ЖивотАрхимандрит Партениј: „Секое зло за добро" – во ова богодопуштено време да се пронајдеме себе во себесиПреку несреќите и искушенијата што ни се случуваат во животот духовно се зацврстуваме и се просветлува нашиот внатрешен вид. Преку молитва, покајание и смирение, и ова искушение може да се претвори во општо добро. Нашиот народ честопати повторува една преубава изрека: „Секое зло за добро". Ова не се само празни зборови за некому да му се даде некаква плитка утеха. Напротив, оваа фраза крие во себе длабока теологија. Сѐ станува според Божјо допуштение. Во секое искушение што нè снаоѓа, треба да ја пронаоѓаме Божјата семилостива промисла за нас и да го исползуваме тоа испитание за сечие добро. Ова го порачува архимандрит Партениј, игуман на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител" во интервју за „Битолски весник", осврнувајќи се на актуелната пандемија на Ковид-19 со која се соочува човештвото и влијанието врз духовниот живот на луѓето, особено во пресрет на големиот христијански празник Велигден. – Денес несомнено, човештвото ја покажува својата крајна немоќ; гордиот и супериорен 'над-човек', самозамислениот 'господар на светот', сега, во 21 век, во екот на најголемата технолошка експанзија, го гледаме стуткан од страв, испаничен и немоќен. Се плаши и се крие од еден непријател, толку „голем" што не е дури ни видлив за човечкото око. Гледате каква иронија?! И трагичното не е тоа што сега нè камшикува некоја казна Божја – не, туку нè камшикуваат плодовите на нашите сопствени дела. А зошто е тоа така? Затоа што мнозинството луѓе се оддалечија од својот Отец и Творец. И сега ги жнееме плодовите на тоа оддалечување. Се оддалечивме од Бога, а со тоа се оддалечивме и од самите себе и од нашите ближни. Станавме идоли самите на себе. Ја изгубивме страхопочитта кон Бога, а со тоа и почитта меѓу себе. Човештвото се беше впуштило во една безумна трка за материјални богатства, слава, моќ, суета..., вели отец Партениј. Потсетува на една негова проповед дека современата цивилизација во многу нешта наликува на ужасен ѕвер, кој немилосрдно трча да консумира сѐ што ќе види; доколку не успее да консумира баш сѐ, тогаш тој останатото го расфрла, уништува, гази под нозете. – Ја претвори планетата во масовна гробница на природата, но и на човечкиот дух. Желни за што поголема материјална заработка, работодавците безобѕирно ги принудуваат работниците да работат и во неделите, на празниците, не оставајќи им простор и време да отидат в црква да се помолат и да поминат малку повеќе време со семејството. Од друга страна, и многумина од работниците доброволно се согласуваат да работат на празници и прекувремено, за што поголема печалба, без да бидат свесни, и едните и другите, дека на тој начин прават дисхармонија во човечките души, во семејната клима, а со тоа и во целото општество. И ете, дојде време таквата неблагословена оптовареност да си го наплати данокот, укажува архимандрит Партениј. Затоа, вели, сега ни се наложи по неопходност да се прибереме, да се смириме, да бидеме мудри и да го исползуваме ова богодопуштено време, оваа своевидна општа епитимија, за да се пронајдеме себе во себеси, поврзаноста со нашите со-луѓе, доброволно да ги запазуваме начелата на верата, празниците, молитвата, постите, семејните вредности и меѓусебните односи на топлина и радост. За сегашната ситуација, вели отец Партениј, не би можеле да обвиниме никого, или поточно, сите ние сме винови, зашто сите ние „грешевме и беззаконувавме и ништо добро не направивме пред Бога, кој сега ни испраќа можност да ги увидиме милоста Божја и даровите што Он секојдневно ни ги испраќа, како и вредностите на животот што му даваат смисла на нашето постоење. Т.н. теории на заговор и апокалиптични заплашувањата дека се случува крајот на светот, според него, се панични изливи што сеат само страв, несигурност и поматеност во мислите и срцата на луѓето, немаат допирна точка со православното богословие, туку напротив, го одвраќаат човекот од правилната насока на покајание и богомислие. – Нашата православна теологија е теологија на Евангелието, на благата, радосна вест. Ние Го чекаме прекрасниот наш Христос, а не некој друг. Така што, сметам дека не е полезно да си го трошиме краткото време од нашиот живот на нешта што нема да ни донесат полза, туку на она според кое ќе бидеме препознаени од Господа, а тоа е – љубовта. Да внимаваме, да не случајно, окупирани во мислите и во срцето со антихристот, Го изгубиме Христа..., нагласува архимандрит Партениј. За животот во Бигорски во сегашните услови, вели дека манастирското секојдневие останува непроменето, богослужбениот живот се одвива непречено, со исклучок на тоа што периодов го нема вообичаениот интензитет на посетители. Со цел да им се овозможи на верните барем на некаков начин да се придружат во молитвите на монашкото братство, во изминатиов период се вршеа директни преноси на дел од богослужбите преку официјалните профили на манастирот на социјалните мрежи. Велигденските празници во четирите манастири со кои раководи, ќе бидат одбележани според одлуките на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, по угледот на останатите помесни православни цркви, како и мерките на државните и здравствените власти што ќе важат во празничниот период. Во манастирите ќе се извршуваат сите богослуженија, но практично нема да бидат во можност да примаат верници. – Оваа година, Бог допушти никаде во светот да не може да има масовна прослава на Неговото Воскресение. Причините за тоа веќе ги изложивме – Он нè повикува на поголемо покајание и себеиспитување, на враќање на човекот кон човечноста, на поголема почит кон Творецот и кон севкупното Негово создание. Иако за Велигден храмовите насекаде беа, можеби, полни, прашање е колку искрено Го баравме и Го почитувавме Бога и дали правилно ги славевме Неговите празници. Затоа, овој Велигден да дозволиме зраците од Воскресението да продрат во нашите срца, очистени преку подвигот на покајание, молитва и добри дела кон ближните, та исполнувајќи се со неговата обновувавчка сила, да извојуваме победа не само против искушението со вирусот, туку и против многу пострашниот непријател – човечката крајна неосетливост, себичност и самодеструктивност, кои доведоа до ваков развој на настаните. Повеќето верници оваа година нема да имаат можност да појдат во храмовите и да се причестат на самиот ден Велигден, но преку молитвата и благодарноста, Божјата благодат ќе ги посети и озари нивните души, порачува архимандрит Партениј. Потсетува дека во литургиска смисла празникот на Воскресението Христово трае во продолжение од 40 дена, т.е. до празникот Вознесение, па затоа древна пракса е Христијаните дотогаш да се поздравуваат со поздравот: „Христос воскресе". Да се молиме и да се надеваме дека до Вознесението Господово оваа кризна состојба ќе биде надмината, така што да можеме да се собереме во нашите храмови и соборно да се израдуваме на Христовото Воскресение, вели отец Партениј . Тој се надева и дека со Божја помош ова глобално искушение ќе биде надминато, и ќе може непречено да биде прославен големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Светата Бигорска Обител и 25 годишнината од возобновувањето на монаштвото во Бигорскиот манастир, што со благослов митрополитот Дебарско-кичевски, г.Тимотеј и целиот Синод на МПЦ-ОА, е предвидено да се случи на 18 октомври годинава. Во меѓувреме продолжуваат подготовките – се подготвува документарен филм, песна со видеоспот, неколку книжевни изданија, изложба на икони и предмети со духовна и културна вредност од Бигорски во соработка со МАНУ. Се планира, исто така, и медиумска кампања за подигнување на јавната свест за значењето на јубилејот. Но, сето ова, вели архимандрит Партениј, зависи од тоа колку долго ќе трае оваа криза, како и од финансиската помош што ја очекуваат од државата, од фирми и поединци што имаат разбирање и добра волја да помогнат, но и свест за огромното историско значење на Бигорскиот манастир, кој не е само едно локално светилиште, туку духовен центар со суштествена важност за целиот наш народ./МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран мобилизира жени во војска- учат да користат калашников, РПГ и снајпер (ВИДЕО)Иран обучува жени за оружје и борба за да се подготват за евентуална офанзива на САД.Снимките и фотографиите објавени од иранските медиуми покажуваат жени, некои во униформа, како учат да ракуваат со автоматски пушки во центри за обука на отворено во Техеран, објавува британски „Телеграф“. Организаторите велат дека курсевите опфаќаат урбана одбрана, запознавање со различни оружја, од „Калашникови“ до „Драгунов“ снајперски пушки, како и лансери RPG и преносни системи за воздушна одбрана. Програмата вклучува и обука за спасување, гаснење пожар и ориентација, специјално прилагодена за жени. Акцијата е дел од движењето „Џан-фада“, што на персиски значи „оние кои ги жртвуваат своите животи“, масовна мобилизација започната оваа година откако САД и Израел почнаа да го бомбардираат Иран. Портпаролот на кампањата, Сасан Зарех, рече дека воената обука започнала под покровителство на милицијата Басиџ, а повеќе од 500.000 луѓе се пријавиле за само 100 минути по отворањето на регистрацијата за батаљоните „национален отпор“. Со ова, рече тој, се пополниле првите 1.000 единици. Властите потоа одобрија формирање на уште 1.000 единици. Зарех додаде дека се планирани и 10.000 единици за помош и спасување во соседството, во координација со Црвената полумесечина. Жените, рече тој, се меѓу најголемиот број волонтери. Првиот центар за обука е отворен на плоштадот Имам Хосеин во Техеран, а најмалку 14 локации се планирани во главниот град, со дополнителни центри во покраинските градови. Обуката ја спроведуваат Басиџ, Иранската револуционерна гарда и редовната војска. Here is Iranian women receiving basic military training This is a volunteer-based program by a supposedly anti-woman government https://t.co/j2Hg6VAgmH — The Gulag (@WelcomeTheGulag) September 29, 2026 🇮🇷 Iran is now teaching women in Tehran how to handle a rifle, just in case the next round with the U.S. and Israel lands on their doorstep. The civilian program opened at 3 centers in the capital, giving volunteers basic military training so they can defend their families and neighborhoods if the bombs come back. Peace talks probably aren't going as well as advertised. Writer: Julie https://t.co/DTlPPhu2tL — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 5, 2026 Зарех, исто така, тврдеше дека странци, вклучително и некои американски граѓани, понудиле да се борат заедно со Иранците. Во еден случај, рече тој, дури и 80-годишна жена се пријавила во центар во Техеран. Иранските власти ја претставуваат кампањата како оживување на идејата за „армија од 20 милиони“, за која ајатолахот Рухолах Хомеини повика по ирачката инвазија на Иран во 1980 година. Жените одиграа значајна улога во обезбедувањето поддршка за време на осумгодишната војна. Мобилизацијата доаѓа во време на нови предупредувања од иранските воени претставници. Генералот Али Абдолахи, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили, изјави дека доколку избувне нова војна против Иран, „неговиот оган ќе покрие сè и американските позиции ќе бидат цел без ограничување“, како што рече тој, беше случај за време на неодамнешните конфликти. Генерал-мајор Амир Хатами, командант на иранската армија, изјави дека војната „не е завршена“ и дека Иран ќе одговори на секој нов напад со „разорен“ одговор. Тој инсистираше дека Иран излегол како победник од неодамнешниот конфликт. Сепак, додека Техеран се подготвува за можен нов конфликт, иранската дипломатија се обидува да ги продолжи преговорите. Министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, им рече на странските дипломати во Техеран во неделата дека „нема воено решение за овој конфликт“. Тој предупреди дека нов напад би предизвикал одговор „посилен од претходно“, но додаде дека само преговори „засновани на правда и фер игра“ би можеле да го завршат конфликтот. Тој повтори дека Иран може целосно да го отвори Ормутскиот теснец во рок од седум дена ако бидат исполнети неговите услови и бидат укинати „непријателските мерки“. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека Вашингтон неодамна испратил предлози преку посредници, но дека Иран нема да прифати еднострани барања. Ормутскиот теснец, рече тој, ќе остане затворен додека не се исполнат седум ирански услови поврзани со договорот од Исламабад. Во меѓувреме, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџд поднесе оставка во понеделник, без непосредно објаснување. Оставката доаѓа во време на зголемен економски притисок врз Техеран, бидејќи Вашингтон ги заострува санкциите и го ограничува извозот на иранска нафта.Тагови: војска Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПатнички авион при полетувањето удри во зебра, при итното слетување се лизга по пистата (ВИДЕО)Летот за сафари над Танзанија доби неочекуван и драматичен пресврт во неделата кога авион со 30 патници и членови на екипажот, удрил во зебра за време на полетувањето од Серенгети.Летот за сафари над Танзанија доби неочекуван и драматичен пресврт во неделата кога авион со 30 патници и членови на екипажот, удрил во зебра за време на полетувањето од Серенгети, а подоцна извршил итно слетување на труп во близина на планината Килиманџаро. Сите 26 патници и четворица членови на екипажот на авионот „Embraer EMB-120 Brasilia“ безбедно излегле од леталото откако тој слетал на меѓународниот аеродром во Килиманџаро на 4 октомври без отворена опрема за слетување, пишува локалниот весник Танзанија Тајмс. Тоа е исто така добра вест, бидејќи се чини дека комбинацијата од „Серенгети - судир со зебра - слетување во Килиманџаро“ претставува поголема сафари авантура отколку што очекуваат многу туристи пред да стигнат до хотелот. Авионот полетал од аеродромот Серонера во националниот парк Серенгети и се движел кон Занзибар кога настанале проблеми со опремата за слетување. Авионот потоа бил пренасочен кон аеродромот во Килиманџаро, каде што, според извештаите, е снимен како се лизга по пистата, потпирајќи се на трупот. 🇹🇿 A tourist plane RAN OVER A ZEBRA and had to make an EMERGENCY LANDING in TANZANIA. The crew discovered mid-air that the safari aircraft had damaged gears from hitting the animal during takeoff from Serengeti National Park. The flight had been headed to Zanzibar but was diverted to Kilimanjaro International Airport. The final descent DEFINITELY didn’t go smoothly, as the plane made a TERRIFYING landing on its belly while skidding across the runway. So...a zebra's camouflage really DOES blend into the surroundings! Source: Daily Mail, The Sun / Writer: Mari — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 7, 2026 Извештаите наведуваат дека авионот удрил во зебра за време на полетувањето од Серонера и сугерираат дека судирот со животното можеби придонел за последователно откажување на опремата за слетување. Воздухопловните власти на Танзанија сè уште јавно не го потврдија тој редослед на настани. Според локалните извештаи, по привремениот прекин на работата, меѓународниот аеродром Килиманџаро продолжи со редовната работа околу 16:30 часот. ЕДТ и танзаниските иследници на воздушни несреќи започнаа истрага. Поради локацијата на Серонера, целата ситуација изгледа малку необична, иако можеби не сосема незамислива. Авионската писта се наоѓа во рамките на Националниот парк Серенгети, каде воздушниот сообраќај се одвива во средината на едно од најпознатите живеалишта на дивиот свет во светот. Повеќето аеродроми прават огромни напори за да ги задржат животните надвор од пистите. Серонера, сепак, има нешто покомплексна задача - управување со аеродромот во областа каде што всушност живеат овие животни. Инспекторите на крајот ќе треба да утврдат што го предизвикало проблемот со опремата за слетување и дали е одговорен пријавениот судир со зебрата. Сепак, за триесетте патници на летот во недела, тоа беше необичен крај на денот кој започна со сафари авантура и заврши со лизгање на авионот по пистата без спуштена опрема за слетување.Тагови: авион зебра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноНаместо прослава на осумдесеттиот роденден, бабичка си направила погреб: Не сакам ништо да пропуштам (ВИДЕО)Шелби Нил од Џорџија наполни 80 години и реши да го прослави својот голем ден - со свој погреб. Идејата се појавила по смртта на нејзиниот сопруг претходно оваа година, кога Шелби почна да размислува за тоа како ќе биде нејзиното последно збогување, објави Пипл. Едно нешто особено ја мачеше. - Таа рече: „Па, многу ми е жал што нема да бидам таму“, - изјави нејзината ќерка Тами Крачфилд за WMAZ-TV. - А јас реков: „Па, ајде тогаш да го направиме тоа“. Така, семејното собирање за 80-тиот роденден на Шелби доби прилично необичен додаток - таканаречен FOMO погреб, или погреб организиран од славеникот за да не го пропушти сопствениот погреб. Фотографиите од прославата ја покажуваат Шелби како се смее пред ковчегот. Во него се наоѓа картонски исечок од славеничката, додека таа носеше црна лента на која пишуваше: „Еве повторно по барање на народот“. Шелби однапред им ги објасни правилата на гостите. Сите беа поканети да кажат неколку зборови за неа, иако славеничката имаше подготвен одговор за оние кои би претерале. - Ако некој каже нешто лошо, можеби само ќе му го исклучам микрофонот - се пошегува таа. Тортата не можеше да биде без соодветна сценографија. На неа беа насликани „рајските порти“, заедно со честитка за 80-тиот роденден на Шелби. Тортата имаше и порака: „Таа одбива да пропушти нешто. Особено сопствениот погреб!“ Идејата, колку и да звучи необично, всушност беше следнава: Шелби сакаше да чуе што нејзините најблиски имаат да кажат за неа додека е сè уште тука - и да биде дел од целата забава. Нејзината ќерка Тами го сумираше ставот на семејството кон овој необичен настан во следната реченица. „Ова е еден погреб на кој навистина се радуваме.“ За Шелби, нејзиниот 80-ти роденден не беше само уште една средба со тортата. Тоа беше шанса самата да биде сведок на настан што вообичаено не би го видела. Наместо формална церемонија, таа доби семејно собирање, торта, говори, картонски исечок од себе во ковчегот и доволно материјал за уште една добра семејна приказна.Тагови: погреб роденден Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook