Аргентинците бесни поради Јутјубер на теренот: Ова е циркус, непочитување на фудбалот (ВИДЕО)

Аргентинската јавност збесна, луѓето се во неверување и веруваат дека фудбалот се играл како најубавото нешто, а сето тоа поради тоа што се случи на натпреварот меѓу Велез Сарсфилд и Депортиво.

Да, тоа е натпревар од елитното натпреварување во Аргентина. Дуелот меѓу првопласираниот тим и Депортиво Риестре заврши со резултат 1:1, со тоа што гневот го предизвика одлуката на деветтопласираната екипа и домашната екипа да му дадат шанса на јутјубер на теренот. Оттука, не е чудно што локалните медиуми во своите наслови употребија зборови како „циркус“ и „непочитување кон фудбалот“.

Извесен Иван Бухајерук, кој го носи прекарот „Сприн“, е јутјубер кој на социјалните мрежи го следи повеќемилионска публика, а на овој натпревар одиграл една минута. Само што почна и веќе во 59. секунда беше заменет.

- Никогаш не сум видел нешто слично. За жал, тоа влијае на аргентинскиот фудбал. Срамота - рече во директниот пренос коментаторот на TYS Sports.

Од друга страна, шпанска „Марка“ го опишува она што се случи во Аргентина.

- Публиката беше во состојба меѓу смеа и неверување. Најбрзата промена во аргентинскиот фудбал ќе остане запаметена како маркетиншки потег.

Светскиот шампион во Формула 1 ќе има дете со 8 години постара девојка

Холанѓанецот Макс Верстапен (27), четирикратен светски шампион во Формула 1, на Инстаграм објави дека го чека своето прво дете со девојката Кели Пике (35).

"Малиот Верстапен-Пике е на пат. Не можевме да бидеме посреќни со нашето мало чудо", напиша тој покрај фотографијата на која го држи стомакот на својата девојка, по што веднаш следеа бројни честитки од пријателите и обожавателите.

Инаку, Кели Пике е ќерка на трикратниот шампион во Формула 1 Нелсон Пике, а веќе ја има 5-годишната ќерка Пенелопе со поранешниот партнер, исто така Формула 1 возач Даниил Квјат.

Извор: Индекс.хр

МНР: Да се одложат сите патувања кон Сирија

Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава,  да ја напуштат во прва можна прилика. 

Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава.

Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија.

Како и секогаш, министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected] ).

Министерство за надворешни работи и надворешна трговија

Папата Франциск со модринка на лицето на церемонијата за нови кардинали

Папата Франциск денеска ја предводеше свеченоста во базиликата Свети Петар за воведување 21 нов католички кардинал, на која се појави со голема модринка на брадата, за која Ватикан соопшти дека е последица на пад од претходното утро.

И покрај повредата, папата, кој овој месец полни 88 години, беше во добра форма на церемонијата.

На свеченоста беа именувани кардинали од 17 земји, меѓу кои Перу, Аргентина, Јапонија, Филипини, Алжир, Индија и Србија.

Прес-службата на Ватикан информираше дека папата удрил со брадата од ноќна масичка во вчера наутро.

Папата Франциск ја презеде должноста во 2013 година, а во последните години повремено има проблеми со здравјето, поради што користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот./MИА

притисни ентер