Што се случува со Аријана Гранде? - Канал 5

Што се случува со Аријана Гранде?

Нејзиното видно слабо тело поттикна дискусија на социјалните мрежи, сите се загрижени 

Што се случува со Аријана Гранде?

Младата музичка ѕвезда Аријана Гранде предизвика бројни реакции на социјалните мрежи откако го објави спотот за песната „Petal“. Таа го привлече вниманието на јавноста со својот изглед.

Аријана Гранде неодамна објави спот за песната „Petal“, а бројни реакции во јавноста предизвика не со својот уметнички израз во самата песна, туку со својот физички изглед.

За снимањето на спотот, Аријана носеше црни хеланки, црна блуза што ги открива рамената и марама околу вратот.

Сепак, повеќето корисници на интернет останаа вџашени кога ја видоа нејзината видно слаба фигура.

YouTube video

„Таа е многу слаба и тоа е загрижувачки“, напиша еден, додека друг додаде: „Мислам дека луѓето имаат право да се грижат за нејзиното здравје“.

По лошите коментари во јавноста, Аријана Гранде донела одлука да се откажа од планираното деби на Вест Енд и ќе се повлече од јавноста по завршувањето на турнејата.

Одлуката уследи по сè почестите дискусии за нејзината тежина и изглед. Нејзиниот портпарол во неделата потврди дека пејачката планира да направи пауза поради „постојаниот притисок од јавноста“, пренесува „Page Six“.

Одлуката за повлекување по турнејата „Аријана ќе се повлече од јавниот живот откако ќе ја заврши својата турнеја 'Eternal Sunshine'“, изјави нејзиниот претставник за списанието „People“.

Тој додаде дека таа со нетрпение очекува да ја заврши турнејата „со стил, здрава и среќна“, по што планира да земе „заслужен одмор од работата што ја изложи на постојани критики и внимание од јавноста“.

„Оваа турнеја беше прекрасно искуство за неа. Таа ги сака своите обожаватели и уживаше во секоја минута од настапите“, додаде претставникот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска

Десет пожари се’ уште се активни на територијата на Македонија. Критично е во мариовско Бонче каде на пладне еден крак повторно се разгоре откако синоќа пожарот ставен под контрола. 

10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска

Попладнево поради силен ветер пламните јазици повторно се разгореа, се активираше огнена точка и огнот се прошири на уште еден крак. Екипи на ЦУК заедно со битолските доброволци пожарникри и локани доброволци, се на терен и како што оценува Ангелов селото не е загрозено и очекуваат во текот на денот и овој пожар да биде ставен под контрола. Состојбата во село Палиград е стабилна, таму утринава интервенираат три „ертрактори“, бидејќи огнот се приближил на стотина метри од последните куќи во селото.

Меѓу време се разгоре пожар во селотот Бигла, каде неодговорно лице палело гуми во својот дом, и од невнимани огнот се проширил во блиската борова шума. Противпожрните единици од Дечлево се не терен, таму се упатени трите ер-трктори и еден политиски хелоктоптр.

Инаку доброволните пожарникари од Битола и Кочани сведочеа од терен за тешката битка со пламените јазици кај Бонче, а според сведоштвата од терен, нивната интервенција била пресудна селото да биде спасено од огнената стихија.

Во Бонче исто така екипи на итната помош интервенирале на терен, едно лице вдишало чад справувајќи се со огнената стихија..

Во моментот на територија на МАакедонија има 10 Активни пожари, два се ставени под контрола, 1 пожар е изгаснат. Покрај активниот пожар во Бонче, се уште гори кај Палиград и Цветово во општините Зелениково и Студеничани. Активни пожари има и во општините Делчево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Кичево и Желино. Пожарите во општините Маврово, Ростуше и Врапчиште, се ставени под контрола, Пожарот во општина Теарце е изгаснат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор Пчински

Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија.

Се избегнува „Табановце“, се повеќе се користи граничниоот премин Пелинце - Прохор Пчински

На видеата објавени на социјалните мрежи се гледаат колони возила на вториот граничен премин Пелинце – Прохор Пчински, кој има само една лента и е далеку од коридорот 10, во обид да ги избегнат гужвите на Табановце и евентуалните казни што ги чекаат.

Но, според информациите од МВР, наскоро на сите гранични премини ќе се издаваат платните налози. За 6 месеци од стартот на Сејф сити, пола од вкупно направените прекршоци, или околу 180.000 ги сториле странски возачи, а само на 19 и 20 август над 5.500, во најголем дел за пречекорување на дозволената брзина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“

Се пукало во Арачиново утринава, повредени се двајца во „Шкода“.

Утринава се пукало во Арачиново – ранети се двајца во „Шкода“

МВР соопшти дека во 5:45 минути во СВР Скопје било пријавено дека на ул„18“ во селото се слушале истрели од огнено оружје. Полициски службеници од полициското одделение Арачиново и единицата за интервентна полиција при СВР Скопје излегле на местото и констатирале дека од огнено оружје било пукано во патничко возило „Шкода“ со скопски регистарски ознаки во кое биле 34 годишниот И.И. и 42-годишниот Ш.И. Притоа, тие се здобиле со повреди и биле пренесени во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. се преземаат мерки за расчистување на настанот. – сооошти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер