СветАрагчи: Техеран е подготвен за фер и непристрасни разговори со САДШефот на турската дипломатија Хакан Фидан денеска апелира до САД и Иран да се вратат на преговарачката маса за да ги решат спорните прашања.- Мирот и стабилноста на Иран се важни за нас - изјави Фидан на заедничката прес-конференција во Истанбул со иранскиот колега Абас Арагчи. Фидан потенцира дека Анкара е против странско мешање во внатрешните работи на Иран. - Се надеваме дека може да се изнајде решение, да се избегне конфликтот, но и изолација на Иран - наведе Фидан. Арагчи истакна дека Иран е подготвен да ги обнови разговорите со САД ако преговорите бидат фер и непристрасни и не ги вклучуваат одбранбените капацитети на Иран. Фидан и Арагчи се осврнаа и на ситуацијата во Сирија и примирјето помеѓу Дамаск и курдските сили. - Внимателно го проучуваме договорот за интеграција; вистинската интеграција е во интерес на Сирија и сите страни веќе се запознаени со условите на овој договор - посочи Фидан. Арагчи истакна дека „Техеран сака единство и мир во Сирија“. Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во денешниот телефонски разговор со иранскиот колега Масут Пезешкијан истакна дека Анкара е подготвена да посредува помеѓу Иран и САД. Тагови: Арагчи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаУапсени се 18 возачи за безобѕирно возење- деветмина возеле пијани, седуммина без возачка18 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување со возило“ – деветмина возеле под дејство на алкохол, седуммина без положен возачки испит, двајца со забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициски службеници лишија од слобода 18 возачи поради сторени прекршоци од областа на сообраќајот, односно за „безобѕирно управување со возило“. Од нив, девет возачи управувале возило под дејство на алкохол, и тоа од Штип, Прилеп, Демир Хисар, Битола, Куманово и Неготино. Кај возач од Куманово биле измерени 1,57 промили алкохол во крвта, при што тој агресивно се однесувал кон полициските службеници, додека возач од Демир Хисар, кај кого биле измерени 1,89 промили алкохол во крвта, предизвикал и сообраќајна незгода. Седум возачи управувале возило без положен возачки испит, од Куманово, Скопје, Битола, Гостивар и Општина Чашка. Меѓу нив се и двајца малолетници, од кои едниот управувал патничко возило, а другиот мотоцикл. Во истиот период, полициски службеници сопреле и двајца возачи, од Куманово и Скопје, кои управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило. По целосното документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли во сообраќајот, со цел санкционирање на несовесното и неодговорното однесување на учесниците во сообраќајот. Почитувањето на сообраќајните правила и прописи, одговорното однесување и целосното почитување на изречените мерки се од особено значење за спречување на сообраќајни незгоди и за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНапаѓачи на скутер пукале во наргиле- бар во Марсеј, изма мртви и повредени Едно лице е убиено, а четворица други се повредени, од кои едно потешко, во пукотница во бар за наргиле во Марсеј рано утрово, објавија денеска француските медиуми.Осумнаесетгодишен маж е убиен, четири лица на возраст меѓу 17 и 23 години се ранети, а едно е во критична состојба, објави „Паризиен“. Весникот наведува дека две лица пристигнале во барот со скутер, по што едно од нив отворило оган врз барот со автоматски пиштол. На местото на настанот се пронајдени осум чаури од 9 милиметри, додека скутерот на сторителите подоцна е пронајден, но целосно изгорен. „Покрената е истрага за убиство и обид за убиство извршено од организирана криминална организација, а случајот е доделен на Одделот за организиран и специјализиран криминал (DCOS)“, соопшти јавното обвинителство на Марсеј.Тагови: Марсеј скутер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаСпречен обид за илегално преминување на државната граница Денеска (30.08.2026) околу 00:40 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица спречиле обид за илегално преминување на државната граница.При преземање мерки и активности, од слобода е лишен М.А.(42) од Република Албанија, за кого постои сомнение дека бил водич на група од десет турски државјани, на возраст од 15 до 61 година, кои имале намера илегално да ја преминат државната граница. М.А. е задржан во Полициската станица од општа надлежност Гевгелија, додека турските државјани се задржани во Полициската станица за граничен надзор и гранична контрола Богородица и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40