Архимандрит Григориј ќе биде хиротонисан за епископ сарандопорски - Канал 5

Архимандрит Григориј ќе биде хиротонисан за епископ сарандопорски

Во Соборниот храм „Св. Николај Чудотворец" во Куманово денеска, на празникот посветен на архангел Гаврил, ќе биде хиротонисан новиот епископ на МПЦ-ОА, архимандрит Григориј, игуменот на манастирот „Св. Јоаким Осоговски".

Архимандрит Григориј ќе биде хиротонисан за епископ сарандопорски

Од 8:30 часот ќе биде отслужена празнична Божествена литургија, на која Григориј ќе биде хиротонисан и устоличен за епископ антаниски сарандопорски. Ќе присуствуваат архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и архијереите на МПЦ-ОА. Се очекуваат и бројни верници поради што од црквата апелираат на совесно придржување до сите пропишани мерки за здравствена заштита.

Во Осоговскиот манастир вчера беше извршено наречението за епископ на архимандрит Григориј.

Синодот на МПЦ-ОА на 21 мај годинава го избра отец Григориј, игуменот на „Свети Јоаким Осоговски", за епископ сарандополски. Тој ќе го наследи митрополитот кумановско-осоговски г. Јосиф, кој беше ослободен од митрополиската должност од здравствени причини.

Светиот архијерејски синод на истата седница го избра и игуменот на Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител" архимандрит Партениј за викарен епископ на Дебарско-кичевската епархија со титула антаниски. Наречението за новиот епископ Партениј беше одржано на 11 јули во Бигорскиот манастир, а хиротонијата ден подоцна на празникот на светите апостоли Петар и Павле во храмот „Света Софија" во Охрид.

Архимандрит д-р Григориј (Настески) е роден на 16 јануари 1978 година во Прилеп. Основното и средното образование го завршил во родниот град. Дипломирал на Универзитетот „Св. Климент Охридски" во Битола на Факултетот за индустриски менаџмент во 2001 година и истата година се запишал на постдипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" на Институтот за политичко–правни истражувања во Скопје, каде што и магистрирал во 2003 година. Истата 2003 година пријавил докторат, каде што и докторирал на менаџмент во 2006 година.

Богословското образование го започнал на Богословскиот факултет, на Универзитетот „Св. Климент Охридски" ‒ во Софија, Р. Бугарија, во 2004 година, на Катедрата за систематско богословие. По завршувањето на постдипломските студии, пријавил втор докторат во 2008 година, а докторирал во 2012 година со одбраната на темата: „Христолошки и сотириолошки аспекти во евхаристиската реинтеграција на личноста".

Монашкиот подвиг го започнал во Струмичката епархија на Македонската православна црква во 2003 година, кога ставил метанија за искушеник во манастирот на свети Леонтиј во Водоча. Во истиот манастир произведен е за ипоѓакон во 2004 година, каде што е и замонашен на 27 ноември 2005 година. Во јероѓаконски чин е ракоположен на 14 јануари 2006 година. На 10 февруари 2006 година, ракоположен е за јеромонах. На 7 август 2015 година е произведен за игумен на манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. Во 2016 година САС на МПЦ го избира за архимандрит.

Автор е на делото „Автокефалноста на Македонската православна црква” и на книгата „Благобитие – Христолошко устројство на човечката личност", која всушност е и неговиот втор докторат од областа на теологијата. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓаните

Во изминатиот период во Карпош фокусот е на она што им е најважно на граѓаните на чистотата, инфраструктурата и подобри услови за живот.

ВМРО-ДПМНЕ: Нови градинки, спортски сали и мега-парк во Карпош за поквалитетен живот на граѓаните

Општина Карпош продолжува со реализација на конкретни проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните.

Во изминатиот период беа преземени низа активности за уредување на општината. На критични локации беа расчистени над 3.500 кубни метри наталожен материјал, а со отстранување на хаварисани возила беа ослободени повеќе од 150 паркинг места.

Во делот на инфраструктурата, завршена е реконструкцијата на улиците „Џумајска“ и „Трифун Бузев“, реконструиран е дел од „Бранислав Нушиќ“, а започна и реконструкцијата на „Јуриј Гагарин“ во Козле.

Во периодот што следува, Општина Карпош го продолжува инвестицискиот циклус со изградба на детската градинка „Пролет 2“, нови и унапредени спортски сали, како и реализација на мега-парк и нови зелени површини.

Целосно беа обновени игралишта на повеќе локации кај фонтаната во Карпош 3,плоштад ПБК – спроти студентски дом „Гоце Делчев“, ул. Никола Парапунов спроти „Специјал" Карпош 4, во дворот на ООУ „Ј. А. Коменски„, ул. Љубљанска до Адреналинскиот парк, ул. Јуриј Гагарин 23, ул. Јуриј Гагарин (помеѓу 25 и 35), плоштад Млечен, во населба Жданец (кај спортските терени), ул. Козле 8, Нерези.

Фокусот останува на повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, повеќе зеленило и поквалитетни услови за живот.

Карпош продолжува да се развива со конкретни проекти и видливи резултати.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Гета. Нула денари чини, рече арамијата Мицкоски. За 24 часа вистината излезе на виделина: 5,53 милиони евра од Лотарија. Дивиденда што требаше да оди во буџет. Пари на граѓаните, фрлени на бина.

СДСМ: Две и пол години ВМРО-ОКГ и Мицкоски, што доби Македонија? Сиромаштија, изолација и празен фрижидер!

Пет нови рудници во просторниот план до 2040 година. Антимон кај Крива Паланка- пет милиони долари грант, помалку од концерт на ди-џеј.

Јаловина во почва и вода. Дата-центри за туѓа дигитализација: струја на грб на граѓанинот, вода на земјоделецот.

Гостивар - дванаесет недели без извештај дека водата е чиста. Над педесет места без информации. Лепенец и Вардар затруени, без име, без да се знае кој, без одговорност. Ѓубре во Скопје на секој чекор. Проверка од дрон. А одговорни нема.

Броила: Адамовиќ–Мицкоски, извршители Божиновска–Лазаревиќ, Руднап. Орбанови автобуси во круг. Криминални тендери од стотици милиони евра. Тендер за татко, па таткото не е татко.

Обвинителство на повик. За вода нема одговорен. За тендери нема одговорни.

Циркус-дипломатија. Две недели екскурзија, педесет луѓе, стрини и тетки, на народен грб. Лобирање од 1,56 милиони долари, платено од трговец со оружје. Резултат: ходник со Рубио, пет милиони за антимон. Концертот поскап од „стратешката инвестиција“.

Потрошувачка кошница со изнајмен стан - 95.000 денари. Гориво преку 100 денари.

Земјоделците се на раб на егзистенција, работат без пари, нема откуп, нема субвенции, ИПАРД загорзен затоа што директорот е уапсен за корупција.

Нема реформи. Има руска агенда и агенда на Вучиќ.

Министри од кругот на БИА го слават осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

Економски колапс. Работниците се понижени, нема пари за поголеми плати, нема пари за минимална плата од 600 евра.

Пензионерите се украдени. Нема пари за пензии. Дупката во ПИОМ зголемена на 1 милијарда евра.

Вториот столб сакаат да го национализираат. Сега нов предлог - да им се земат парите на луѓето за да се инвестира. Од каде, кога нема пари? Значи ново задолжување.

Секоја недела државата зема 40, 50, 70, 100 милиони евра. За две години - четири милијарди евра нов долг. Половина од долгот за 30 години независност. Сè е потрошено на криминални тендери.

Нема подобри услови за преговори со ЕУ. Фон дер Лајен го кажа во лице: идентитетот и јазикот се зачувани. Чекорот останува. Ковеши пред членство. Тој е незадоволен. Затоа што лагата му ја одзедоа.

Што донесоа две и пол години ВМРО и Мицкоски? Сиромаштија. Изолација. Уништено стопанство. Полош стандард. Уште поголемо иселување на младите. „Трета економија“ во Европа со празни празни паричници и празни фрижидери.

Што сега? Пролетни избори? Да избега од обврските кон ЕУ? Да му фрли ракавица некој Спутник? Да го предизвика големиот арамија? Да рече: народе, бирајте. Уште лаги. Уште анти-ЕУ пропаганда. Уште Латас и останатите.

СДСМ нема да биде алиби. Власта наскоро се враќа во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара пред независно судство и европско обвинителство.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

Кога една од најпознатите македонски драми ќе се сретне со фестивал кој со децении ја слави уметноста, сцената добива посебна енергија.

„Чорбаџи Теодос“ на НУ Народен театар Битола дел од годинешниот фестивал „Интерфест“

На јубилејното, 35. издание на Интерфест – Битола, Народниот театар Битола ја носи својата добро позната и сакана претстава „Чорбаџи Теодос“, по текст на Васил Иљоски, во режија на Дамјан Димовски.

Драматург на претставата е Билјана Крајчевска. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски.

Во претставата играат Живко Борисовски, Марија Стефановска, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Сандра Грибовска Илиевска, Елена Моше, Никола Пројчевски, Александар Копања, Петар Спировски, Марија Цветановска.

Премиерата на ,,Чорбаџи Теодос“ беше на 26.мај 2026.

Напишана во 1937 година, приказната за Теодос и светот во кој живее и денес звучи неверојатно блиску. Само околностите се промениле. Човечките слабости, борбата за моќ, интересот, гордоста и потребата да се биде над другиот – остануваат препознатливи. А токму во тоа е нејзината сила: да нè насмее, да нè препознае и можеби, малку да нè замисли.

Овојпат, „Чорбаџи Теодос“ доаѓа како дел од фестивалската програма на Интерфест – празник на уметноста кој повеќе од три децении ја збогатува културната сцена на Битола. Истата ќе се изведе на 6 октомври 2026, од 20:00 часот, во Големата сала на Народен театар Битола.

Влезници онлајн на следниот линк:

https://narodenteatarbitola.com/events/teodos-interfest/

Годинешното 35 то издание на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола беше отворено со балетската претстава „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, а во изведба на Македонската опера и балет на големата сцена на Центарот за култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер