекрасно искуство за неа и дека неизмерно уживала во секој настап и во средбите со своите обожаватели. Во меѓувреме, потврдено е дека Аријана се повлекува и од новата театарска продукција на мјузиклот „Sunday in the Park with George“, во кој следното лето требаше да настапи во лондонскиот Барбикан центар, заедно со актерот Џонатан Бејли. Најголемата полемика околу нејзиниот изглед започна откако минатиот петок беше објавен видеоспотот за песната „Petal“. Во него Аријана се појавува во облека инспирирана од филмот „Brilliant“, по што социјалните мрежи се преплавија со коментари. „Премногу е слаба и тоа е загрижувачко“, „Луѓето имаат право да бидат загрижени за нејзиното здравје“, „Буквално ѝ се гледаат коските“, беа само дел од реакциите. Извор близок до пејачката ги отфрли шпекулациите и истакна дека Аријана е здрава. „Настапите се физички исклучително напорни и бараат врвна кондиција. Таа секоја вечер настапува на највисоко ниво, здрава е и успешна“, изјавил изворот. Според достапните информации, 33-годишната Аријана Гранде, висока околу 155 сантиметри, тежи приближно 48 килограми. Извор: PageSix Тагови: Аријана Гранде Холивуд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМуцунски: Секој кој учествува во структурите на ВМРО-ДПМНЕ, може да биде активен чинител на промените во општествотоВечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“.Вечерва по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се одржа политичката платформа насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“, во чиишто рамки се одржаа и две последователни панел дискусии. Во рамките на првиот панел насловен „Учеството како двигател на демократијата“, се обрати и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, кој рече: „ВМРО ДПМНЕ е семејство, збир на луѓе коишто споделуваат многу повеќе од само политички вредности, луѓе коишто споделуваат визија за иднината на државата, субјект во којшто имаме секогаш време и простор да дискутираме за многу повеќе од секојдневните политики, туку како ја гледаме во државата во еден подолгорочен период“. Муцунски укажа дека времето во коешто живееме денес е комплексно од повеќе аспекти и дека единственото нешто коешто го немаме, како што вели тој, е луксузот да бидеме рамнодушни, притоа истакнувајќи дека секој оној кој учествува во која било од структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, давајќи го својот инпут може да биде активен чинител во општествените промени. „Во ова време во коешто живееме, коешто е комплексно од многу повеќе прашања, и внатрешно и надворешно политички прашања, единствено нешто на коешто го немаме луксузот-е луксузот да бидеме рамнодушни, да кажеме ништо не зависи од нас, ништо не можеме да промениме. Напротив, тој што учествува во ВМРО-ДПМНЕ, во структурите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, знае дека независно дали е тој или таа активен во месен комитет, во општински комитет, во централна комисија, во една од раководните структури на партијата, можете да бидете активен чинител во промени онаму каде што можете да дадете свој инпут“, истакна Муцунски и додаде: „Во ова време во коешто живееме, е наша обврска, бидејќи работите навистина толку брзо се менуваат, имаме множност секој, зависно од тоа што најдобро го знаеме и најдобро го умееме, преку политички субјект да дадеме свој придонес“. Муцунски напомена дека ВМРО-ДПМНЕ е политичкиот субјект кој има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата и како треба да се гради Македонија во наредните години. „ВМРО-ДПМНЕ е тој политички субјект којшто има јасна слика за тоа каде треба да се движи државата, независно дали е тоа економска, финансиска политика, независно дали е тоа политика насочена кон развојот на индустријата, на инфраструктурата, на надворешната политика, ние сме онаа структура којашто знае како треба Македонија да се гради за следните 10, 15 и 20 години“, посочи Муцунски. На крај, Муцунски упати повик до сите амбициозни луѓе во државата, велејќи: „сите коишто сакаат заеднички да ја претвориме Македонија во подобро место за живеење да се приклучат, да станат дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и да помогнат да изградиме држава каква што заслужуваме“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00
МакедонијаМитева со Декларација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ: „За една повеќе“ е наша определба за повеќе учествоДенес сите ние можеме да зборуваме за политика, затоа што генерации пред нас се бореле за правото на политички став.Денес можеме слободно да се натпреваруваме со идеи, затоа што генерации пред нас овозможиле да имаме независна Македонија и независни институции и во таа историја, нашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ има клучна улога. Како политичка организација своето постоење го врзува со идејата за слободна, за независна, за демократска Македонија, рече Марија Митева претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата на вечерашната прва политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата, насловена „Повеќе учество, повеќе демократија“. И, кога денес зборуваме за демократија, додаде Митева, ние практично, зборуваме за нашето сопствено политичко искуство, посочувајќи дека во таа историја ја има и приказната за жените во политиката. „Жените во политиката не се вклучиле од вчера. Напротив, низ историјата биле дел од сите општествени процеси. Некогаш биле во првите редови, многу често биле под сенка, многу често не им било признаено, но секогаш со работа, со труд, со истрајност се грижеле и за семејството, и за заедницата, но и за Македонија“. Митева додаде дека Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, исто така, има клучна улога во сите овие процеси. „Многу често, Унијата на жени градела и успеала да изгради сериозно, високо профилирани жени политичарки во Македонија. УЖ е организација каде што жените се организираат политички, дебатираат, разменуваат ставови, мислења и преземаат одговорност“, истакна Митева заблагодарувајќи му се на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ што веќе десет години дава безрезервна поддршка на Унијата на жени. Посочи дека токму затоа денеска, преку дијалог со претседателот Мицкоски ќе успееме да ја направиме разликата за тоа што значи присуство и што значи учество. „Можеби е лесно да се заклучи дека демократијата не е нешто коешто се освоило и се придобило и тука завршува. Туку напротив, преку политички дијалог и политичка култура треба континуирано да ја наградуваме и тука, мислам дека, УЖ ја има клучната улога. Не сме само организациска структура, затоа што тука има огромен политички потенцијал и жените кои се присутни вечерва, кои се постојано на терен, жените коишто работат во своите општини, во своите институции, коишто работат и се грижат за своите семејства носат едно огромно знаење и искуство, а наша работа е дали оваа енергија ќе остане само енергија или ќе ја преточиме во една политичка сила“, рече Митева. Понатаму, Митева потенцираше дека целта на демократијата не е само да зборуваме, туку и да работиме преку дела, токму затоа во соработка со членките на ИК на Унијата на жени и во комуникација со членките на партија се изработи Декларација „За една повеќе“ која е определба за повеќе учество. „Кога го разработувавме концептот заедно со членките на ИК на Унијата на жени, па и во комуникација со нашите членки од партијата заклучивме мора да произлезе некаков резултат од она што денес го говориме. И затоа, сакам пред Вас, но и пред сите присутни вечерва да ја презентираме Декларацијата за повеќе учество, повеќе демократија којашто се заснова на десет политички заложби на Унијата на жени. Повеќе учество, повеќе одговорност, за една повеќе. Сакам заедно сите да ја усвоиме вечерва, не затоа што ќе остане некој документ во архивите на партијата, туку затоа што ќе не потсетува дека секоја година треба да видиме што сме направиле и како да ја надградиме“, потенцираше Митева, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураОткриена е тајната на гробот на Исус, стара 1.700 години, археолозите воодушевени (ФОТО)Новите археолошки истражувања спроведени под Храмот на Воскресението во Ерусалим донесоа значајни откритија .Новите археолошки истражувања спроведени под Храмот на Воскресението во Ерусалим донесоа значајни откритија кои даваат нови податоци за тоа како изгледала областа каде што, според христијанската традиција, се наоѓале Голгота и гробницата на Исус Христос. Ископувањата се спроведуваат веќе неколку години како дел од работата за реставрација на подот на храмот. Истражувањето го водат археолози од италијанскиот универзитет Сапиенца во Рим, а нивните резултати се особено интересни поради совпаѓањето помеѓу пронајдениот антички пејзаж и описот од Евангелието, пишува порталот Protothema.gr. Антички каменолом Едно од најважните откритија е голем антички каменолом кој се наоѓал на местото на денешниот Храм на Воскресението. Некои од неговите делови достигнуваат длабочина од околу шест метри. Според археолозите, каменолом бил активен во време кога Ерусалим брзо се развивал. Кога престанало вадењето камен, областа постепено била напуштена, а вдлабнатините биле исполнети со земја. На овој начин, поранешниот каменолом делумно бил претворен во обработливо земјиште. Ова е особено значајно бидејќи во евангелската традиција, местото на распнувањето на Христос е опишано како простор надвор од градските ѕидини, додека градина и гробница врежани во карпа се споменуваат во непосредна близина. The Church of the Holy Sepulchre in Jerusalem encloses the traditional sites of Calvary, where Christ was crucified, and the nearby tomb where He was buried and rose again. This is no medieval invention. A church was built over the site under Emperor Constantine in the fourth century, and archaeology confirms that the area was a disused quarry outside the walls of first-century Jerusalem containing ancient Jewish rock-cut tombs, consistent with the New Testament accounts. During restoration in 2016, the surviving limestone burial surface was exposed beneath its later marble covering. “He is not here; he has risen!” - Luke 24:6 — The English Remnant (@Englishremnant) August 13, 2026 Траги од градина, маслинови дрвја и лози Археолозите пронајдоа и траги од земјоделска употреба на областа. Меѓу најинтересните наоди се остатоците од маслинови дрвја и лози, што укажува дека поранешниот каменолом подоцна добил поинаква намена. Ова дава многу интересна слика за древниот Ерусалим: областа што првично се користела за вадење камен подоцна можела да се претвори во градина или земјоделско земјиште, додека гробниците се наоѓале во близина. You’re looking at stones from the Jerusalem of Jesus - the same approach walked by countless pilgrims nearly 2,000 years ago. 📍 Southern Steps, Jerusalem https://t.co/SRrlalcv5R — WORLDWIDE VIEW (@worldwideView00) September 7, 2026 Токму оваа комбинација - каменолом, градина и гробници - го привлече посебното внимание на истражувачите поради нејзината сличност со описот во Евангелието според Јован, во кое се наведува дека на местото на распнувањето имало градина, а во неа и нова гробница во која претходно никој не бил положен. Гробници врежани во карпа Истражувањата открија и гробници врежани директно во карпата. Овој тип на гробница бил карактеристичен за Ерусалим за време на периодот на Вториот храм и одговара на начинот на кој Евангелијата го опишуваат гробницата на Исус Христос. Самото ова не докажува дека една од овие гробници била на Исус. Сепак, покажува дека областа околу денешниот Храм на Воскресението навистина имала карактеристики што одговараат на историскиот и географскиот контекст на распнувањето и погребувањето во 1 век. Од особена важност е што областа во тоа време била надвор од ѕидините на Ерусалим, што се совпаѓа и со текстот на Посланието до Евреите, според кое Христос страдал „надвор од портата“. Траги од историјата по Христос Археолозите пронашле и други предмети што помагаат во реконструкцијата на историјата на ова место, вклучувајќи монети од 4 век. Ваквите наоди се важни затоа што токму во 4 век, за време на владеењето на царот Константин Велики, биле изградени монументални христијански градби на ова подрачје. По усвојувањето на христијанството, Константин наредил изградба на голема базилика на местото што христијаните го поврзувале со Голгота и гробницата на Христос. Ова му даде монументална форма на просторот што со векови беше поврзан со сеќавањето на страдањето на Исус.Тагови: археолози Исус Христос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook